Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.096
Поени од реакции
7.308
Женскиот ракомет со згаснувањето на Кометал Ѓорче Петров на меѓународната сцена полека ги губи позициите. Дали е на повидок во името на Вардар, нова средина со шампионски контури?
0,,3947683_4,00.jpg
Се’ почна од скоро и навестува дека македонскиот женски ракомет добива клуб со амбиции за највисоки дострели. Од неодамна во тек е темелната реконструкција на Вардар, еден од најстарите женски клубови во Македонија. Главен координатор на проектот е познатиот тренер, Ристо Магдинчев: „Сакаме да направиме квалитетна екипа, квалитетен клуб, еден европски Вардар за подолг период“.
Веќе започна фазата на составување на играчкиот кадар. Во тој поглед, патот по кој чекори Вардар е многу сличен на оној, по кој одеше Кометал Ѓорче Петров до европскиот врв: „Клубот го селектираме и засилуваме со квалитетни ракометарки од Македонија и од странство. Веќе ангажиравме седум ракометарки од Русија. Пет се од екипата на Кировчанка, две се од Динамо од Волгоград“.
За четири години во врвот на Европа

0,,15904042_402,00.jpg

Ристо Магдинчев
Стратегијата на ангажирање на квалитетни ракометарки, подразбира значителна парична инвестиција. Главниот финансиер е од странство. Магдинчев вели дека треба малку трпение околу името на спонзорот. Тој наскоро ќе и биде претставен на македонската спортска јавност: „Мислам дека добивме многу стабилен спонзор. Седнавме и поразговаравме дека треба да направиме проект, кој ќе го вивне Вардар во европски височини. За тоа е потребна добра финансиска конструкција. Засега се обезбедени средства за четири годишен циклус, во кој не би имале никакви финансиски проблеми. Тоа мислам дека е решено, останува сериозно да се посветиме на организацијата на клубот“.
Се работи за спонзор од странство? „Да. Се работи за спонзор од Русија, кој живее во Македонија“.
Според замисленото, капацитетот и квалитетот на Вардар, ќе го надмине сегашното рамниште на македонската лига, па амбициите ќе бидат насочени кон настапи во рамките на регионот и во Европа: „Во овој момент Металург е неприкосновен во македонскиот женски ракомет. Вардар со ракометарките, кои ги ангажира ќе му биде рамо до рамо. Наша цел е во наредната сезона да играме во Регионалната лига, која е формирана минатата година и нормално, да играме во Европските купови, каде би сакале да бидеме постојано присутни“.
Ракометна Академија-дел од проектот

0,,15574440_4,00.jpg

Индира Кастратовиќ
Магдинчев потенцира дека клупската стратегија на Вардар подразбира и формирање на силен јуниорски погон со квалитетен тренерски кадар: „Клубот го организираме со формирање на Академија за млади ракометарки, значи пионерска и јуниорска школа. Тука се и вториот тим на Вардар и нормално, сениорскиот погон. Тренескиот кадар е многу важен и треба да биде претпазливо одбран. За мене, во моментов најпогдната личност е Индира Кастратовиќ, која ќе се грижи за јуниорките. Сериозно сметам на соработката со Драган Кузмановски, многу сериозен и перспективен тренер, кој ќе го води вториот тим. Планираме да донесеме искусен тренер од Русија, кој би ја водел школата на најмладите, пионерките. Се надевам дека и тоа ќе го реализираме“.
Според Ристо Магдинчев, плановите на Вардар се во наредните четири години да им се доближи на врвните европски екипи, а потоа да влезе во битка за најценетите трофеи во женскиот ракомет.

:vozbud: Леле ако се оствари ова ќе биде супер. Ајде чекаме (y)
 
Сега останува да се формира и кошаркарски клуб Металург и да има дерби средби во секој спорт помеѓу Вардар и Металург :icon_mrgr:
 
се е то супер, ама ако нема Македонки што ќе се развиваат во светски играчи, не е тоа тоа ... ете со Кометал, имаше пари, се даваа државјанства, имавме успех, снема пари и не ни остана играч од светски ранк кој се појавил во Кометал ...
--- надополнето: 30 април 2012 во 11:19 ---
или ќе биде како кај машката екипа Вардар ... да не знаеш дека игра Вардар, ќе си мислиш дека игра екипа од Србија или таму некаде ...
 
Доста амбициозно, се надевам Ристо или некој друг нема со финта да му ги собере парите на спонзорот :D
 
Екипа во која е Ристо Магдинчев на врвот на Европа:pos:no way:D
И Џорџ Атанасоски со Ристо ќе праеше екипа за врвот па видовме како заврши...:D
А како тргнало со најавите за кратење на ракометните селекции на Металург,посебно на женската секција,било која екипа ќе можи да е шампион во Македонија...
Со оглед на високите давачки за пререгистрација на спортските клубови,луѓето од Металург најавија дека само машката екипа ќе ја пријават по сите стандарди,не ми се верува да даваат многу пари за женската секција:unsure:
Како шо кажаа во Дневник ќе им требаат околу 300 илјади евра само за да ги пријават четирите ракометни екипи шо ги имаат...
Шо е многу многу ,макар и за чика Минчо....:pipi:
Со тие пари ќе го земат Станиќ....
А за Европа,е таму веќе е друга приказна...
Таму не успеале многу поголеми проекти..
Сепак да не кобам,да видиме како ќе се одвиваат работите...
 
--- надополнето: 30 април 2012 во 11:19 ---
или ќе биде како кај машката екипа Вардар ... да не знаеш дека игра Вардар, ќе си мислиш дека игра екипа од Србија или таму некаде ...
А Металург е многу подобар знаеш.........
Испоземаа мање више се што вреди од Македонија и ги преплатија безобразно истите играчи за да греат клупа.После тоа Вардар морал да зема странци,епа мора.Али тоа што е македонското во Вардар бар вреди.
На ЕП покрај Кире најдобрите во реппрезентацијата беа од Вардар.
 
се е то супер, ама ако нема Македонки што ќе се развиваат во светски играчи, не е тоа тоа ... ете со Кометал, имаше пари, се даваа државјанства, имавме успех, снема пари и не ни остана играч од светски ранк кој се појавил во Кометал ...
--- надополнето: 30 април 2012 во 11:19 ---
или ќе биде како кај машката екипа Вардар ... да не знаеш дека игра Вардар, ќе си мислиш дека игра екипа од Србија или таму некаде ...
Кастратовиќ, Радуловиќ, Велкова...

Супер си е проектот, не го кобете, само да успее, после ќе трчате по карти :pos: Мора комбинација од странско и домашно, мала држава сме ние за да најдеме толкав фонд на играчи за еден супер-конкурентен тим. Само да не биде претерано. Али со тек на време мислам дека и од кај нас ќе изникнат најдобрите таленти и ќе се усовршуваат. Нека биде пола од Кометал, само нека стигнува до групи ЛШ доволно ќе е :vozbud:
 
Екипа во која е Ристо Магдинчев на врвот на Европа:pos:no way:D
И Џорџ Атанасоски со Ристо ќе праеше екипа за врвот па видовме како заврши...:D
А како тргнало со најавите за кратење на ракометните селекции на Металург,посебно на женската секција,било која екипа ќе можи да е шампион во Македонија...
Со оглед на високите давачки за пререгистрација на спортските клубови,луѓето од Металург најавија дека само машката екипа ќе ја пријават по сите стандарди,не ми се верува да даваат многу пари за женската секција:unsure:
Како шо кажаа во Дневник ќе им требаат околу 300 илјади евра само за да ги пријават четирите ракометни екипи шо ги имаат...
Шо е многу многу ,макар и за чика Минчо....:pipi:
Со тие пари ќе го земат Станиќ....
А за Европа,е таму веќе е друга приказна...
Таму не успеале многу поголеми проекти..
Сепак да не кобам,да видиме како ќе се одвиваат работите...

можи, можи, како де не можело, АМА СО ФИНТА!!! :D
 
Со Ристо Магдинчев до врвот на Европа? Само на зборови може. Јас не знам како се осудуваат воопшто да го споредуваат Кометал Ѓорче Петров кој има играно три финалиња во Лига на Шампиони и безброј пати го освојуваше нашево првенство... Тој бренд што го направи Кометал нема да се повтори во далечна иднина во женскиот ракомет. Овие од Вардар се светлосни години далеку од тоа и ЖРК Металург со толку вложувања не успеја да направи некоја посериозна екипа, иако и тие беа далеку од тоа што се случуваше во Кометал и на економски план.
 
Иначе баш ме занима од кај им парите за се ова ?
 
Бравос за Вардар.Мислам дека наредната сезона ќе се води битка меѓу ЖРК Вардар и ЖРК Металург
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom