Анархија

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.782
Пумич, дали би плаќала паричен надоместок одреден како процент од твоета сопственост на одреден ентитет кој би имал обврска да извршува акти од општествено значење?
Да. Тоа го правиме и денес, не?
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Don't start! Имам и еко-анархистичка жичка. :)
Ќе ја однесеме темата во сосема друг правец и верувај ми, ниту ќе се согласиш со мене, ниту ќе успееш да ме убедиш. Човекот (поголемиот дел) е вирус во оваа земја. Сакајќи да си ја олесни работата, ја отерал природата во мајчина. Тоа, во комбинација со капитализам = трагедија.
И како предлагаш да ја спасиш мајката земја?

Уште нешто-те имам приметено да се бориш за човекови права на хомосексуалците во МК.Е сега,за да геј луѓето имаат права како што ти бараш тие права треба да бидат одобрени во посебен закон за заштита,а законот го донесува парламентот,како водечко државно законодавно тело.

Зошто се залагаш за укинување на државата,а во исто време бараш државна заштита на одредена група?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.782
Мнозинство Македонци ги сакаат САД, НАТО и Израел. Ама не значи дека нештото што го сакаат мнозинство луѓе дека е добро. Туку тоа е ЛОБОТОМИЈА.
На тие воопшто не можеш да им докажеш дека САД и НАТО ни се најголемите непријатели.
Ај шо ми е мерак да ве читам вас нелоботомираните, срцки сте :love:
--- надополнето: 23 април 2012 во 17:44 ---
Не вотева, те прашувам дали имаш желба да научиш нешто повеќе околу ова, ќе ти помогнам, па после, ако сакаш, дојди и ќе дискутираме. Не сакам да те присилувам.
Јас сакам. Но немам намера да читам анархистичка литература (сега за сега) преку глава ми е од оваа мојава. Но бидејќи ти читаш, ќе ти поставам прашања, ама да не ми кажуваш смешки ,,слога, љубов.....,,.

Прво, секој од нас е пред се биолошко, а потоа социјално суштество. Ако детето не го воспитуваш во човечка средина, нема да развие човечки карактеристики.
Факт е дека човекот - кој сакаш и од кај сакаш нека биде - сака повеќе за себе. Бара начин да ги задоволи своите потреби, а ако тие потреби се силни и не се задоволуваат доаѓа до дезинтегрирање на егото.
Ова до сега од тебе што го прочитав, ме доведе до заклучок дека анархизмот (а не анархијата ;) ) ги претпоставува егото и суперегото кај личноста, но некако го заборава id. Односно, го игнорира биолошкиот елемент во човековата личност.

Можам едно дете да воспитувам на слога, љубов, солидарност, итн. Баш така ја воспитувам сестра ми, всушност. Својата кифла да ја подели и да и даде на другарка и.
Но сепак, колку и да ја воспитувам така, кога другарка и ќе купи некоја нова играчка, сестра ми го сака истото - всушност, бара поубаво од тоа.
Такви примери има многу и кај најмалите деца, што значи дека потребата од тоа да имаш повеќе, не се учи - туку е веќе во нас, начин на преживување и вклопување во средината.

И сосема ми е неважно дали некој умрел или некој се родил. Зборувам од аспект на индивидуалната, посебната личност, а не за целината.
Важна ми е среќата на личноста.

Ако ти и уште 1 000 души создадете анархистичко општество (се извинувам ако погрешно се изразувам) еве, нека биде еден остров (кој има природни граници), и вие одлучите дека -се е сечие- тогаш, што ќе правиме, ако јас наберам 10 кокоси, и сите 10 ги сакам за себе, а сите вие имате по 3, да речеме? На кој начин ќе ми ги одземете?

Бидејќи анархизмот лежи нели, на добрата волја, ете - јас немам добра волја, сакам за себе - не сакам вас да ви дадам.
Ако насилно ми одземете, по што се разликувате од квази-комуно-социјалистичките системи кои беа пропаст најголема за личната благосостојба и среќа?

Кој ќе биде вашиот механизам?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Пумич, дали би плаќала паричен надоместок одреден како процент од твоета сопственост на одреден ентитет кој би имал обврска да извршува акти од општествено значење?
Дури и ако тој ентитет нема дефинирана правна обврска, ако гради објекти од историско значење како линиски бродови во пола метро вода или фура барок за широки народни маси...

Јок, ќе манипулирам и ќе потплатувам, а на крајот ќе објавам војна на најголемиот конкурент.
А ако сме баш 5 души, ќе ги свртам 3ца против тој на изворот, и ќе го избркаме. :)

Зошто сакам да имам повеќе од останатите.
Секој сака.
И ти сакаш.
Признај си, не мене, себе ;)
Ако ти ја скрати водата ами?
Знам, ќе го снимаш Делта форс 7, наместо оној типот шо јаде ќотек од Брус Ли...:icon_lol:

Секогаш има некој кој ќе има повеќе.
Aли здравје, ќе не повозиш со Мекларенот или Бентлито некој ден...:icon_lol:
 
A

AnFem

Гостин

Не бе златна, јас не сакам, ти сакај! Оние кои ме познаваат лично и подолг период, се сведоци дека јас отфрлив „царски“ живот и одлучив сама да си го заработувам лебот. Можев да имам многу повеќе, ама едноставно не ми е фер.
Ај молим те среди си ги малку ставовите, ме збунуваш. Еднаш си алтруист, еднаш си манипулативна кучка, еднаш сакаш да делиш и да помагаш, оти, нели, си таква, друг пат сакаш се’ за себе...

И како предлагаш да ја спасиш мајката земја?

Уште нешто-те имам приметено да се бориш за човекови права на хомосексуалците во МК.Е сега,за да геј луѓето имаат права како што ти бараш тие права треба да бидат одобрени во посебен закон за заштита,а законот го донесува парламентот,како водечко државно законодавно тело.

Зошто се залагаш за укинување на државата,а во исто време бараш државна заштита на одредена група?
Прашањето ти е одлично и на место! Проблем е што јас никогаш не молам држава за одобрение. Битно ми е да се уништи хомофобијата кај луѓето. Баш поради таа причина , ако не се лажам, некаде истакнав дека не би излегла на протест за да се одобрат хомосексуалните бракови. Излегувањето на мирен протест за барање на одредени права не го гледам како „поднесување на молба“, туку како подигање на свест, всушност, тоа би била едниствената причина зошто јас сум излегла на било кој мирен протест за барање на нечии права.

Јас сакам. Но немам намера да читам анархистичка литература (сега за сега) преку глава ми е од оваа мојава. Но бидејќи ти читаш, ќе ти поставам прашања, ама да не ми кажуваш смешки ,,слога, љубов.....,,.

Прво, секој од нас е пред се биолошко, а потоа социјално суштество. Ако детето не го воспитуваш во човечка средина, нема да развие човечки карактеристики.
Факт е дека човекот - кој сакаш и од кај сакаш нека биде - сака повеќе за себе. Бара начин да ги задоволи своите потреби, а ако тие потреби се силни и не се задоволуваат доаѓа до дезинтегрирање на егото.
Ова до сега од тебе што го прочитав, ме доведе до заклучок дека анархизмот (а не анархијата ;) ) ги претпоставува егото и суперегото кај личноста, но некако го заборава id. Односно, го игнорира биолошкиот елемент во човековата личност.

Можам едно дете да воспитувам на слога, љубов, солидарност, итн. Баш така ја воспитувам сестра ми, всушност. Својата кифла да ја подели и да и даде на другарка и.
Но сепак, колку и да ја воспитувам така, кога другарка и ќе купи некоја нова играчка, сестра ми го сака истото - всушност, бара поубаво од тоа.
Такви примери има многу и кај најмалите деца, што значи дека потребата од тоа да имаш повеќе, не се учи - туку е веќе во нас, начин на преживување и вклопување во средината.

И сосема ми е неважно дали некој умрел или некој се родил. Зборувам од аспект на индивидуалната, посебната личност, а не за целината.
Важна ми е среќата на личноста.

Ако ти и уште 1 000 души создадете анархистичко општество (се извинувам ако погрешно се изразувам) еве, нека биде еден остров (кој има природни граници), и вие одлучите дека -се е сечие- тогаш, што ќе правиме, ако јас наберам 10 кокоси, и сите 10 ги сакам за себе, а сите вие имате по 3, да речеме? На кој начин ќе ми ги одземете?

Бидејќи анархизмот лежи нели, на добрата волја, ете - јас немам добра волја, сакам за себе - не сакам вас да ви дадам.
Ако насилно ми одземете, по што се разликувате од квази-комуно-социјалистичките системи кои беа пропаст најголема за личната благосостојба и среќа?

Кој ќе биде вашиот механизам?
Пумо, одговорот на твоите прашања е даден неколку страни поназад. И јас сакам да учам повеќе за нутриционизам, ама не сум нашла ни време, ни пари да се запишам на факултет, па со она основно знаење што го имам (значи пак имам некакво), не им се буричкам на нутриционистите да им кажувам дали се во право или не. Ама ти ако сакаш да дознаеш повеќе за анархизмот и анархијата, апсолутно ти стојам на располагање, да одговорам на твоите прашања. Проблемот лежи во завземањето на некаков став. За да одлучам јас да се бавам со анархизам (барем се трудам), морав да кркам бедови и да ги читам срањата на Хитлер, па да читам детали за функционалноста на државата, за комунизам, социјализам, фашизам итн.

Во никој случај не е заборавен идот. Баш напротив, дури и кога воспитуваш дете, според мене, би требало да го учиш да го заслужи она што го бара. Не сите се лишуваме од задоволства, ама барем се учиме да си ги креираме истите. Затоа е и DIY(do it yourself) акцијата. Сакаш повеќе алишта? Сошиј си ги!( Значи поназад објаснив како би функционирала од прилика трампата во анархистичко општество (спред мене) ) За да добиеш нешто, ќе мораш да го створиш. За воспитувањето нема да продолжам, ќе излеземе од темата.

Одговорот за кокосите и за механизмот најди го поназад. Немам време да се повторувам.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.396
Поени од реакции
5.021
Никој не ја негира улогата на технологијата, посебно од појавата на првата ефикасна машина па понатаму. Но како се развило е друго прашање.
Капитализмот кој се надоврза на таа машина се развивал по заслуга на милиони наемни робови. Деца од 5-10 години кои умирале по рударски окна и рудари чиј просечен животен век не бил нешто импресивен. И останатите сектори не биле различни, железари, челичани, текстил, бродоградилишта....сето тоа се изградило со помош на смрт на милиони луѓе кои заработувале одвај за одржување на гола физичка егзистенција.

Слично е и денес на многу места, посебно НР Кина.
http://en.wikipedia.org/wiki/Child_labour#Historical
Пробуваш да ја смениш насоката на дискусијата која што ја почнавме, но не е битно.
Позитивни и негативни последици има од секој систем на владеење, па и од првобитните заедници, каде не постоела власт.
Капитализмот изгледа е најдобар досега, ако се земе квалитетот на животот, мада и социјализмот во екс СССР не е толку лош.

Робовладетелството било добро за многу мала група луѓе, феудализмот за нешто поголема, раниот капитализам вклучува некакво подобрување на животот во однос на претходните системи, а денешниот капитализам... па резултатите најдобро се гледаат во развиените земји.
И сега доаѓаме до точката каде што имам порано кажувано... Капитализмот не е вечен (барем не овој денес) и ќе се (с)менува.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Прашањето ти е одлично и на место! Проблем е што јас никогаш не молам држава за одобрение. Битно ми е да се уништи хомофобијата кај луѓето. Баш поради таа причина , ако не се лажам, некаде истакнав дека не би излегла на протест за да се одобрат хомосексуалните бракови. Излегувањето на мирен протест за барање на одредени права не го гледам како „поднесување на молба“, туку како подигање на свест, всушност, тоа би била едниствената причина зошто јас сум излегла на било кој мирен протест за барање на нечии права.
Значи ти се бориш гејовите да не бидат маргиналци и да не бидат осудувани од околината итн.Се е тоа ок,ама ај да речеме дека грото народ ќе биде согласно со тебе и ќе ги прифати,ама ќе се случуваат непријатности од помал тип.

На пример некој геј ќе се запосли во фирма ама овие од фирмата ќе го отпуштат оти е геј.Е сега гејот за жал нема да поднесе тужба за прекин на работен однос поради нарушување на човеково право оти нема правни одредби за неговата мака.Што правиме тогаш?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.782
Не бе златна, јас не сакам, ти сакај! Оние кои ме познаваат лично и подолг период, се сведоци дека јас отфрлив „царски“ живот и одлучив сама да си го заработувам лебот. Можев да имам многу повеќе, ама едноставно не ми е фер.
Ај молим те среди си ги малку ставовите, ме збунуваш. Еднаш си алтруист, еднаш си манипулативна кучка, еднаш сакаш да делиш и да помагаш, оти, нели, си таква, друг пат сакаш се’ за себе...

Прашањето ти е одлично и на место! Проблем е што јас никогаш не молам држава за одобрение. Битно ми е да се уништи хомофобијата кај луѓето. Баш поради таа причина , ако не се лажам, некаде истакнав дека не би излегла на протест за да се одобрат хомосексуалните бракови. Излегувањето на мирен протест за барање на одредени права не го гледам како „поднесување на молба“, туку како подигање на свест, всушност, тоа би била едниствената причина зошто јас сум излегла на било кој мирен протест за барање на нечии права.

Пумо, одговорот на твоите прашања е даден неколку страни поназад. И јас сакам да учам повеќе за нутриционизам, ама не сум нашла ни време, ни пари да се запишам на факултет, па со она основно знаење што го имам (значи пак имам некакво), не им се буричкам на нутриционистите да им кажувам дали се во право или не. Ама ти ако сакаш да дознаеш повеќе за анархизмот и анархијата, апсолутно ти стојам на располагање, да одговорам на твоите прашања. Проблемот лежи во завземањето на некаков став. За да одлучам јас да се бавам со анархизам (барем се трудам), морав да кркам бедови и да ги читам срањата на Хитлер, па да читам детали за функционалноста на државата, за комунизам, социјализам, фашизам итн.

Во никој случај не е заборавен идот. Баш напротив, дури и кога воспитуваш дете, според мене, би требало да го учиш да го заслужи она што го бара. Не сите се лишуваме од задоволства, ама барем се учиме да си ги креираме истите. Затоа е и DIY(do it yourself) акцијата. Сакаш повеќе алишта? Сошиј си ги!( Значи поназад објаснив како би функционирала од прилика трампата во анархистичко општество (спред мене) ) За да добиеш нешто, ќе мораш да го створиш. За воспитувањето нема да продолжам, ќе излеземе од темата.

Одговорот за кокосите и за механизмот најди го поназад. Немам време да се повторувам.
Алтруист никогаш и никаде не сум кажала дека сум, си имам свои ставови и љубов према животни, истите не ги експлоатирам и јадам. Према човекот помагам кога сакам, а никаде не сум рекла дека одма се би дала за децата во Африка да не гладуваат.
Мене вашиот шарен свет ми е смешен, и извини, ама сериозно да го сфатам анархизмот ми е како сериозно да го сфаќам тинејџерот кој е ,,несфатен,,. Затоа и немам намера да одделам посебно време и внимание, затоа постои форум, каде што можам да прашам тоа што ме интересира, без да читам посебно или да се едуцирам посебно.

А твојот одговор не очекувам да биде есеј, просто прашање и прост одговор побарав, а темава е повеќе од напорна за читање.
Фала во секој случај ;)
--- надополнето: 23 април 2012 во 20:50 ---
Дури и ако тој ентитет нема дефинирана правна обврска, ако гради објекти од историско значење како линиски бродови во пола метро вода или фура барок за широки народни маси...

Ако ти ја скрати водата ами?
Знам, ќе го снимаш Делта форс 7, наместо оној типот шо јаде ќотек од Брус Ли...:icon_lol:

Секогаш има некој кој ќе има повеќе.
Aли здравје, ќе не повозиш со Мекларенот или Бентлито некој ден...:icon_lol:
Јас не страдам зошто некој има повеќе од мене. Само се стремам да стигнам таму.
И аплаудирам на тие што имаат, зошто постигнале, вака или онака ;)
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Анархистичкото општество неможе да опстои поради една и единствена причина, а таа причина е човекот, човекот е живо суштество кое по природа е грабливо, секој сака да присвои од колачот повеќе за себе, секој сака да има повеќе од тој до него, секој на секого гледа како конкуренција и потенцијална опасност, слично е и кај животните, посилните животни ги јадат послабите(ланец на исхрана), ваквиот ланец постои и кај човекот, но во поблага форма(без јадење) !
Дури и да има Анархистичко општество прашање е колку време би опстанало !
Сите луѓе не сме исти, некои луѓе се задоволни со помалку, некои со средина, а некои сакаат повеќе, денеска во Капитализмот луѓето(грото) не сакаат да стојат/тапкаат во место, туку напротив се борат за успех, напредок, просперитет, бркаат кариера, работа, бизнис, профит ............ сакаат да возат нови коли, сакаат да живеат во убави куќи, сакаат да шетаат и одат по одмори, сакаат да се модираат, сакаат на своите деца/дете да му обезбедат пристоен живот и сигурна иднина и.т.н. не сите луѓе сме исти и не сите луѓе имаме исти сфаќања и погледи, некој ужива на едно, некој ужива на друго, некој на нешто трето, има луѓе кои се доста затворени, повлечени и скромни, има луѓе кои сакаат да си живеат просечно, без поголеми луксузи, некои пак уживаат на големи луксузи, но сето тоа си зависи од џебот, со право рекле старите: колку ти е долга чергата, толку ќе си ги испружиш нозете и навистина е така, без разлика дали сакам или нејќам едноставно неможам да живеам луксузно ако џебот ми е тенок, ќе си живеам постегнато и поскромно, но среќата не е секогаш во парите и со немногу пари може просечно и човечки да се проживее !
 
A

AnFem

Гостин
Значи ти се бориш гејовите да не бидат маргиналци и да не бидат осудувани од околината итн.Се е тоа ок,ама ај да речеме дека грото народ ќе биде согласно со тебе и ќе ги прифати,ама ќе се случуваат непријатности од помал тип.

На пример некој геј ќе се запосли во фирма ама овие од фирмата ќе го отпуштат оти е геј.Е сега гејот за жал нема да поднесе тужба за прекин на работен однос поради нарушување на човеково право оти нема правни одредби за неговата мака.Што правиме тогаш?
Тогаш она што го предлагам и сега. Бездржавно општество ;)
Успат, постои закон против дискриминација.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Хомосексуалците, како и сите други маргинализирани заедници и сега во државниве општества се заштитени со закон(барем на хартија/закон против дискриминација), е сега тоа што јавно несмеат слободно да си се декларираат како такви тоа е поради стравот од средината(другите луѓе), додека пак државата како држава нив ги признава како еднакви луѓе .......... хомосексуалците се осудувани не од државата, туку напротив од другите луѓе, кои ги гледаат со потсмев и погрдност, државата напротив ги признава и ги штити(законски) ваквите маргинализирани заедници, кога ќе излезат на парада доаѓаат на ’’нож’’ не од државните служби/институции, туку токму од останатиот народ кој најчесто физички ги напаѓа, па полицијата(државен орган) мора да реагира и да ги одбрани од толпата народ која ги напаѓа !
П.С. Хомосексуалците кои пред две-три години направија скромна парада во центарот на СК. дојдоа на ’’нож‘‘ не од десничари/конзервативци, туку од еден левичар(С.У./С.Т.Л.С.) !
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Тогаш она што го предлагам и сега. Бездржавно општество ;)
Успат, постои закон против дискриминација.
Тоа нема да го сопре "робувањето" на работникот во фирмите. Она што државата (треба да) го овозможи е социјална, здравствена и безбедносна заштита, функционирање на правото и институциите и други функции. Не знам во кој смисол всушност вие и робувате на државата. Оние слики од дечиња му робуваат на компаниите.
Без држава прашање е како сето ова ќе се организира, кој ќе ја преземе улогата на социоекономски и безбедносен регулатор...ќе настане хаос кој најголем % од луѓето нема да го преживее (Fallout New Vegas). Баш хаос.
Ако веќе сакате да не робувате или да не постои хиерархија почнете со приватниот капитал (мада и тоа не е ропство пошто имате право на избор)...Сопругата работи у приватно, не и робува на државата. Му робува на газдата (ако прифатиме работниците да ги нарекуваме робови како што споменавте наназад некоја страна). Тоа значи фирмите, недвижнините, земјиштето...да се укине приватна сопственост на средствата за работа. Како што постоele разни видови заедници низ историјата, во крајна линија југословенските задруги кои баш и немаа некоја продуктивност...Нешто слично како теориите за комунизмот. Убави теории ама тоа со оваа свест, додека човекот постои нема да се случи, барем во пошироки размери. Чист доказ се преполните затвори и криминалот кој непречено се развива.
 
A

AnFem

Гостин
Тоа нема да го сопре "робувањето" на работникот во фирмите. Она што државата (треба да) го овозможи е социјална, здравствена и безбедносна заштита, функционирање на правото и институциите и други функции. Не знам во кој смисол всушност вие и робувате на државата. Оние слики од дечиња му робуваат на компаниите.
Без држава прашање е како сето ова ќе се организира, кој ќе ја преземе улогата на социоекономски и безбедносен регулатор...ќе настане хаос кој најголем % од луѓето нема да го преживее (Fallout New Vegas). Баш хаос.
Ако веќе сакате да не робувате или да не постои хиерархија почнете со приватниот капитал (мада и тоа не е ропство пошто имате право на избор)...Сопругата работи у прифатно, не и робува на државата. Му робува на газдата (ако прифатиме работниците да ги нарекуваме робови како што споменавте наназад некоја страна). Тоа значи фирмите, недвижнините, земјиштето...да се укине приватна сопственост на средствата за работа. Како што постоele разни видови заедници низ историјата, кибуци во крајна линија југословенските задруги кои баш и немаа некоја продуктивност...Нешто слично како теориите за комунизмот. Убави теории ама тоа со оваа свест, додека човекот постои нема да се случи, барем во пошироки размери. Чист доказ ти се преполните затвори и криминалот кој непречено се развива.
Конкретно во дадениот пример, се зборуваше за барање права од државата, т.е. донесување некакви закони, кои би биле од корист некому.
Дадовме примери за алтернатива на ова општество, т.е. бездржавно и безкласно. Напишавме најкартко и најразбирливо за секого како нема да настане хаос. Не знам што уште треба да се објаснува.

Знаеме како за да не робуваме. И нормално, целиме кон тоа. проблемот е што хиерархијата ќе биде сеуште присутна. И истите господа кои се наоѓаат „погоре“, ќе направат се’ за да го уништат она што ќе го створиме, како што веќе искуството не’ научило.

Затворите полни со луѓе и не ми се некаков доказ. Не викам дека нема општествен отпад и таму, меѓутоа повеќето се обични луѓе кои направиле fail во борбата за подобар живот. Вистинските криминалци се на слобода и се на врвот од „пирамидата“.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Конкретно во дадениот пример, се зборуваше за барање права од државата, т.е. донесување некакви закони, кои би биле од корист некому.
.
Закони постојат, донесени се токму од државата (спречување монопол, минимални плати, социјална заштита на сиромашни, деца и мајки...да не набројувам). A во производен процес ако не постои хиерархија...пропадна производството. Тоа ти го пишаа како пример многу страни наназад, да не ги повторувам.
Затворите полни со луѓе и не ми се некаков доказ. Не викам дека нема општествен отпад и таму, меѓутоа повеќето се обични луѓе кои направиле fail во борбата за подобар живот. Вистинските криминалци се на слобода и се на врвот од „пирамидата“.
без разлика, криминал, себичност, грабливост .... Се надевам импланти не се во игра :)
Знаеме како за да не робуваме.
Како конкретно и робуваш на државата ако фирмата ти дава мала плата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom