Ама ајде не ме заебавај сеа.
Го скокна делот дека од МОЈА ПЛАТА данок иде за државата. Како после да немам и јас некои бенифиции. Па ај сеа сите ако служиме војска ќе треба да уживаме сè бесплатно по таа логика пошо нели утре сите ќе ја браниме земјата. И пари за сето тоа од каде?
Пак ќе мора да се земе од оние кои нема да служат војска.
Има некаква поврзаност меѓу структурите во една држава. Работникот зависи од војската во однос на обезбедување посигурен живот, а војската зависи од работникот во однос на обезбедување парични средства за пензии и останати бенифиции кои си доаѓаат со бидувањето (шо ми е со зборов?!) војно лице.
Не викам да е исто, викам само тој шо ќе избере да иде у војска треба да има ПОГОЛЕМИ бенифиции во однос на она кое реално мене државата МОРА да ми го обезбеди со самото тоа што и помагам да опстане со данокот од платата кој ми го зема (не сфаќај буквално од мене дека ќе опстане).
си правиме муабет бе. тепаме време. ни од мене ни од тебе не зависи.
ама види сега друго е заебанцијата.
како некој би работел судија и би делел правда на пример по законите и уставот на државата, а од друга страна не сака да потроши ни неколку месеци од својот живот за да служи војска како основен елемен на една држава која е директо задолжена да го брани иститот тој устав и закони од надворешен непријател.
која е логиката. каков судија би бил тој.
тоа е едно.
друго ако одиме по твоја логика едно е служење војска , но сосме друго е воена агресија. и таму би одел кој што сака??
ти ке одиш на фронт. не бе фала другпат. неможам сега, нека оди кој што сака. мислам дека ја гледаш нелогичноста.
и трето јас сум за секој да оди во војска и да помини основна обука од неколку месеци барем минимум два. и машки и женски се разбира освем ако реално не е способен да оди.
тогаш нема кој да се буни , како демек некој отишол некој не. некој градел кариера, некој не. сите и готово.
просто и едноствано и практично.
па после ако сака некој професионално да се занимава нека си продолжи платен војник или ете академија за старешина.
ама во глобала еднаш сите да фатат пушка в рака, без исклучок.