Проектот „Жални врби во Вардар“ - форумџиски проект :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
‘‘Осмели се, направи го првиот чекор‘‘
Ја послушала градинаркава кампањава на владава, па си посадила 3 врби и си лапнала 250,000 евра:свиркам:

Некој се тупи глава, ќе учи, полага испити, колоквиуми, ќе се надградува, а некој со 3 врби ОПППП 250,000 евра.
Знаењето е сила, знаењето е моќ, ама затоа пак садењето врби е ЗАКОН:sneaky:
 
На врв брда врба мрда :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Сред река да го ебам.
--- надополнето: 26 април 2012 во 20:12 ---
Ја би врбите да не се садат и Вардар во втора лига кај што требаше да биде.
 
‘‘Осмели се, направи го првиот чекор‘‘
Ја послушала градинаркава кампањава на владава, па си посадила 3 врби и си лапнала 250,000 евра:свиркам:

Некој се тупи глава, ќе учи, полага испити, колоквиуми, ќе се надградува, а некој со 3 врби ОПППП 250,000 евра.
Знаењето е сила, знаењето е моќ, ама затоа пак садењето врби е ЗАКОН:sneaky:
И некој упорно мисли дека постојат „автори“ на ваквиве споменици/проекти. Згора на тоа лапнување на голема сума на пари? Ох не.
Работата е попроста отколку што се чини. Ама пак им успева на горниве да всадат сомнеж. Yet again Power is ignorance.
 
Колку и да е човек оптимиста и да сака нешто да се направи од земјава,реапноста секој ден ќе го потсети дека земјава е буквално извадено како од скеч на Монти-Пајтон побетер држава-експеримент сме и од Косово.

Факултетов уште малце да го завршам и патот под нога за Ангола/Јужна Америка овде сме како на резерват.
 
Ситна риба е оваа во овие матни води. :)
Туку, како е целото име на дотичната?
 
Ах, зошто нема некој закон, секој јавен службеник (пратеник, министер, судија, обвинител итн) да не може да има друг пасош освен Македонскиот?
Ако имаше нешто такво ќе можев со сигурност да кажам дека сите затвори ќе беа полни со министри и пратеници за едно 10 години...
Вака нема да е интересно, ќе си избегаат сите од државава...
 
Читам денес по медиумите, наградената авторка за проектот „Три жални врби во Вардар“ одговара на критиките со следнава изјава:

„- Трите врби во Вардар се авторски, уметнички проект, а изразот е современ, футуристички. Сведувањето на вредноста на едно уметничко дело на садница, е израз на нивото на култура на поединецот - вели Димитрова во писмото. Таа укажува на нејзината четиригодишна посветеност на идејата за скулптурата, на сметка на нејзините други професионални ангажмани, но и приватниот живот. Вели дека за проектот бил потребен голем ангажман, подготовка на стручни елаборати од статичари, хидро-инжинери, геодети и архитекти, засадување на врбите, и нивно двегодишно одгледување.“

За после случајно да налетам на темава...
Прегледај го приврзокот 42507

Што мислите, дали треба авторката Искра (a.k.a Spark) да ја сподели својата награда со форумџиите на svetbiljaka.com? :)

Особено после она: "pa forumasi, molim vas proiznesite svoje misljenje, ovaj mi je projekat jako vazan
bye2.gif
"

За неупатените, svetbiljaka.com е меѓународно верифициран извор на информации за изнаоѓање и имплементација на технички решенија при садење врби на исклучително непристапни локации (као на Хималаи, Северен пол, на Пол Макартни, на месечина, усред река ( и поголеми водни површини), испод тепих, на глаа, итн.) Ms Sparky Spark се обратила на право место, добила одредени информации од врвни експерти, ја образложила својата feasibility study.

После низ перипетии и предизвици кои произлегуваат од техничката комплексност на овој монументален инеженерско-уметнички зафат од национално значење, добила потврда на вредноста на својот проект од Владата на РМ изразена во евра. Не е мала заебанција да се инсталира овој проект -- само лаици можат да си помислат дека така се збрцуеле три врби. Така што, исплатените средства се адекватна компензација за натчовечките уметничко-технички напори на Ms Sparky Spark.

Еве што изјавил Сантијаго Калатрава, нејзин помалку познат колега (преводот е мој и можда малце го иам утнато, али поентата е таа): „Проектот ме остави без здив. Овие три скопски врби се сведоштво за непресушната ингениозност на Spark и демонстрација на еден сублиминален спој на уметност и архитектонско умеење. Минимализмот на трите врби во бистрите води на Вардар ме натера да го преиспитам својот пристап кон архитектурата. Ти благодарам, Spark, за незаборавната лекција.“

Мислам дека авторката веќе им купила пригодни поклони на администраторите на форумот svetbiljaka.com: кутија наполитанки и флаша добар вињак.
 
Немој да го омаловажувате проектот на господична, тоа не се само три врби, туку се само три ВРБИШТА. Ете така да си знаете. ;)

Жален народ, жални врби.. јбг.
 
Има една жална врба кај комшииве...да ја откорнам...ќе дај пари државава?
илјада евра да дај...не е лошо
 
Ај бидете озбилни, скоро цела страна на форум е дискутирано за проектов. Hatres gonna haet
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom