Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.619
- Поени од реакции
- 59.432
Значи:
Пеп има искуство со само една екипа, со фудбалери кои ги познава добро, повеќето научени на фудбал кој и тој самиот го практикувал. Глупаво е да кажеме дека дечките сами си играле а овој само им довикувал од клупа, напротив, неговата заслуга е огромна. Ние фановите на Интер видовме убаво што може тренер да направи со екипата, во негативна смисла.
Споредби со Мурињо не држат вода, од причина што Мурињо има успеси секаде, а оној во Интер му е најголем со оглед на тоа што го промени целиот клуб ментално и со лимитиран квалитет, пред се на клупа, успеа да направи се што направи.
Од тука, секој клуб би сакал да го ангажира Мурињо затоа што на сите им е јасно дека на човекот му треба една година да го препороди клубот, било кој клуб.
Пеп и понатаму е мистерија: дали ќе може да се снајде во поинаква лига од Примера, дали ќе може ментално и физички да подигне тим „од мртвите“, дали со лимитиран квалитет ќе може да поминува посилни противници... итн.
Не викам јас дека не може, едноставно дека ризикот е голем и посебно на Интер би му било подобро да купи играч или играчи со тие пари и да не ги слушам Паолило и Бранка како плачат. Што дека за Виаш Боаш (за кој сеуште мислам дека е многу перспективен тренер) платија многу пари кога еве Ди Матео ги препороди? Што дека Интер смени еден куп тренери кога еве тренерот на младинците се снаоѓа подобро од сите нив?
Мое мислење е дека во фудбалот нема тренери генијалци. Има голема маса на тренери идиоти и луѓе со многу низок IQ кои не знаат да направат саглам измена а водат мултимилионски екипи. Во фудбалот треба да знаеш неколку формации а има тренери кои цел живот играат со една иста формација. Се друго на терен е инстинкт.
Во такво друштво, секој со малку поголемо знаење, интелигенција и харизма е цар.