Јас се извинувам, во последен момент го дополнив мислењето.
Овде не се согласувам, зошто мислам дека тоа не кажува дека човекот трага по исти задоволства, туку дека човекот е манипулиран со едни исти задоволства. Зошто во нашиве општества за да дојдеш до тие задоволства ти треба углед, во анархијата не е така. Може да го видиш Вилхем Рајх тој е психолог кој многу убаво го објаснува ова. Ние секако не го учиме, зошто не му одговара на општеството.
Анархијата не пропагира суперего како срж на личноста, тоа не е воопшто така. Во анархијата има еден поим се вика „слободна љубов“. Тоа е идеја на ослободена сексуалност, демистифицирање и ослободување на сексот од табуата. Како не би морале да бидеме сексуално фустрирани, ама не во форма на „Прекрасен, нов свет“
Во капитализмот чуда се прават со сексуалноста. Се околу сексуалноста продава, самиот секс се продава. Од друга страна чувствата се инхибираат за луѓето да се отуѓат едни од други и да пробаат да ги задоволат со конзумеризам, врзување за предмети. Фром убаво го објаснува ова. Сега е популарно.
Од друга страна, во христијанството и муслиманството, како друга форма на капитализмот, сексуалноста се инхибира, со цел сексуалната енергија да се насочи каде им одговара, и да се експлоатираат жените.
И да секој човек е различен, но важно е според што. Денес е различен според капиталот, и тоа ја прави хиерархијата на луѓето. И тоа за тебе е исправно? Да не правам муабет за начинот на кој се дели капиталот.
Ти по што би ги делела луѓето по способностите? Па зарем цртите на личност и животниот наратив не влијае на способностите? И зарем денес не се вреднуваат само одредени способности, само одредени црти на личност, сосема погрешни црти на личност? И тоа е подобро од анархија?
Пак ќе кажам анархија како општествен систем на темава не е доволно истражена, за да се критикува.
Ниту пак понудува одговори на некои прашања, што ја прави неприфатлива денес и сега.
Религијата ја апстрахирам од овој муабет, од проста причина што за мене е најголемо зло некогаш смислено, иако, исто така, да бидеме искрени, не постои општество кое не верува во натприродното.
Сите се раѓаме атеисти, но секое општество (од првобитно, до денешно) верува во некоја натприродна сила.
На пример, мене ми е сосема добра поделбата на ресурсите денес (не сум економист, да потенцирам) - поспособниот зема повеќе од помалку способниот. Зема според одговорноста на работата која ја извршува. И пак ќе повторам - докторот Е поважен и позначаен за една заедница, од чистачката. Не може неговиот труд и знаење да се израмнува со нејзиното, и не може, од иста причина, да добиваат еднакво.
Никаде и на никаков начин не го одобрив она што се случува денес, ниту го пофалив системот кој постои денес. Но повеќе ми се допаѓа класното општество, од бескласното. За мене лично има многу поголем мотив во такво општество. Мене ми се голем мотив парите и материјалното богатство, кое не сакам да го добијам, сакам да го стекнам. Сакам на таков начин да си признаам пред се, самата себе, дека тоа што го правам вреди многу.
Насмевки и благодарници добивам и онака. И не се доволни.
Вештице, правилните и погрешните црти на личноста ги смислува општеството. Ништо не е сосема правилно или сосема погрешно. Индивидуално е.
Поставив прашање, кое никој не ми го одговори - а многу ме интересира. Во денешниов свет, баш денес, јас ги презирам сите касапи на светот, и сите што носат крзно, и сите што ловат од задоволство. За мене се тие нај аморални битија, со погрешни сфаќања.
Бидејќи АнФем ми рече, ако не делам кокоси - ќе ми ги земат - ако се спротивставам на тоа - ќе ,,ме средат,,. Дали по таа логика, ако во анархистичкото општество, некој посегне по животот на едно теле, јас имам право да го ,,средам,, по брза постапка? Затоа што според моите видувања на светот прави нешто најлошо?
--- надополнето: 25 април 2012 во 15:39 ---
Затоa што би сакал да биде најдобар, без разлика на кешот? Или оперирани сте од такви чувства?
Не ми треба општествено признание, ако живеам во барака и заедно купувам со чистачката која едвај завршила средно.