Турски / Индиски / Шпански и останати „Ш“ серии - тема само за хејтери!

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Кај овие па најсмешни ми се ефектите :pos: Ќе се деси нешто страхотно како што викаат источниве соседи наши и веднаш се применуваат ефекти zoom - unzoom и motion blur. А не знам која беше од турскиве, кога бев на гости кај баба ми, имаше една актерка со црвена коса плачеше и камерава се тресеше и после некој ќе ми каже професионално биле снимани серииве.

Не ме заебавај, професионално снимани серии а камерата се тресе? Да не му паднал шеќерот на камерманот или се соживеал со таа што плаче? Сеа знам дека ќе се избаци некој и ќе каже стандард муабет „оние американскине што ги гледате подобри да не се?“ ама тие американските барем се снимани со кран камера и да, подобри се.
Поверојатно е и камерманот да се расплакал од толкава емоција.Тоа е толку силно да го надвладеало неговото чувство на професионалност.
 
M

Moon Child

Гостин
Уф колку само сакам да се испразнам на темава.

Ај за почеток турските.Дека латино сериите беа јадни си беа,ама барем имаа добар фансервис да гледаш минимум 4-5 убавици за кои ти е гајле дали глумат или не.Кога се појавија првите турски си мислев ќе нудат нешто поинтересно и што е побитно-нешто поразноврсно.

Но тој филм нема шанси да го видиме.

Љубовни триаголници?Check
Богати фамилии?Check
Права љубов?Check
По некоја акција колку да не биде без ич?Check
Социјални теми кои верглаат исти ствари?Check

Нова надеж се појави со Султанот.Историска тематика,епски битки,политички интриги и се што доаѓа со тоа.Но нееееееееееееееееееееееееееееееееееее,мора секој лик да има љубавна прича мог живота.Од султанот до слугата.И нормално копи/пејст сцените.Овој Ибрахим двапати е во опасност да умре на сличен начин(нож/стрела у грбот,па се наоѓа Deus ex machina to save the day).И го отупеа со интригите.

Бонус:Кој рекол дека Езел е мајсторска адаптација на Грофот од Монте Христо може да........................................

Индиски.Нема глума,нема сценарио,шит приказни и ликови.Ги бива за драматизација,па макар била и за ситни ствари.

Вишну:Дадиса дадиса!Џагдиш го изгуби пенкалото!*dramatic music and camera capture of everyones terryfied expresions ensues*
Кај турските е трагично тоа што сите ветувачки почнуваат. Јас се излажав така со Имотот на дамата. Ја гледав уште на А1 кога почна и ми беше криво дека ја прекинаа и тогаш се затвори телевизијата. После тоа почна на Канал 5 од ново ја гледав пак и сега ја отупија со некоја си нова сезона и некои шит настани од кои ми иде да се прозевам. И не ја гледам повеќе. Ја одведоа во сосема нов правец, а можеле да ја направат далеку по интересна и да ја претстават како суров лик, со таа моќ и наследство што го има.
Онаа со врбите е всушност правилната верзија како што разбрав јас. Горка љубов е "преработена".

А за шпанските серии на сите им се знае и почетокот и крајот. Турскиве сите различно почнуваат, па таму кај среде серија некаде го отупуваат безвезе како да гледаш ријалити шоу. :tapp:

Индиски не ни знам кој гледа воопшто.
 
O

Orion.

Гостин
Кај овие па најсмешни ми се ефектите :pos: Ќе се деси нешто страхотно како што викаат источниве соседи наши и веднаш се применуваат ефекти zoom - unzoom и motion blur. А не знам која беше од турскиве, кога бев на гости кај баба ми, имаше една актерка со црвена коса плачеше и камерава се тресеше и после некој ќе ми каже професионално биле снимани серииве.

Не ме заебавај, професионално снимани серии а камерата се тресе? Да не му паднал шеќерот на камерманот или се соживеал со таа што плаче? Сеа знам дека ќе се избаци некој и ќе каже стандард муабет „оние американскине што ги гледате подобри да не се?“ ама тие американските барем се снимани со кран камера и да, подобри се.
Исто така музиката е ФЕНОМЕНАЛНА !!:sick:
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Туку најјако е комшиките кои имаат по 60+ години си дискутираат за сериите. Па и некоја и клетва ќе му фрлат на некој оти направил некоја беља.
 

merlin

Мадридистика...
Член од
29 јуни 2006
Мислења
543
Поени од реакции
119
Значи по дифолт серијата е хит.
Го чекам денот кога на телевизија нема да има турска серија (па доволно беше една две, а не миљон), за индиски па ич да не пишувам, ептен се резил!
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Порака до сите филмољупци-ако ви е драг разумот баталете турски сапуници.Место тоа фатете гледајте ги нивните треш филмови.





 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Величествениот, турскиот "game of thrones"
:icon_lol:
Кога Лисјата паѓаат шо ќе дојде? Турската Династија? :)
--- надополнето: 29 април 2012 во 00:54 ---
Само Чак Норис и малата невеста можат да преживеат куршум во чело, каква епизода беше тоа сеуште неможам да се соземам
Овоа стварно се случило?:facepalm:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Само Чак Норис и малата невеста можат да преживеат куршум во чело, каква епизода беше тоа сеуште неможам да се соземам
Сигурно си се чувстувал како потресен. :pos:

Не ги можам, ама ич. Најтрагичното е што се живо околу мене ги гледам, жими брат ми што не гледа такви серии. Другото што го знам од мало до големо ги гледа. И ко ќе ми речат па што да гледам нема ништо друго, а имаат кабловска, останувам без коментар.:facepalm:
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Кога Лисјата паѓаат шо ќе дојде? Турската Династија?
Писателот на Лисјата паѓаат го нарекуваат турскиот Достоевски.Значи тоа ќе дојде како Браќа Карамазови?Идиот?Коцкарот?Злосторство и казна?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom