Вештица
love&reason
- Член од
- 2 јануари 2009
- Мислења
- 1.524
- Поени од реакции
- 856
Ова ти е индуктивен заклучок кој нема основа за генерализација. Земаш капиталистички пример и го вметнуваш во анархистички контекст, целава расправија колку што можев да видам, ти нема логика.И друга работа, што ми е доста интересна. Велите, што ако е некој неспособен за работа, треба да добива исто колку способните. Не е тој крив што не може да работи..
На пример, јас многу сакам да пеам, од срце сакам, ама што да правам кога ете, не сум способна за истото...Дали треба да бидам платена како Стинг, на пример, затоа што искрено сакам, ама не можам?!
Што е до темата. Мислам дека најголема грешка на анархистите е верувањето дека луѓето во суштина се добри. Логична претпоставка е ова од моја страна, зошто како инаку би мислеле дека ќе се оствари една толку оптимистичка идеја.
Проблемот со ова верување е дека луѓето од секогаш имале толку проблеми што ги спречуваат да бидат добри, што никогаш не сме ни стигнале до нивната суштина.
Од друга страна, ако сакаме да бидеме реални мораме да го бараме невозможното. Имаше некој ваков цитат од еден анархист кој многу ми се допадна. Па сигурно би достигнале многу повеќе со барање на анархија од колку што постигнавме барајќи демократија.