Македонско фудбалско првенство 2012/2013

Кој ќе биде новиот шампион?

  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Абе не ме еби со дисквалификацијата, и тоа ќе е убитачно за Вардар, а ако евентуално, недај боже, се деси вакво нешто, мора да паднат бајаги глави ради низата наводни пропусти за кои (наводно) се водела истрага.
Останува да видиме, ја искрено се надевам дека тоа нема да биде случај, а случајно или не ова се поклопува и со она што Миленко го имаше напишано на неговиот фејсбук профил, пак да не минира гадот.
Што имаше напишано гадот, баше ме занима ?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.045
Поени од реакции
45.748
Што имаше напишано гадот, баше ме занима ?
Истиот муабет од Екипа, само 2 недели пред они да објават, и овој албанскиов портал.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.961
Абе не ме еби со дисквалификацијата, и тоа ќе е убитачно за Вардар, а ако евентуално, недај боже, се деси вакво нешто, мора да паднат бајаги глави ради низата наводни пропусти за кои (наводно) се водела истрага.
Останува да видиме, ја искрено се надевам дека тоа нема да биде случај, а случајно или не ова се поклопува и со она што Миленко го имаше напишано на неговиот фејсбук профил, пак да не минира гадот.
Не викам дека не е убитачно, ама информацијата дека Шкендија ќе била шампион си нема никаква врска.
Казната ако ја добиеме би се однесувала на играњето во Европа и си нема везе со првенството.

Дали направиле грешка ќе видиме во наредниве денови. Пошто никој не се јави да демантира, верувам дека има некоја вистина во гласиниве, ама верувам и дека прават се за да ги надминат проблемите.
 
Член од
19 мај 2010
Мислења
2.124
Поени од реакции
324
Eee uste pred 1-2 nedeli zborev za ova ^.

Ako se slucuva ova ova godina pak ke bideme SHAMPIONIIIII !!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Електронското издание на „Лајм“ (www.lajmpress.com) пишува дека лидерот на табелата Вардар би можел да биде дисквалификуван од Првата лига поради неправилности во фузијата со Миравци, а Шкендија тогаш би можела повторно да стане шампион...Овој портал се повикува на одредени извори од ФФМ, а истакнува дека истрага за фузијата ќе спроведува УЕФА. Оваа теорија веќе подолг период се врти низ кулоарите, а ЕКИПА тоа претходно го провери во Фудбалската федерација на Македонија.

Одговорот оттаму не беше конкретен, но не може ниту да биде, затоа што процедурата за лиценцирање на клубовите за европските купови се уште е во тек, а дефинитивната одлука ќе биде позната при крајот на мај.

Вардар пред почетокот на минатата сезона се фузираше со второлигашот Миравци, ги мина сите правни процедури за да ја превземе лиценцата за настап во Првата лига, се преименува во Вардар 1947, а по одреден период и си го врати името во Вардар. Исто така спроведена е и правна процедура за богатата историја на клубот, со сите резултати и титули, да му припаѓа на новиот субјект, кој сега се натпреварува во прволигашка конкуренција. Во меѓувреме, Вардар, како прв клуб во Македонија се трансформира во акционерско друштво и сега функционира според новата законска регулатива во нашата држава.

Токму тука и лежи „проблемот“ што би можела да го види УЕФА, но би важел за сите македонски фудбалски екипи подеднакво. Тие мораат да се преструктуираат во акционерски друштва и тогаш би биле нови правни субјекти, а УЕФА при постапката за лиценцирање бара да биде доставен финансиски извештај за изминатите три сезони. Тоа нема да биде можно, затоа што новите правни субјекти едноставно ќе немаат што да приложат, освен да биде потенцирано дека токму тие се наследници на фудбалските прволигаши кои досега функционираа(т) како здруженија на граѓани.

ЕКИПА од ФФМ доби одговор дека е во постојана комуникација со УЕФА и дека веќе има најавено како сите фудбалски прволигаши ќе мораат во текот на оваа година да се преструктуираат во акционерски друштва и очекува Европската куќа на фудбалот да има разбирање за тоа, бидејќи всушност клубовите мораат да се прилагодат на новата законска регулатива во Република Македонија. Токму затоа и Агенцијата за млади и спорт веќе одреден период одржува работни состаноци со претставниците на спортските федерации и на спортските клубови во државата, објаснувајќи им како треба да тече процесот на нивна трансформација во акционерски друштва.

Извор
Ова само неписмени луѓе можат да го напишат/кажат...

Како прво, УЕФА нема никаква можност да влијае врз работењето на ФФМ и да одлучува кој ќе биде шампион кој не во Македонската прва лига.

УЕФА единствено може да каже кој исполнува услови да игра во натпреварувањата под нивна капа, а кој не. Условите не ги знам во потполност, исто како и оној што го пишал тоа во првичната вест, ако е правилно пренесена.

Фузијата како што е позната кај нас, е позната како припојување-консолидирање во светот и не е ништо незаконски, баш напротив, се поредовна пракса е.

Со тоа што Вардар и Миравци се припоиле, значи дека двете правни лица ги делат сите права и сите обврски, како игра Миравци во втора лига поим неам, исто како и други ситници бидејќи не сум правник и не знам точно за што се работи.

Што се однесува до финансиските извештаи што ги барала УЕФА, најпрво треба да се види зашто ги бара, и дали има основа да ги бара за трите години наназад за Вардар. Вардар сигурно имал обврска да ги поднесе до Централен Регистар, но најверојатно УЕФА бара ревидирани. Ако Вардар немал обврска кон Централен и бидејќи не ги правел за УЕФА(дека не учествувал), тогаш не знам кое е решението од УЕФА.
Исто така, не знам дали е можно сега да се прави ревизија за пред 2-3 години.

Кога веќе сме кај ревизијата, би требало да се провери ревизорската куќа што правела ревизија на ФФМ и на Пелистер, а Пелистер беше поврзан со скандал со Харалампие. (Новото друштво Пелистер)...

Наместо да се занимаваат со вистински скандали, они бараат игла во сено....
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
259
Поени од реакции
381
Вие само така може да бидете шампиони, со намештаљки вака нема шанси, али оваа година се знае кој ке биде шампион ВАРДАР!!!Два пати изгубивте 2-0 и 0-1 така да далеку сте зад Вардар!!!
 
П

Паспарту

Гостин
Eee uste pred 1-2 nedeli zborev za ova ^.

Ako se slucuva ova ova godina pak ke bideme SHAMPIONIIIII !!
А бидејќи си премногу паметен, ќе може да ни објасниш како тоа ВИЕ ќе станете шампиони и според која логика?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.045
Поени од реакции
45.748
Како прво, УЕФА нема никаква можност да влијае врз работењето на ФФМ и да одлучува кој ќе биде шампион кој не во Македонската прва лига.
За ова си грешка, зашто пример за една Италија направија невиден притисок при Калчополи по што на Јуве им ја откорнаа титулата и им ја дадоа на Интер, претходната титула никаде не отиде. Исто и со Фенербахче беше кога наместо нив Трабзон ги собраа во ЛШ, ок, еве да речеме дека не се во состојба да влијаат а се, поготово за вакво првенство ко нашево и земја ко нашава, никаков фактор не сме, кадарни се наместо Вардар, Шкендија да ја соберат во ЛШ па не гледам поента ондак Вардар да остане шампион на Македонија, а и да остане, кој ќе е ќарот кога финансиски премногу ќе изгубат ако не играат во Европа, а недај боже да издејствуваат и некаква повеќегодишна суспензија.

Не ги зеам за резерва овие шпекулации, поготово зашто и Миленко почна да трола а последен пат кога тролаше видовме сите што се деси со Победа. Ова мора сериозно да се свати за да не остане Вардар со таквото у раце, и они и навивачите.

Недај боже да се издеси нешто вакво, уште ова фали за мак фудбалот а и за Вардар, силен Вардар може да потегне многу работи кај нас, кој што сака нека каже.
 
Мислев на тоа дека не можат директно да одлучат, за влијание за жал не е само УЕФА, но сепак ако нема основа, УЕФА нема право да менува нешто во Македонија.
Споредбата со Италија е непотребна, УЕФА си реагираат, тоа е нивна работа, Италија си работеше по свои закони, којзнае како ќе беше и со Милан доколку не беше Берлу, или пак исправни биле одлуките, којзнае...
 
П

Паспарту

Гостин
За ова си грешка, зашто пример за една Италија направија невиден притисок при Калчополи по што на Јуве им ја откорнаа титулата и им ја дадоа на Интер, претходната титула никаде не отиде. Исто и со Фенербахче беше кога наместо нив Трабзон ги собраа во ЛШ, ок, еве да речеме дека не се во состојба да влијаат а се, поготово за вакво првенство ко нашево и земја ко нашава, никаков фактор не сме, кадарни се наместо Вардар, Шкендија да ја соберат во ЛШ па не гледам поента ондак Вардар да остане шампион на Македонија, а и да остане, кој ќе е ќарот кога финансиски премногу ќе изгубат ако не играат во Европа, а недај боже да издејствуваат и некаква повеќегодишна суспензија.

Не ги зеам за резерва овие шпекулации, поготово зашто и Миленко почна да трола а последен пат кога тролаше видовме сите што се деси со Победа. Ова мора сериозно да се свати за да не остане Вардар со таквото у раце, и они и навивачите.

Недај боже да се издеси нешто вакво, уште ова фали за мак фудбалот а и за Вардар, силен Вардар може да потегне многу работи кај нас, кој што сака нека каже.
Во право си, но целиот овој "проблем" од тоа што успеав да го дознаам (не од овие дебилни написи по веснициве и играње расипан телефон на некои портали) е околу преструктуирањето на Вардар во АД. Најверојатно нема да има никакви последици, а доколку има тогаш ниту една наша екипа нема да игра во Европа, што искрено е тешко за верување... Ниту една наша екипа не исполнува минимум од условите за да игра во УЕФА, ниту пак некогаш исполнувала. Ако почнат да ги проверуваат сметките на сите екипи кои треба да играат во евро-куповите, тогаш во најмала рака ќе треба од УЕФА да го забранат фудбалот во државава. Во Македонија нема чист клуб, тоа сигурно на сите ни е јасно. Исто така треба да ни биде јасно дека УЕФА до сега на сите наши екипи им прогледуваше низ прсти. Сметката на Вардар колку што знам со години е (беше) блокирана, сигурно се сеќаваш на ТВ кога покажуваа како Брацо исплаќал плати на играчите (на хартија за бурек напишани пресметките). Сега Вардар има сосема нова сметка, а истото до крајот на јуни ќе треба да го направат сите прволигашки екипи од Македонија (АД), во спротивно нема да може да се натпреваруваат во првенството наредната сезона...

Не може да влијаат на тоа кој ќе биде шампион, но може да влијаат врз комисијата за лиценцирање во однос на тоа кои екипи ќе добијат лиценца за настап. Вардар и да биде шампион може да не настапува во Европа, но доколку тоа се случи, тогаш нема никаква логика некоја друга екипа од државава да игра, бидејќи во овој момент Вардар е единствената екипа кај нас која што исполнува какви-такви услови за настап во Европа. ФФМ и Комисијата за лиценцирање се оние кои ја даваат лиценцата, УЕФА не избира кои клубови може да настапуваат во европските купови.

Ова од албанскиве весници е премногу аматерски напишано и базирано на фејсбук статус на Миленко, без притоа да се има било какво познавање на моменталната ситуација. Се согласувам дека чим Миленко нешто збори тогаш има причини за сомневање, но исто така уверен сум дека презентирана е само едната страна на медалот, односно онаа што на нив најмногу им одговара.

На крај, треба да се запрашаме кој навистина стој позади ваквите предвидувања, дали УЕФА или пак одредени луѓе од ФФМ!?
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Све океј, фузијата никој неможе да ја забрани и тоа е нормално низ цел свет и не е прв случај.
Ама мене едно не ми е јасно. Мислим дека кога се прае фузија фактички од два тима се добива еден. Е сега, не ми е јасно како Миравци игра пак втора лига? Ваљда тоа е спорно и затоа Вардар неможе да добие лиценца, очигледно е напраена некоја грешка.
 
Член од
19 мај 2010
Мислења
2.124
Поени од реакции
324
Narednata godina ke vidime Silna Shkendija. Shkendija sto ke bide glaven kandidat za shampionska titula
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.961
Работнички води 0-1 на гостувањето во Турново и има голема шанса за финалето...
На нас слабо ни иде :(
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
Работнички 0-2 води и прв финалист ајде сеа уште ние гол да дадеме
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom