Стаклен е овој аквариум? И ако можеш да споделиш кај точно се наоѓа Амазон?
Tи правиш, ко во војска му давале риби за јадење, и некој шо не јадел свинско си прашал: “Да не е свинска рибава“?
па не,ама не им е ништо посебно и во пет шоповите каде еден рој ги чуваат на мал простор,а јас немам посебен аквариум за желка па затоа прашувам.инаку куглата е таман голема белки ќе може да се снајде
Желката брзо расти, и ако ја почуваш внатре валјда ќе треба да ја кршиш куглата за да излези.Најмногу сакаат простор желките иначе,џабе ти е земањето само ќе хибернира ако нема место да се растрча, УВ ламба да се печи на суво, и нормално храна. Чував желки порано, имав направено голем терариум, кој во средината беше со вода, а странично со стакла направено сув дел полн со земја и насадено трева, од далеку изгледаше како ливада со езеро на сред неа. Живееја некое време, додека не влегов еден ден в соба (а ме немаше 3 дена) и не ме мавна гаднас миризба. Премногу валкаат, премногу смрдат, како и секој рептил пренесуваат салмонела, сака хигиена и многу чистење. Со исхрана се деликатни, ја им купував 1 кило мали рипчина од рибарница, 50-60 денари се просек, сецкани и по 2-3 парчиња дневно добиваа, замрзнати ракчиња сецкани, по некој црв дождовен се основна храна за нив. После 2-3 дена посна храна им се дава од тие глупите смоки и сушени ракчиња. Трева некој што има пловечка од аквариум добро е да се земи од неа, ја јадат ненормално, цела ќе ја испасат за 2 минути.
Кој ќе чува да знај предвреме ќе си ја земи белјата. Желка препорачувам најубаво да си ја чувате во двор, ако имате дворно езеро.Едино што ќе треба да и ставите греач во зима, или да ја преместите во некој терариум за хибернација. Напролет, пак во езерото.