Понекоаш играм баскет со свештеникот од Антиохиската Црква, Цанде. И да ти кажам, не е лош баскетџија.
Него, не бутај се` во ист кош. Расколот во Православието е хаос -- не само по однос на МПЦ, ами и по однос на редица други помесни цркви. Ова е политичка тема и нема ништо заедничко со братската љубов која свештениците и ереите ја проповедаат...Цанде.
Пеце, те следам по многу теми на форумов и признавам дека за многу работи имаш знаење (иако не се сложувам со товојата перцепција на работите) но за конкретнава мислам дека кошот што го спомна е "набутан" од твоја страна. Јас не прашував за тоа дали те прифаќаат да играш баскет со нив, туку конкретно стана збор за учество во светите тајни на Црквата. Ако го прашаш, сигурно ќе добиеш соодветен одговор за тоа дали неговиот надлежен Епископ дава благослов да се причестат наши луѓе од МПЦ.
Вранишковски не е решение, можеби имаше потенцијал, но влезе избрзано, некомплетно како сите актуелни помесни Цркви т.е.како МПЦ. Затоа народот не го препозна како решение, иако тој лично со неговата Црква е во Единство со Христа.
Но јас зборувам за целиот православен Македонски Народ.
Тука секако има многу да се збори, ама мислам дека ние самите го направивме човекот херој. По толку непријатности и не баш соодветно однесување кон Вранишковски не оцрни нас насекаде по светот и веќе е доста оштетена страната на МПЦ бидеќи во него гледаат како на маченик. Ако се оставеше мирно да помине ситуацијата, како ли ќе беше денес? Вака си го навлековме негативното мислење на скоро сиот Православен свет и врз старите проблеми се додаде уште еден, и тоа доста сериозен.Како што на времето кажа и о. Санџаковски, ситуацијата се отежна бидејќи сега во дијалогот со СПЦ ќе имаме и трета страна, Црквата на Јован. Што се однесува до кажаното за Вселенскиот дека не го прифатил томосот на Јован заради Р. Македонија не држи вода од проста причина што сите општат со него, а како што прочитав завчера сите Епископи од Америка на чело со Архиепископот Димитриј (Вселенска Патријаршија) испратиле писмо до Хилари за ослободување на Вранишковски. Тоа, според мене, е доста поддржувачки за него. Да не ги споменам личните контакти кои ги имам со многу официјални и неофицијални лица - свештеници и мирјани од целиот свет му даваат поддршка толкму нему. Значи ние како МПЦ губиме позиции во светот пред се со нашите постапки и пасивност.
Вистина е дека Светиот Синод со прст не мрднува за било каков потег кон признавање но зарем народецов наш насушен мојт нешо да напрајт? Па кој го слуша? Запознаени се нашиве верници со вистинската состојба на нашата Црква, која de facto се наоѓа во шизма која и тоа како боли? Мислам дека ако се направи анкета 99% од народот ќе кажат дека ние сме афтокефални. На што се должи тоа; на објективното гледиште кон конкретната проблематика или можеби на некаков вид пропаганда за да си ја утешиме совеста и да си велиме дека не сме во шизма, или што знам, тоа не важи за нас...?
Мики брат, тоа што имаме несогласувања за одредени теми е добро како за нас, така и за сите кои ја критикуваат Црквата бидејќи нашата објективност на тој начин може да дојде до израз. Она што кажа за Црквата во Русија ништо не е точно. Доколку ги следиш случувањата таму, ќе беше повеќе запознаен со тоа дека во Русија има огромен напредок на секое поле. Народот увелико се враќа кон мајчица-Црква, коај не е пасивна туку е мнооогу активна. Сама организира мисионерство и катихејски предавања на кои народот и те како се одзива во мноштво. Црквите им се преполни, народот пости. Незнам од кај го извади она 2% дека постеле Русите, а за да бидеш објективен треба да го изнесеш и соодветниот процент на постачи кај нас, да не збориме за срамот на свештенството каде мал дел го почитува постот што е за срамота и секаква осуда (лично познавам такви свештеници меѓу кои и мои роднини). Само како за пример би го посочил она што се случи неодамна кога од Света Гора дојде Поојасот Богородичен за поклонение во Русија. Па народот на -20 па и поладно чекаше во редици по 5 до 8 километри само и само да се поклони на тоа големо сведоштво за Вознесението Богородично. Свесен си за тоа по колку часови се чекало во ред?Тоа што се занимаваат со современа проблематика не е воопшто битна за денешниот современ човек бидејќи само така може да му понуди одговор за проблемите што го мачат денес (секаков вид наука, теоријата за еволуција и сл.). Тука се гледа зрелоста на една Црква и свесноста за нејзината улога и мисија во светот. Ти знаеш колку Руски свештеници гинат годишно од напади на окултисти, муслимни и разни непријатели на црквата? Од кои прилини гинат? Затоа што се занимаваат со тоа колку пари ќе земат од Задушница и дали ќе им влезе друг свештеник во реонот? Те молам брате, објективност барам а не пристрасно гледање на работите.
Втора работа, ако беше запознаен со проблемот во Грција ќе ти беше појасно дека сето тоа се случува само и само за да се нападне Црквата поради нејзиното огромно позитивно влијание во зачувување на верата, на човечкото достоинство, на семејството и на многу др. важни работи кои Системот (читај: Новиот Светски Поредок) сака да ги одземе од сите Православни земји, не само од Грција. Они всушност се борат и за нашите права. Ако малку повеќе почепкате по интернет на страни кои се објективни, ќе видите дека Грција е прва на удар, а ќе следуваат сите останати. Системот ќе гази додека не срамни со земја се она што му стои на патот, а пропагандата секако е дел од оружјето со кое се користи. Немојте да бидее жртви на истата поради некакви национални идеи (мој совет)!Не се малку барањата на ЕУ кон Грција кои се насочени против Црквата, а јасно е и зошто е тоа така. Не треба повеќе објаснување. Црквата Православна (без разлика во било која земја и да се наоѓа) колку повеќе ја напаѓаат, толку посилна ќе излезе.
Национализмот за кој ги исудуваме другите сметам дека токму кај нас е во огромна експанзија. Не верувам во никаква конспирација против Македонија и во најголемиот дел (се ставам тука и себе си) самите сме си криви за ситуацијата во која се наоѓаме. Во Русија (бидејќи ја спомнавте а имам информации од прва рака) има народ од разно потекло во Црквата. Сретнуваш луѓе со словенско, татарско, монголско, итн. потекло и сите живеат во мир и љубов меѓусебно. Зошто само ние осудуваме дека Црквата е поделена на национален основ. Па тоа секој го знае дека не е точно. Една е Црквата Христова и таа не се дели!
Така некако би требало да биде објективното размислување во врска со конкретните предизвици на Православната Црква. Бидејќи доста време со семејството живееме надвор од Македонија (поради професионални обврски кон фирмата која ме вработи) со други очи ги гледам работите, но и често патувам во родината па имам можност да споредувам. Тука дишам друг воздух, незагаден (лично мислење и став, нели...). И да бидам уште малку по директен и да "подбуцнам" малку (за да се разбранува застоената вода која кај нас веќе почнала да се умирисува) сметам дека кај нас Црквата е жртва на Власта (било која и да е ВМРО, СДСМ или која и да биде утре) и на разните ТВ или печатени медиуми кои се орган на пропагадата од и кон Власта (тоа значи дека негогаш се употребуваат ЗА интересите на Државата, а некогаш и да и се даде правец на движење на истата што значи дека Државата е контролирана однадвор). За ова е потребно човек да има доволна самосвест и добро познавање на околностите. Црквата е држена во заложништво од разни недвижности кои не и се вратени со денационализација како разноразни Изгреви, Свети Науми (за жал за манастирот шт го направија хотел)... и сега за да добие трошка од државните пари прави онака како што ке и се ќефне на Државата. Тоа треба еднаш засекогаш да се реши и Црквата треба да биде оставена сама на себе за да може да дејствува според мисијата и местото кое и е дадено во нашево време-невреме. Незнам колку ќе бидам сфатен, но тое не е битно. Битното е да се мрдне не од НУЛТА точка туку од минус и да се направи нешто, ама за начинот на кој што треба да се делува останувам со огромната доза на скептицизам бидејќи пред се Синодот треба да ја покрене таа работа (а искрено не гледам таков потенцијал во истиот), додека свештенството е само послушничко. Познавам многу свештеници од "стара" и "нова" гарда кои не ми даваат никаква искра надеж дека нешто би се променило во блиска иднина. Народот Божји? И тука сум скептик, па така само на чудо би ја сведол можноста за евентуална промена на нашата ситуација.
Претпоставувам дека повеќето (ако не и сите) нема да се сложат со овој мој поглед на нештата но сметам дека дадов доволно причина и предизвик за размислување кое во секој случај ќе биде на добро. Секоја реакција нека биде за доброто на Црквата и за тоа треба секој Православен да се бори, за Вистината, за општењето со Бога и со ближниот во Љубов... без гнев и осуда, без раската на братот а гредата во нашето око... самокритиката и објективноста секогаш носат добри плодови наспроти егоизмот, безразлика дали е на лично или национално ниво. Ве поздравувам и јас во мир и ви посакувам секое добро во Бога!
P.S: Заборавив да кажам дека Црквата почна да се дели на национална по Берлинската Конференција во 1884-85 за да се формираат многу ситни државички и да не се овозможи реобединување на Визнатиското Царство и со тоа да се зајакне Православието. Раздели па владеј!