Што се случува доколку испиеш Кока-Кола?

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Во продолжение

Во првите 10 минути: 10 лажички шеќер одеднаш го наплиснуваат твојот систем. Тоа е вкупно потребната количина шеќер за цел ден. Ти нема веднаш да добиеш нагон за повраќање од таа прекумерна блажина затоа што фосфорната киселина го намалува благиот вкус и ти остануваш смирен.

По 20 минути: Нивото на шеќер во твојот крвоток добива амплитуда, што предизвикува наплив на инсулин. Твојот џигер одговара на овие брзи промени со тоа што го претвора целиот шеќер кој му е на располагање во маснотии. А има поприлично шеќер на располагање во моментот.

По 40 минути: Завршува апсорбцијата на кафеинот. Зениците ти се шират и крвниот притисок ти расте, како што твојот џигер напластува сè повеќе и повеќе шеќер во твојот крвоток. Аденозинските рецептори во твојот мозок сега веќе не можат да создаваат сензации на поспаност и ти си „хај“.

По 45 минути: Твоето тело го зголемува производството на допамин, со што се стимулираат центрите за уживање во мозокот. Ова е инаку сосем истиот принцип на кој функционира хероинот.

По 60 минути: Фосфорната киселина ги врзува калциумот, магнезиумот и цинкот кои се преработуваат во твоите црева, со што дополнително се покачува метаболизмот. Тоа се комбинира и со високи дози шеќер и вештачки сладила, со што се зголемува исфрлањето на калциум по уринарен пат.

По 60 минути: Доаѓаат на сила дијаретските својства на кафеинот, што те тера повеќе да уринираш. Со тоа уште повеќе се обезбедува дека ќе ги исфрлиш калциумот, магнезиумот и цинкот, наместо да отидеа како што требаше во твоите коски. Исто, ќе исфрлиш и натриум, електролити и вода.

По 60 минути: Како што почнува да спласнува журката во твоето тело, ти почнуваш да добиваш шеќерен крах. Стануваш раздразлив и безволен. Исто така, сега буквално ја имаш изуринирано целата вода која беше во Кока-Колата. Ама претходно си ја збогатил таа отпадна вода со вредни хранливи состојки кои твоето тело можело да ги искористи за, на пример, поцврсти коски и заби.

Што содржи Кока-Кола Зеро?

Фенилаланин - Го намалува лачењето на серотонинот (хормон на задоволство).

Фосфорна киселина - Ја смалува густината на коските, затоа што ги врзува калциумот и магнезиумот и формира соли.

Натриум цикламат - Вештачки засладувач кој бил забранет во 60те год. од минатиот век, бидејќи откриено е дека формира канцерогени материи во организмот.

Натриум бензоат - Конзерванс, кој може да реагира со Витамин Ц и да формира Бензен, кој има канцерогени својства. Утвредно е и дека оваа материја предизвикува оштетување на ќелиите, затоа што влијае на митохондријата.

Ацесулфам Калиум - Се мисли дека е канцероген.

Кофеин - Диеталните газирани сокови содржат 30% повеќе кофеин од обичните газирани сокови. Пепси макс лименка има 69 mg, додека кај обичното пепси лименка 38 mg кофеин.

Аспартам - Се мисли дека е штетен за мозокот, бидејќи имало гласини за тој случај од истражувањето во 80те год. од минатиот век.
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Ова за 2литри, 1 литар или само една чаша?
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923

Вистина е ова се.Ама искрено,поготово летно време коа си отворам лименка кока кола кога слушнам звук Чак и како издишува па кога отпијам тоа е чувство незаменливо. :D инаку ретко практикувам :D
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.979
Поени од реакции
12.601
Приказни за плашење деца. Никогаш нема да дознаеме дали е вистина ова, а и да е вистина можеби не е толку трагична колку што звучи. Ако е така тоагаш пола свет до сега требаше да биде разболен и распаднат. Баталете здравствени организации и истражувања, нив само пари ги интересираат на сметка на стравот од смртта. Лажат и ич к*р не ги боли.
очаен обид со анти реклама.
 
Вистина е ова,мајка ми е нутриционист ми има кажувано за Кока Колата.Таа претставува причина број 2 за гојазноста во Америка.Но,секако дека не е штетна во мали количини,штетно е за тие што ја пијат секојдневно.Но,нели првиот пат се продавала само во аптеки,како лек против дијареа :D
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.979
Поени од реакции
12.601
Вистина е ова,мајка ми е нутриционист ми има кажувано за Кока Колата.Таа претставува причина број 2 за гојазноста во Америка.Но,секако дека не е штетна во мали количини,штетно е за тие што ја пијат секојдневно.Но,нели првиот пат се продавала само во аптеки,како лек против дијареа :D
Да, се што е прекумерно е штетно, тоа е универзално правило :)
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Оргиналот уште се вика Кокта.
Таа Македонската Кокта што се произведуваше во Охрид сега се вика Биљана. :D

Иначе јас преферирам Фанта Шоката! :P
Хахаха да да xD
Инаку за Кока - Колата го викаат тоа, а пак за оваа Шокатава имам слушнато дека имала штетно влијание за машките.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
... ќе ждригнеш :icon_lol:...

Ако почнеме да се водиме по сите кампањи за здрава исхрана и пијалаци, ќе треба да останеме практично и гладни и жедни. Клучот е во умереноста при конзумирање, со ништо не треба да се претерува. Иако не сум чула дека некој умрел од преголема доза Кока-Кола...

П.С. А може е оваа информација пласирана од Пепси :sneaky: ?!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom