Трговците со возила бараат државна интервенција бидејќи немаат промет

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.120
Поени од реакции
23.601
нема потреба од никаква интревенција.
пазарот е презаситен, куповната моќ е таква каква што е.
никој не им е крив дека направиле погрешна процена или си ги прецениле цените на возилата па сега не можат да ги продадат.
таман работа ако секаде е така. вложи во било што и ако не оди барај државата да ти ги врати парите. ајде мајката, кај го има тоа.
како секој добар и паметен бизнисмен ке си ги спуштат цените на колите колку што ги коштале или во минус, битно е да си извадат дел од парите,да се исчистат за да можат евентуално да донесат коли кои вредат за парите или кој би можеле да ги продадат.
си знаат тие дека ќарот и зијанот се браќа, не се од вчера.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Почнавме со сила да се правиме паметни...
500 евра максимум ќе го чини, од било каде во ЕУ да ја донесе.
Трговциве сакаат тој нивен труд да го наплатат ~2000 евра.
Тие не наплатуваат за трудот туку земаат профит. Тоа е голема разлика.
--- надополнето: 24 април 2012 во 23:15 ---
нема потреба од никаква интревенција.
пазарот е презаситен, куповната моќ е таква каква што е.
никој не им е крив дека направиле погрешна процена или си ги прецениле цените на возилата па сега не можат да ги продадат.
таман работа ако секаде е така. вложи во било што и ако не оди барај државата да ти ги врати парите. ајде мајката, кај го има тоа.
како секој добар и паметен бизнисмен ке си ги спуштат цените на колите колку што ги коштале или во минус, битно е да си извадат дел од парите,да се исчистат за да можат евентуално да донесат коли кои вредат за парите или кој би можеле да ги продадат.
си знаат тие дека ќарот и зијанот се браќа, не се од вчера.
Истото да им го кажеш и на тутунарите кога плачат за повисока цена.
 
P

Princ

Гостин
Тутунар не заработува 2000 евра од кило тутун, така да споредбата ич не е на место.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.739
Ја не знам у која здрава логика може да споредите тутунар со дилер на коли.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Секој се бори за профит и политичарите се борат за профит од тоа се живее а не од работа можеш да работиш колку сакаш Македонецот никогаш нема да ти плати за трудот .

Мекдоналдс не бил богат од хамбургери бил богат од ресторани
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Тутунар не заработува 2000 евра од кило тутун, така да споредбата ич не е на место.
Земаат по 3-4000 евра за тон има некој кој земаат и 10-20000 евра кој кур инвестирале во нешто што не им се исплати. И после стојко им е крив.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Еве вака јас имам другар кој си најде работа со коли во БГ и живее фантастично ем продава ем си троши пари таму немет зима си има закони има само купувачи и продавачи

Кај нас немаш ништо секој сака ефтино а квалитетно и тука се коси со логика се.

Башка нашиот менталитет е од странство е подобро и така
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Секој се бори за профит и политичарите се борат за профит од тоа се живее а не од работа можеш да работиш колку сакаш Македонецот никогаш нема да ти плати за трудот .

Мекдоналдс не бил богат од хамбургери бил богат од ресторани
Абе се убаво тоа, ама мекдоналдс не ти вика да не правиш самиот плескавици,и не бара од државата да смени закони да не може да се продава мелено месо
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Презаситен е пазарот дете башка државата не сака џанк фуд коли со лоши еко стандарди и има многу трговци а малце купувачи.

решение нема како шо кажа Владе битолчанецо продај колите без профит и правац граџевина додека останал плац во СК бидејќи понижење е на друго место да се земе стан.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Па што бладавне до сега ?
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Презаситен е пазарот дете башка државата не сака џанк фуд коли со лоши еко стандарди и има многу трговци а малце купувачи.

решение нема како шо кажа Владе битолчанецо продај колите без профит и правац граџевина додека останал плац во СК бидејќи понижење е на друго место да се земе стан.
Ако на некој не му иде бизнисот треба да си го смени...Не е наука. Само ова треба да важи за сите инвеститори не само за дилери на коли.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Ако на некој не му иде бизнисот треба да си го смени...Не е наука. Само ова треба да важи за сите инвеститори не само за дилери на коли.
А шо прајме ако не иде ништо рефусче нема пари а само компензација
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Ако на некој не му иде бизнисот треба да си го смени...Не е наука. Само ова треба да важи за сите инвеститори не само за дилери на коли.
Има разлика од коли и храна.
Земјоделието треба да произведе за да ние се нахраниме, и бидејќи е гранка на која и влијае климата т.е е многу променлива од година во година, треба да се обезбеди исхрана барем за 2 милиона народ колку што сме а не да се увезува, бидејќи ако фати некоја елементарна непогода, никој нема да извезува и ние ќе испоцркаме бидејќи нема што да јадеме. Храната е највиталната гранка за секој жив организам и има приоритет.
Додека за автомобилите, што да ти кажам, ретко кој кај нас може да си дозволи менување на автомобили на секој 3-4 години, па макар биле и настаро. Трговците за возила бараат државна субвенција за нешто што не е приоритет т.е сите ќе преживееме ако не купиме нова кола оваа година туку кога ќе има подобри времиња или ако стварно ни треба, за разлика од храната што навистина ни треба да преживееме за месец.
Споредбата зошто владата ги субвенционира земјоделците а не препродавачите на возила ти е погрешна.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
А шо прајме ако не иде ништо рефусче нема пари а само компензација
Тогаш бизнисот на извршители им цвета.:P
--- надополнето: 24 април 2012 во 23:57 ---
Има разлика од коли и храна.
Земјоделието треба да произведе за да ние се нахраниме, и бидејќи е гранка на која и влијае климата т.е е многу променлива од година во година, треба да се обезбеди исхрана барем за 2 милиона народ колку што сме а не да се увезува, бидејќи ако фати некоја елементарна непогода, никој нема да извезува и ние ќе испоцркаме бидејќи нема што да јадеме. Храната е највиталната гранка за секој жив организам и има приоритет.
Додека за автомобилите, што да ти кажам, ретко кој кај нас може да си дозволи менување на автомобили на секој 3-4 години, па макар биле и настаро. Трговците за возила бараат државна субвенција за нешто што не е приоритет т.е сите ќе преживееме ако не купиме нова кола оваа година туку кога ќе има подобри времиња или ако стварно ни треба, за разлика од храната што навистина ни треба да преживееме за месец.
Споредбата зошто владата ги субвенционира земјоделците а не препродавачите на возила ти е погрешна.
Нема добро и лоши гранки има само профитабилни и непрофитабилни.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.120
Поени од реакции
23.601
Истото да им го кажеш и на тутунарите кога плачат за повисока цена.
сега дали имаш проблем со пушачите или со тутнот генерално незнам, ама сепак сметам дека премногу емотивно настапи.
да ми речеше за откупувачите на тутун некако и ке те сватев, ама производителите воопшто не можеш ама по никој основ да ги споредиш со прекупци или дилери на коли.
прво обврзан е со договор. тој не може да бира каде и по колку ке го продаде тутнот. тоа е од откупувачите.
за разлика од нив на дилерите никој не им кажува од каде да земат кола, колку да ја продадат и кому.
така да имаат многу поголем простор за маневри.
да имаа тутунарите опција да го продаваат тутнот каде сакаат, па кој дава повеќе во ред, ама чим државата им забранува тогаш нека компензира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom