Какви гадотии може да ти намести држава како Македонија ми се појасни послее војната , кога беа убиени 6 пакистанци и еден индиец , сиромашни емигранти кои оделе кон западна Европа.
За да докажат дека албанците се радикални Исламисти и закана за демократска Европа , ги убија сите седумина ... ги однесоа намерно во близина на Љуботен .... им подметнаа униформа на УЧК ... направија одлично објаснување.
Азиски терористи со униформа на УЧК ,кои дошле од Косово , имале детален план за напад над странски амбасади и дипломати ... пукале кон полицијата , која возвратила и ги убила сите 7.
Сите рекоа , ааа браво , убивме припадници на УЧК , радикални исламисти , ја одбранивме Европа.
Чим видов како приложуваат приватни слики од 2001ва и знамиња како доказен материјал ... одма ми е јасно дека нешто не е во ред.
Чим слушам како македонските партии се караат кој ги има судовите под контрола , повторно ми е јасно во кое стање сме. Значи двете најголеми македонски партии се сложуваат дека судовите се под партиска контрола , само не можат да се сложат под чија.
Се додека сме вакви , ќе има секакви гадотии пред важни самити и датуми ... се додека судовите осудуваат луѓе без докази.
Раштански Лозја и Сопот ... две кристално јасни настани со кои се потврдува ова што го пишувам.