Па и вие па албанциве шо ги бранат нивните чудовишта од сограѓани како дарданија на пример...
Вие сте најгадни... нели секој злочин го осудувате? Нели секој убиец било која национална или верска припадност заслужува казна? Тешко соживот ако тој тертип го терате, после ние сме ви сметале...
Кога се работи за албанец , секогаш имам доза на резерва ... пошто мислам дека има ако не голема , барем мала намештаљка.
Пример:
Се постави мината во Сопот , загинаа двајца војници на НАТО и еден македонец. (?).
11 албанци од истото село беа осудени со 150 години затвор.
Ти тогаш си рекла , браво , ете се најдоа сторителите , нека гнијат у затвор , нека му ја истребат фамилијата.
Доколку и јас и сите албанци се сложуваа со оваа одлука ... денес тие 11 селани сеуште ќе лежеа затвор.
Но несложувајќи се со одлуката, дојде денот кога вистината излезе на виделина ... 11те селани после неколку години лежење затвор во монтиран процес , беа ослободени ... МАКЕДОНЦИ поранешни функсионери и Странски дипломати , се понудија како сведоци , во корист на селаните ... и тие се сложуваа дека селаните немаат врска со поставената мина.
Но тогаш исто како и денеска ... МВР пружеше докази , ги нарекуваше тие селани со секакви имиња и групации , со запленета литература и знамиња , ги осудија. Монтиран случај , како ќе докажеш , никој не ти верува ?
Неколку Арачиновци , пред војната во 2001 беа уапсени во исто така монтиран случај ... лежеа затвор , тешко малтретирани ... на крај пуштени , велејќи им , грешка било.
Раштански лозја.
И претерано многу ситни случаеви.
Јас го осудив убиството и повикувам да се најдат сторителите и да се осудат ... но не со претпоставки , со докази од типот ЛИТЕРАТУРА , знаме , 10.000 евра и 26 фрижидера, по еден во секој објект ... не со пропагандивни имиња : Радикални Исламисти , Глобален тероризам , Ал Каеда ...
Да не испадне 20 лица да лежат затвор по неколку години , за потоа да бидат пуштени пошто не биле вистинските.