Тоа што го напиша некој погоре за Алба, централен бек и двајца напаѓачи е нешто како јавна тајна. Сите што имаат било какви внатрешни информации во Барса го тврдат истото.
Од Guillem Balague, Sid lowe... До Graham Hunter, sport и mundo deportivo.
Лев бек е Џорди Алба.
Кандидати за ЦБ: Тиаго Силва(Милан,прв избор), Давид Луиз(Челзи), Јави Мартинез (Билбао), Вертонген (Ајакс), Хамелс (Дортмунд)....
Кандидати за напаѓачи сега за сега се само Љоренте (Билбао), се смета за приоритет и ќе се обидат да го донесат без разлика на другите трансфери и Ван Перси(непотврдено).
Од друга страна дефинитивно е решено дека Алвес ќе биде ставен на продажба. Нешто се има испокарано со цел тренрски колектив изгледа, а заинтересирани се Анжи,Mанчестер Јунајтед и Манчестер Сити што значи дека може да се извади многу голема пара на него без разлика на тоа што е скоро 30 годишен.
Специфична е ситуацијата со Давид Виља. Ако стигне солидна понуда за него и тој реши да ја прифати ќе биде продаден во кој случај и ќе се оди купување втор напаѓач.
Значи во секој случај ќе имаме многу комплицирано и интересно лето ама со оглед на тоа како се покажаа Зуби и Росел лани при доведувањето на Санчез и Цеск не би ме зачудило да ги видам Алба,Силва, Љоренте и Ван Перси во дрес на Барса следната година
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.