Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Баталете ги тие муабети. Глеам Швајни мнооооогу споро влегува во форма. Ама со оглед на тоа што изборот се сведува меѓу него и Милер, секако Швајни би го играл.

Многу внимателно треба да се постави играта. Не смее глупо да нападнеме ние и некоја контра на гости да ни бапнат ама не смее никако ни да квачиме пред гол. Истата дисциплина и жар ни треба ко во вторникот. Реал можат и затворено да играат се виде со Барса ама им помогна Барса многу статично и изгубено делуваа. Освен тоа што им беше фората со тој Тељо и сами не знаат, ние си ги имаме Рибс и Робен по крилата па Арбелоа и канаринецот ќе бидат многу позафатени во среда.

Ако имаме резултат кај 70-75та мин. осеќам дека ќе се затвори Јуп, ќе го стаи Тимо да барикадира се, е тоа би било кинење нерви живо... Мислам дека во секој случај даваме гол, ама и Реал сигурно дава гол... Мудра и солидна игра ни треба, тоа е клучот ;)
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.536
Поени од реакции
22.193
А зошто не? Дека годинава ете порано испаднаа од Европските купови? Тоа е точно но треба последниве 4-5 години да земеме предвид како на пример 5-годишната УЕФА-листа. И ја викам дека неспорно Англија и Шпанија се најјаки првенства па после се Германија и Италија. Распоредот и не е најбитен пошто се доста блиски Англија-Шпанија и Германија-Италија. Муабетот ми беше дека не е фер и вистинито дека горе спомнатите екипи би биле први во Германија во секој случај.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Затоа шпанците имаат 5 од 8 екипи во завршницата на ЛШ и ЛЕ а германија само 1
Спортинг игра полуфинале, ниедна италијанска не игра. Спортинг убедливо би станале шампиони во Италија.
--- надополнето: 23 април 2012 во 14:09 ---
Aнглиска лига у никој случај според мене не би ја ставил како најдобра и прва...
хаха, и тој е смешен муабет. Англиската е подобра од шпанската.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
И што, нудел Атлетико по 30 миљони за трансвер. А шо да праи со парите од кои продава инзвонредни играчи ? Да ги донира во хумантирани цели ?
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
И што, нудел Атлетико по 30 миљони за трансвер. А шо да праи со парите од кои продава инзвонредни играчи ? Да ги донира во хумантирани цели ?
Сеа со сила веќе кога се тера темава овде ќе одговорам само на ова.

Со тие 30 милиони можеби би било фино Атлетико да покрие некој долг. Не може во Шпанија едни правила за игра, во Германија други а во Англија трети. Идејата е да се движи се тоа кон едни исти услови за сите.

Не може Атлетико да може да троши 30 милиони кои реално ги нема заработено, значи да се задолжува на големо за да купи играчи, а Бремен да не смее (во Германија губиш лиценца за ова). За ова го дрват 100 години тие што пратат Бундес Лига - дека клубовите во Германија се единствени во Европа кои имаа здрава финансиска основа - трошат онолку колку што заработуваат.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Сеа со сила веќе кога се тера темава овде ќе одговорам само на ова.

Со тие 30 милиони можеби би било фино Атлетико да покрие некој долг. Не може во Шпанија едни правила за игра, во Германија други а во Англија трети. Идејата е да се движи се тоа кон едни исти услови за сите.

Не може Атлетико да може да троши 30 милиони кои реално ги нема заработено, значи да се задолжува на големо за да купи играчи, а Бремен да не смее (во Германија губиш лиценца за ова). За ова го дрват 100 години тие што пратат Бундес Лига - дека клубовите во Германија се единствени во Европа кои имаа здрава финансиска основа - трошат онолку колку што заработуваат.
Прво се извинувам, пошо не ни ја заглеав во која тема пишувам, туку муабетот ми беше само да одговорам на тоа дека Атлетико заработи многу пари од трансверот на Агуеро и тие многу паметно ги вложуваат во други играчи кој ке го носат клубот, кој ке бидат предводници. Тоа ми беше целиот муабет, а за тоа со долговите и јас би сакал да е еднакво правилото за сите, ама секоја држава со свои побарувачки. Се извинувам уште еднаш, мислев нешто друго е темава. Нека е крај на муабетов. :)
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Од 2013 или 2014 ке почне финансискиот фер плај што го наметнува Платини па ќе видиме што како.Како и да е Германците се во пол позиција од старт.
--- надополнето: 23 април 2012 во 23:18 ---
Што мислите за Усами?Играше доста добро но е слаб кондиционо тоа се гледа.А иначе изигра добро,доста добри продори,дупли пасови и одличен пас до дрвото Петерсен.Ја мислам треба да го остават барем уште една сезона и да го пратат на калење во Нирнберг.

А Олич е друга прича.Ако остане во Баерн,мислам дека тоа ќе биде најголемата спортска трагедија :tapp:.Олич направи за Баерн многу но неможе да остане на стара слава а и не ги разбирам некои навивачи што го подржуваат иако игра доста дегенски.Колку е само смешен со тој неговиот дриблинг,се замислува дека игра со деца а трча како полжав.А левицата му е феноменална,какви само шанси се изнапромашува.Факт е дека ни Олич ни Петерсен заслужуваат место во Баерн.Нити дуел,нити брзина,нити знаат да се постават а камоли нешто друго.Баерн има потреба од низок играч;poacher во менаџерот :)
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
Ајде Фалте брат ќе ти држам среќа у Среда! :icon_lol:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Имам крокодили во стомак, нејќам да знам како ќе ми е утре... Шубаво си немав трема и си бев сигурен дека отпаѓаме минатиот вторник :icon_lol:

Бев песимист и ни донесе среќа па останувам песимист... И ќе ја носам истата маичка ко вторникот :pos:

Озбилно немам поима што да очекувам... од 3:0 за Реал до 3:0 за нас, се ми се чини можно а особено некое лудо 4:3 со гол во 89та... :свиркам:
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Имам крокодили во стомак, нејќам да знам како ќе ми е утре... Шубаво си немав трема и си бев сигурен дека отпаѓаме минатиот вторник :icon_lol:

Бев песимист и ни донесе среќа па останувам песимист... И ќе ја носам истата маичка ко вторникот :pos:

Озбилно немам поима што да очекувам... од 3:0 за Реал до 3:0 за нас, се ми се чини можно а особено некое лудо 4:3 со гол во 89та... :свиркам:
Јас ги замислувам Робери како прават парам парче на сред Сантијаго Бернабеу.:vozbud:А имаше добар коментар за Арбелоа на некоја од темиве дека си ја загреал кичмата за против Рибери,да не го боли многу кога ќе го брка Рибери :pos:.Клучната алка е Тони Крос дефинитивно.Моментално еден од најдобрите плејмејкери во светот а и доста искусно игра за своите години.Од него зависат и Робен и Рибери иако несомнено тие индивидуално се јаки па не би им бил никој потребен но пасовите на Крос се феноменални и отвора доста полу контри и контри.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
460
Поени од реакции
130
Го примија писмото циганите ајде уште утре и реал да го прима
 
M

Mario Gómez

Гостин
and so it begins... the great battle of our time. :icon_lol:

Утре крв ќе падне... цела сезона се сведува на тој натпревар.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Ова е шанса што не смее да се испушти. Гарант и ние ќе имаме супснезии 3-4 ама и Челзи имаат ете. Може и двата капитени да се суспендирани дури!

90 минути не делат до финале дома. 90 минути до историска шанса. Треба германски да се изигра, 120% борбено, организирано и приземјено. Претпоставувам дека после победата над Барса Реал сега летаат со умот дека се којзнае што - тоа мора да се искористи.

Време е да се вратиме кајшто ни е местото! Треба сите да изиграат како што знаат и блиску сме до остварување на сонот! Од Рибс и Робен очекувам дриблинзи и космодиск за Арбелоа и папагалот. Добри пасови од Кроос, враќање во форма од Швајни. Одбраната мора да е на ниво како и во првиот. Лам не му дае да прдне на манекенот, само така и на Бернабеу. Сите мора да помагаат назад. Гомез мора поефикасно да ги користи шансите. И на крај Јуп се надевам ќе најде оптимален микс - не смее предефанзивно ама никако не смее нешто наивно ко контра да ни бапнат на среде Мадрид...

FINALE DAHOAM! AUF GEHT'S BAYERN!

 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Тоа е тоа!Се е јасно,се е кажано!

90 минути до историско финале на домашен терен!

Утре само сакам,не да играат него да горат на теренот,тревa да не никнува после тоа....

Само така И ЌЕ ПОБЕДИМЕ!!!

Рибери е од 2007 во Баерн и оваа е неговата најголема утакмица до сега...Очекувам утре да ја предводи екипата во финале!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom