А какви посебни права би сакал? Основните ги имаш.
Сепак, штом планираш да емигрираш, немаме што да дискутираме повеќе.
Кој права ги имам арач од по 18-20 % да ми зимаат на се?
Полиција и судови да ме малтретираат за се и сешто?
Сите закони ( и тие што не постојат ) да важат за мене а ни еден за криминалците ?
Да ме малтетираат политичари ДЕНО НОЌНО?
Да не можам да излезам од државава без милион документи како резерват да сме?
И уште сакате и данок во крв пак да ни вратат.
Епа не може.
Ме праша кој правa ги сакам
1.Сакам се што заработувам ( сега повремена работа ) или ќе заработувам во иднина да си го задржувам за себе и сам да си одлучам на што ќе го трошам.
2.Сакам да имам право на самоодбрана ( или поточно право во мојот дом да чувам оружје за да можам да се одбранам )
3.Сакам да прекине државата да ми кажува што можам а што не можам да правам во приватноста на мојот дом ако притоа со моите дејствија не ја нарушувам слободата на никој друг.
4.Сакам во иднина ако поседувам дом навистина да го поседувам ( тоа значи се на земјиштето и под него е мое и само мое ) а да не го изнајмувам од државата.
5.Сакам сите закони да важат за сите а не само за мене.Неќам утре некој да ме убие и АКО го фатат да го осудат на 12 години затвор а да излезе за 5 за добро однесување.
И ова се само основните