Македонска берза

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Дали тоа значи дека од денеска може да си ја подигнеме дивидендта?
Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 27 април 2012 година ќе врши исплата на дивидендата за 2011 година.

Право на исплата на дивиденда за 2011 година имаат сите акционери на Комерцијална банка АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на 12 април 2012 година.

Исплатата на дивиденда за 2011 година на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки.

На физичките лица средствата од дивидендата за 2011 година ќе им бидат уплатени на нивните сметки во Комерцијална банка АД Скопје, освен за лицата кои имаат дадено овластување за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Во таков случај Комерцијална банка АД Скопје средствата од дивидендата за 2011 година ќе ги уплати на назначената сметка.

Физичките лица кои немаат отворено сметки во Комерцијална банка АД Скопје или не дале овластување, ќе треба за исплата на дивидендата за 2011 година да отворат сметки во Комерцијална банка АД Скопје или да дадат овластување за пренос на средствата од дивидендата во друга банка. Ова можат да го направат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје низ Републиката.

Потврдите за пресметан и платен персонален данок на приход од капитал-дивиденда за 2011 година, исплатена во 2012 година, ќе бидат доставени до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивиденда, најдоцна до крајот на месец мај 2012 година. Доколку некои од акционерите не го добијат известувањето, истото ќе може да го подигнат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје низ Републиката.

Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви: (02)3107-163, (02)3107-162, (02)3107-438 и (02)3107-540.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Дали тоа значи дека од денеска може да си ја подигнеме дивидендта?
Има дивиденда ;) веќе од денеска може да се подигне
само малку ме збуни нели се дава на 1 година моите акции се од октомври
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
само малку ме збуни нели се дава на 1 година моите акции се од октомври
Акциите можеш да ги имаш и само еден ден, па пак да земеш дивиденда. Оваа година последниот ден со право на дивиденда беше 9-ти април (затоа и на 10-ти, 11-ти вредносто падна позначајно).
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Акциите можеш да ги имаш и само еден ден, па пак да земеш дивиденда. Оваа година последниот ден со право на дивиденда беше 9-ти април (затоа и на 10-ти, 11-ти вредносто падна позначајно).

значи наредна дивиденда друга година април а се си мислев треба година да помине да земеш нема уште ништо од тоа што се спомнуваше давање на 3 месеци, или 6
иначе за частење сум земав 2.500 евра:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Wow, сигурно имаш 800-900 акции :cuc: .
Со здравје да си ги трошиш на убави работи.
Да да фала.... да ти се врати со качување на твоите во Тутунска
Инаку не ги трошам :) ке си купам други акции
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
ОК е за комерцијална а како ке делат дивиденда Гранит, алкалоид, стил, макпетрол, тплф ? Има некои искуство со овие компании да пише: позз
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
ОК е за комерцијална а како ке делат дивиденда Гранит, алкалоид, стил, макпетрол, тплф ? Има некои искуство со овие компании да пише: позз
Алкалоид а.д. Скопје ги извести своите акционери дека почнувајќи од 16.05.2012 година ќе врши исплата на дивидендата за 2011 година. Право на исплата на дивиденда за 2011 година имаат сите акционери на Алкалоид кои се евидентирани во книгата на акции на ден 03.05.2012 година, а последен ден на тргување со право на дивиденда е 27.04. 2012 година. Дивидендата ќе биде во висина од 160 денари нето, односно 177,78 денари бруто за една акција.
Компанијата ги повикува сите акционери, физички и правни лица со право на дивиденда за 2011 година кои не доставиле фотокопии од своите трансакциски и жиро-сметки и документ за идентификацијаа да ги достават истите до компанијата најдоцна до 11.05.2012. На акционерското собрание одржано на 12 април годинава Алкалоид одлучи да подели 254,5 милиони денари од нето-добивката за дивиденда и персонален данок или околу 4,15 милиони евра. Нето-добивката на компанијата за 2011 година изнесува 9,85 милиони евра.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
ОК е за комерцијална а како ке делат дивиденда Гранит, алкалоид, стил, макпетрол, тплф ? Има некои искуство со овие компании да пише: позз
Овде има за некои компании (треба да се отворат пдф документите, не е тоа „Датум и Време“).
Други нема ни да делат дивиденда (тплф, макпетрол).
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Алкалоид а.д. Скопје ги извести своите акционери дека почнувајќи од 16.05.2012 година ќе врши исплата на дивидендата за 2011 година. Право на исплата на дивиденда за 2011 година имаат сите акционери на Алкалоид кои се евидентирани во книгата на акции на ден 03.05.2012 година, а последен ден на тргување со право на дивиденда е 27.04. 2012 година. Дивидендата ќе биде во висина од 160 денари нето, односно 177,78 денари бруто за една акција.
Компанијата ги повикува сите акционери, физички и правни лица со право на дивиденда за 2011 година кои не доставиле фотокопии од своите трансакциски и жиро-сметки и документ за идентификацијаа да ги достават истите до компанијата најдоцна до 11.05.2012. На акционерското собрание одржано на 12 април годинава Алкалоид одлучи да подели 254,5 милиони денари од нето-добивката за дивиденда и персонален данок или околу 4,15 милиони евра. Нето-добивката на компанијата за 2011 година изнесува 9,85 милиони евра.
moze po eletronski pat ili vo pliko po posta kako ide taa rabota?
--- надополнето: 28 април 2012 во 21:32 ---
Овде има за некои компании (треба да се отворат пдф документите, не е тоа „Датум и Време“).
Други нема ни да делат дивиденда (тплф, макпетрол).
A za granit znam deka ke deli dividenda?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
A za granit znam deka ke deli dividenda?
За Гранит го најдов само ова:

Ги известуваме акционерите на ГД Гранит АД заради навремено комплетирање на податоците за исплата на дивиденда за 2011 год потребно е да достават копија од : трансакциска сметка и лична карта.
Податоците да се достават на адреса - ГД Гранит АД -ул Димитрие Чуповски 8 Скопје – со назнака за дивиденда 2011 год,
Акционерите кои добиле дивиденда за претходни години, доколку податоците им се важечки, нема потреба истите повторно да ги доставуваат.
Сите потребни информации можат да се добијат на тел 3 218 713.
--------

А за дивидендниот календар има овде
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
554
Поени од реакции
130
Алкалоид а.д. Скопје ги извести своите акционери дека почнувајќи од 16.05.2012 година ќе врши исплата на дивидендата за 2011 година. Право на исплата на дивиденда за 2011 година имаат сите акционери на Алкалоид кои се евидентирани во книгата на акции на ден 03.05.2012 година, а последен ден на тргување со право на дивиденда е 27.04. 2012 година. Дивидендата ќе биде во висина од 160 денари нето, односно 177,78 денари бруто за една акција.
Компанијата ги повикува сите акционери, физички и правни лица со право на дивиденда за 2011 година кои не доставиле фотокопии од своите трансакциски и жиро-сметки и документ за идентификацијаа да ги достават истите до компанијата најдоцна до 11.05.2012. На акционерското собрание одржано на 12 април годинава Алкалоид одлучи да подели 254,5 милиони денари од нето-добивката за дивиденда и персонален данок или околу 4,15 милиони евра. Нето-добивката на компанијата за 2011 година изнесува 9,85 милиони евра.
Каде да ги доставиме?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom