За акните можам и студија да напишам. Тие ми се најголемиот проблем од аспект на здравје, но полека, полека поминуваат. Лично јас имав проблеми уште пред четири години, но после посета на кожен лекар и после користење на еден препарат кој ми го направија во аптека (смеса од слуфур, спиритус и уште други препарати) ми разминаа. По некој месец пак ми се јавија во полоша форма, но и тогаш си го земав истиот препарат, а по потрошувањето веднаш земав уште едно шишенце, но не можев да го трпам никако тешкиот и неподнослив мирис од сулфурот. Цела собе, чаршаф, перници, облеката, се' ми смрдеше на тешкиотсулфур и прекинав... Е после ги запоставив акните оти секако не ми беа се' уште некој којзнае колку голем проблем.
До пред година време лицето ми беше прилично чисто, со по некоја акна, но користејќи разни скапи, и од скапи поскапи препарати ја одржавав постојано чистотата на лицето. Но летото како преку ноќ ми излегоа по целото лице.. добро не беше буквално преку ноќ, ама толку неприметливо ми се појавија за неколку дена, што стварно како да беше преку ноќ. И почнав веднаш со витамини, ја намалив мрсната храна (мајонез, прженици...), си изнакупив витамин А, Б, Е, витамини кои се едни од најодговорните за состојбата на кожата. Два месеца не излегов од дома. Лицето ми беше баш како оние на сликите што беа ставени на почетокот...
Витамините не помогнаа, лосионите исто така. За среќа матичниот лекар ми препорача да ми направи ехо, со тоа тој увиде дека имам полицистични јајници. Потоа бев на гинеколог кој ме испрати да направам купица испитувања на крвта за да ги провери хормоните... Хормоните воопшто не ми беа во ред, се' беше „каша попара“. Ми беше препишана „Диане-35“ терапија и сега веќе 8 месеци ги пијам апчињата и благодарение на нив немам потреба од користење на лосиони, на кремови кои секако во прекумерено користење повеќе ѝ штетат на и така веќе оштетената кожа. Сега планирам да посетам некој добар кожен лекар за да се консултирам за користење на некој препарат за да не ми останат дупки на лицето од акните кои веќе поминуваат. Разликата почна да се покажува дури после 6тиот, 7миот месец. Бев трпелива, но уште и треба да бидам. Обично оваа терапија се прима 9 месеци (барем така гледам по некои мои врсници кои ја примаа терапијава), но докторката ми рече дека ќе ги пијам уште МНОГУ време (претпоставувам и повеќе од година и пол) бидејќи ако се прекинат, проблемот се повторувал.... Воопшто не ми пречи, колку треба ќе ги пијам, само да помине целосно...
Поздрав!