Двајца христијани убиени во напад врз црква во Кенија
Осумгодишно дете почина денеска поради повреди во напад на исламски екстремисти, кои во саботата (31 март) фрлија граната на христијанска средба близу крајбрежниот град Момбаса во Кенија, при што беше убиена една жена, а повредени беа најмалку 30 лица, пишува CDN.
-Осомничени за спроведување на смртоносната експлозија се исламските екстремисти од бунтовничката група Ал Шабаб во Сомалија, иако групата не ја презеде одговорноста за нападот, изјави кенискиот министер за внатрешна безбедност Џорџ Саитоти.
Власта, која минатиот октомври започна воени операции против Ал Шабаб, денеска издаде предупредување за можен напад од нивна страна за време на прославите за Велигден овој викенд во Кенија.
Имено не се соопштени имињата на починатите.
Христијаните кои живеат во крајбрежните области на Кенија се обземени од страв после нападот, кој според очевидец се случил помеѓу 19:00 и 19:30 навечер, додава CDN.
На средбата, која била организирана од Друштвото свештеници на Мтвапа, се собрале околу 500 христијани. Планирано било средбата да трае од петок до недела, меѓутоа заради нападот средбата не продолжила.
-Некој од возило Nissan фрли рачна граната накај подиумот каде стоеше свештеникот Даниел Мвендва веднаш до хорот. Сите беа скаменети. Потоа дојде полицијата, војската и брзата помош, изјави очевидецот Харисон Тембо Хром, кој е и воедно свештеник на Светата ерусалимска црква.
-Повеќе од 30 луѓе беа сериозно повредени, повеќето од хорот, додаде тој за CDN.
Тројца беа уапсени во врска со експлозијата, но не е јасно каква врска имале со Ал Шабаб, доколку имале.
-Ние како црква сме сигурни дека инцидентот е врзан со религиозна борба против христијаните, изјави друг свештеник, кој побара анонимност.
Околу 300 метри од христијанското собирање имало и муслиманска собирање, кое продолжило со церемонијата и по експлозијата, според христијански извори.
-Зошто само христијаните беа потресени, а не и оние кои присуствуваа на муслиманското собирање, кое траеше долго? Во недела ние христијаните не можевме да ја продолжиме нашата средба, додека муслиманите продолжија. Зошто тие продолжија кога тие дознаа за страшниот инцидент во близина, запраша еден христијанин.
Овој напад доаѓа по многубројни напади и киднапирања во областа, а и пошироко, по што минатата година кениската војска ги нападна Ал Шабаб.
Според проценките во Ал Шабаб членуваат од 3.000 до 7.000 бунтовници, кои се обидуваат да наметнат строга верзија на шеријатското исламско право во Сомалија, но владата во Могадишу се бори да ја задржи контролата врз државата и ги третира христијаните за степен подобро отколку екстремистичката група.
Имено прогласувајќи се себеси за умерен политичар, претседателот Шеик Шариф Ахмед ја прифати верзијата на шеријатското исламско право, според која оние кои ќе го напуштат исламот добиваат смртна казна.