Champions league final 2012, Баерн Минхен - Челзи, 19.05.2012, Arena Munchen

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување

Победник?

  • Баерн во регуларно време

    Гласови: 99 46,9%
  • Челзи во регуларно време

    Гласови: 65 30,8%
  • Баерн по продолженија

    Гласови: 12 5,7%
  • Челзи по продолженија

    Гласови: 10 4,7%
  • Баерн на пенали

    Гласови: 6 2,8%
  • Челзи на пенали

    Гласови: 19 9,0%

  • Вкупно гласачи
    211
  • Гласањето е завршено на .
Не е точно.
Минхен е домаќин кога Нотингем Форест станува шампион, за првпат.
Минхен е домаќин кога Марсеј станува шампион, за првпат.
Минхен е домаќин кога Борусија Дортмунд станува шампион, за првпат.
Годинава Минхен е по четврт пат домаќин на финале.

Шо е реално битно овде?

Ништо. Колку во муабет да се најдиме.
Историјата и традицијата се битен психолошки фактор, тоа се виде кога играа Реал-Баерн, иако Мурињо го негираше. А ова со финалево нема везе, а историјата помеѓу два тима влијае.
 
Историјата и традицијата се битен психолошки фактор, тоа се виде кога играа Реал-Баерн, иако Мурињо го негираше. А ова со финалево нема везе, а историјата помеѓу два тима влијае.
Можеби ако помеѓу двата клуба имало тешки и важни дуели во минатото. Не знам за Реал и Баерн конкретно, ама помеѓу Челзи и Баерн сигурно нема таква работа, впрочем историјата на Челзи е таква да единствено со Барселона развиени се донекаде такви чувства заради сплет на околности. Со акцент на зборот - донекаде.

Ова со финалево е алхемија. Исто ко то од претходно, „кој немал титула, нема ни да има“.
 
se gleda deka celzi se uste nema kvalitet za titulata vo LS
tipuvam za baern :)
 
Јас сум за Баерн да победи, веќе коа е во комбинација со Челси. Незнам што ќе се случи со Робен, но се клима работава. А и со замените, тие што ќе почнат да играат ќе треба до крај :S ... Штета Алаба шо нема да се покаже и така ова ќе му беше добра шанса да си пополни резимето. Ама па Челси го има Торес, хммм хахаха...
 
Типувам победа на Баерн, а искрено сакам Челзи да освои.
Тие пусти коефициенти влијаат врз моите желби:icon_lol:

Теренот како терен ќе биде доста голема предност за Баерн затоа што играат дома буквално. Дали ќе успеат да го искористат тоа, останува да видиме.

Челзи ќе игра без неколку клучни играчи поради картони што ќе им биде доста тешко, ама пак ниту Баерн нема да играат со фул состав поради истата причина.
 
Navivam za Chelsea normalno. Inache ke bide tezok mec. :свиркам:
 
„Принципот“ вели дека кога Минхен е домаќин на финале на Шампионскиот Куп, еден клуб за првпат во својата историја се закитува со титулата Европски Првак. Сега шо прајме?

Модерна, то прајме.
 
se gleda deka celzi se uste nema kvalitet za titulata vo LS
tipuvam za baern :)
Не, ФК Миравци имаат квалитет :tapp:. Секој тим што влегува во финале има квалитет за титула, без разлика дали си повреден од поразот кој ти го нанеле или не.
 
На прв поглед Баерн е голем фаворит, но Челзи покажа дека среќата е со него и ѕвездите му се наклонети. Слично беше и со Интер пред две години.

Се ми се чини дека Челзи ќе изненади.
 
Ех колку ми е МИЛО ЕМ ДРАГО што сите го напрајвте Баерн Шампион. Дежа ву имам веќе 4-5 натпревари. Прво со Валенсија по групи
1.Челзи НЕМА да ја победи Валенсија, и ќе отпадне од групи.
2. (Пред реваншот со Наполи) НЕМА ТЕОРИЈА Челзи да се вратат против Наполи.
3. Челзи НЕМА да ја победи Бенфика.
4. Челзи НЕМА ШТО ДА БАРА против Барселона. 5-10 ГОЛА ЌЕ ПРИМАТ.
5. И сега најновото БАЕРН Е ШАМПИОН.
Океј така нека биди.

Торес им го знае лекот на Германците, ги закопа на Европското 2008, така да... ;)
 
Полека бе никој од навивачите на Баерн не слави титула. А неутралците нивна работа...

Лично јас сум претпазлив оптимист. Кога ќе видиш во многу слична ситуација се двата клуба - во домашно ништо не направија, им претстои финале во национален куп, имаат куп суспендирани играчи по веројатно најепските 1/2 финалиња во поновава историја на ЛШ, ги уништија шпанските надежи за шпанско финале иако влегоа како благи аутсајдери во тие дуели...

Предност за Баерн:
  • домашен терен;
  • средината Швајни и Кроос би требало да ја доминираат;
  • офанзивата околу крилата - Робен и Рибс и секако шпицот со Гомез.
Предности за Челзи:
  • свесни се дека им е последна шанса за ЛШ;
  • огромно искуство;
  • солидна одбрана;
  • нешто поголема длабочина од клупа.
Голема мотивација е да се освои ЛШ дома, ама исто толку голема е да се порази домашната екипа во финале. Кај Челзи фали срцето на екипата Тери - ама и тоа се неутрализира со суспензиите кај Баерн. Густаво, Алаба и Бади беа во страшна форма и многу ќе фалат ама исто и Рамиреш, Миралеш и особено Бане.

Позиција по позиција: Ноер вс. Чех. Швајни и Кроос вс. Лампард и Есиен. Гомез вс. Дрогба.

Очекувам тесен натпревар, Баерн да напаѓа за почеток а Челзи да се брани. Нема избор друг Баерн со оглед на суспензиите. Се надевам на водство на Баерн на полувреме за завршница без толку многу нервози ама да не се лажеме Баерн не знаат да одиграат нормален натпревар па се спремам психички за стативи, зициери, пенали, картони и сл...
 
Би сакал да освои Челзи од проста причина дека е екипа од Премиер Лига,но сепак мислам дека ќе биде тешко.
Вака пред натпревар мислам дека Баерн имаат поголеми шанси да освојат, но сепак што би рекле стари ТОПКА Е! ;)
 
Ех колку ми е МИЛО ЕМ ДРАГО што сите го напрајвте Баерн Шампион. Дежа ву имам веќе 4-5 натпревари. Прво со Валенсија по групи
1.Челзи НЕМА да ја победи Валенсија, и ќе отпадне од групи.
2. (Пред реваншот со Наполи) НЕМА ТЕОРИЈА Челзи да се вратат против Наполи.
3. Челзи НЕМА да ја победи Бенфика.
4. Челзи НЕМА ШТО ДА БАРА против Барселона. 5-10 ГОЛА ЌЕ ПРИМАТ.
5. И сега најновото БАЕРН Е ШАМПИОН.
Океј така нека биди.

Торес им го знае лекот на Германците, ги закопа на Европското 2008, така да... ;)

Де бе вие што се биле осетливи....Ќе им забраните на луѓето да си навиваат...

Никој на никого не ја дава титулата,луѓето си имаат свој фаворит,симпатии према една или друга екипа.Што да праиме ако поише им се свиѓа играта на Баерн.На крај краева и двете екипи влегоа како аутсајдер во полуфиналните дуели според медиумите во однос на шпанските екипи па видовме што се деси.

Вие ако ја испаднавте Барса не значи дека одма титулата треба да ви ја пратат.Дајте дебата малце нека се развие,доста више со осмооделенски муабети....Кажете нешто паметно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom