ОК и јас поради хххх причини и фактори не ја сакам 100% државата т.е. одредени нејзини институции(да не ги набројувам) !
Повеќето луѓе(да неречам сите) се генерално незадоволни од државните институции, некој е незадоволен од едни институции, некој од други и.т.н. а со самото тоа што не си задоволен од државните институции(нивната работа) по автоматизам и не си задоволен од самата држава, а со самото тоа што не си задоволен од државата, автоматски не си задоволен ни од работата на политичарите(власта, па и опозицијата) !
Но и покрај незадоволството од политичарите, од државата и од нејзините институции, пак си врзан за нив т.е. зависен си од нив, на пр. имаш здравствени проблеми и покрај тоа што не си задоволен од здравствениот систем пак ќе отидеш на доктор и тоа во државно здравство, бидејќи таму е сепак поевтино, за разлика од приватно, ако некој те нападне и те ограби, одма ќе побараш помош од полицијата, ако со некој човек имаш некаков спор, нема да се истепате сигурно, туку ќе појдете да ја барате правдата на суд, вашите деца сигурно дека ќе треба да се описменат, па и покрај тоа што не сте задоволни од образовниот систем на државата, сепак вашите деца ќе ги запишете да стекнат образование во истиот и ред други работи !
Во ниту една држава во светот граѓаните не се 100% задоволни од политичарите(сите), од државата и од нејзините институции, но сепак без нив нормалниот живот не би бил возможен и би се вратиле во камената доба !
Точно е тоа дека постојат и вишок на државни институции, кои навистина реално гледано се непотребни и треба да се укинат т.е. да се намали/редуцира државниот апарат и да се сведе на минимум, колку да може да опстои државата, но мора да постојат најосновните и есенцијални државни институции: полиција и армија(мир, безбедност, сигурност), судство(правен систем), школство, здравство... без овие институции навистина негледам како би било возможно да тече нормалниот живот на граѓаните, било каде !
Каква е таа Анархистичка утопија: граници ЈОК нации/народи ЈОК валута/пари ЈОК класи и хиерархија(власт) ЈОК држава/државни инст. ЈОК полиција ЈОК армија ЈОК правен систем ЈОК здравство ЈОК образование ЈОК ................... = враќање во камена доба !
Човештвото постои илјадници години и уште од најдамнешни праисториски времиња си постоеле овие работи како граници, хиерархии(власт/водачи), класи, валути/пари(прво монети, па потоа и банкноти), армии/војски, судови и.т.н. па дури и во првобитното општество во племенските заедници имало некаква хиерархија(патријархат, матријархат) и.т.н. значи и тогаш немало целосна Анархија, сепак имало некаква хиерархија и правила !
Пола век живеевме во Социјализам, па сепак и тој систем не беше многу поразличен од денешниов и тој систем беше етатистички, си постоеше држава, граници, народ т.е. народи, владеачка партија, политичари, власт/водство, државни институции(полиција, армија, тајни служби, судство, здравство, школство и.т.н. и.т.н.) така да Анархијата крај краева и нема благе везе со Социјализам, ниту пак со ниту еден друг сегашен или поранешен систем, бидејќи сите системи(досегашни+сегашниов) биле/се етатистички што е спротивно од основните начела на Анархизмот, кој се залага за утописка и замислена 100% бездржавност !