Фудбалски турнир на фан клубови во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Pravnice
  • Време на започнување Време на започнување
Интересна работа, добра ви е идејава. Само немојте да ги ставате фан клуб Реал против фан клуб Барса бидејќи ќе се исколат. xD

тоа ќе биде финалето, ќе наместат Реал vs Барса да биде финалето. Acid ќе биде ко Платини! :D
 
За да успее еден ваков проект, кој секако е добра идеа, треба солидна организација. Како прво нема официјални фан клубови за сите тимови, што значи нема листи со членови на тие фан клубови, за да се знае кој смее да игра а кој не. Под официјален фан клуб не подразбирам Фан клуб на АЦ Милан на фејсбук, и да дојдат 5 екипи да напраат.

Единствен начин да успее ова е солидна организација, состанок на преставници на официјални фан клубови, листа на членови и потоа се друго... Терени, награди, топки. :)
 
Ајде бе одма се откажувате, се сакате некој друг да организира а само неколку души треба да запнат и да бидне. Не е тешко само треба малку воља време и енергија ;).
 
Јас реков и претходно имате сите информација. следните 10 дена нека бидат договарања па ке организираме еден состанок по двајца од секој фан клуб. И секој фан клуб ке си преземе обврска да направи барем еден тим, ако има интерес и два.
Јас мислам дека барем 4 фан клуба ке се собереме, Ливерпул, Арсенал ,Манчестер, Баерн, увентус, Интер...за тие знам дека постојат.
Значи имате 10 дена да се организирате на ниво на фан клуб и да ја разглобите идејата. После 10 дена состанок и таму се ке се договори и крај. После тој состанок нема откажување. Јас ке ја истерам оваа идеја па макар пукнал!!!
 
Розо моја како да доживее успех, кога ти си се пријавил, досега за Ливерпул се што си се пријавил не си дошол:)
Овојпат гарантирам дека ке доживее успех, малце организација и сериозност треба, се што не е сериозно у старт ке биде избацено.
Пак нема да успее.....поарно одете играјте си онака како шо си играте во Скопје. Ионака само скопски екипи ќе бидат
 
Јас реков и претходно имате сите информација. следните 10 дена нека бидат договарања па ке организираме еден состанок по двајца од секој фан клуб. И секој фан клуб ке си преземе обврска да направи барем еден тим, ако има интерес и два.
Јас мислам дека барем 4 фан клуба ке се собереме, Ливерпул, Арсенал ,Манчестер, Баерн, увентус, Интер...за тие знам дека постојат.
Значи имате 10 дена да се организирате на ниво на фан клуб и да ја разглобите идејата. После 10 дена состанок и таму се ке се договори и крај. После тој состанок нема откажување. Јас ке ја истерам оваа идеја па макар пукнал!!!
Ако мислиш на официјални фан клубови(не од форумов), тогаш кога ќе имаш првични информации и кога ќе ги контактираш останатите, контактерај ме и мене за Интер.
 
Ако мислиш на официјални фан клубови(не од форумов), тогаш кога ќе имаш првични информации и кога ќе ги контактираш останатите, контактерај ме и мене за Интер.

Нормално, организација на ниво на фан клуб од Кајгана тешко иде. Вака сите си се познаваме во сопствен фан клуб и си знаеме горе доле колку е секој сериозен. Ќе ја истуркаме работава немајте гајле Само ми треба почетен фидбек за до прв состанок.
 
Конечно на некој му текна,супер е ова да се организира:)! Барем да се собереме 8 екипи,значи тоа му доаѓа 1/4 па 1/2 и на крај финале:)
 
фан клубот на Интер вчера организираше турнир во мал фудбал за членовите на групата, организацијата беше успешна.
 
Мислам лани кога беше од Арсенал организиравме меѓу нас и с собравме 2 екипи, од кои повеќето се членови во фан клубот што значи од Арсенал ќе има деца доволно. Ете го топче ќе договори зошто е во подобар контакт.
 
Дали некој правел муабет во својот фан клуб.....гледајте некаде до недела да имате веќе издефинирано па да почнеме да договараме термин за состанок. Договорете си се меѓу себе и по двајца претставници од секој фан клувб седнуваме некаде и се договараме.
Теми за мислење....особено битно терен, погоден за луѓе од сите делови на Скопје ....
 
Може, еве јас колку толку успеав за нашите фанови од Интер Клуб Армата да организирам турнир со 4 екипи и сите учесници беа задоволни од организацијата и наградите. Па што се однесува до нас сме за, ние игравме кај Гуц на терен со вештачка трева од полузатворен тип
 
Според ентузијазмот сега за сега Топче, Џену и Консиљере се моите луѓе. Веќе мислам дека можеме да кажеме дека има 4 тима така да ете мини формат за турнир. Викендов ке закажеме состанок за наредна недела.
 
Среда дали одговара да направиме една собиранка??? Интер, манчестер, Арсенал, Ливерпул....кој друг???
 
Правниче јас сега на состанок ќе спомнам за ова и ќе видам колку се заинтересирани
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom