( Ретко дека ќе прочита некој бидејќи е подолг пост. )
Што е за Вас (не сите) СРЕЌА???
1. Дали е среќа кога дефанзивец си ја врши својата работа (само Ешли ќе го спомнам кога ја извади топката од гол линијата - тоа ли е среќа? или само си ја врши својата должност)
2. Дали е среќа Чех што ги одбрани сите удари упатени во рамките на голот? (задачата на голманите доколку не знае некој е да го штити голот)
3. Дали е среќа Дрогба што го постигна голот или пак Рамирес среќно асистираше кон него којшто доби топка (дали среќно) од Лампард...???
Среќа во фудбалот е судијата како ќе свирне или пак пречката од Санчез и на крајот стативата....
Друго среќа е ако се одбие од некого топката па некако да се постигне гол (такви играчи се Калу, Инзаги, Стариџ, Гомез....)
Значи се на се Барселона немаше среќа само два пати кога ги погоди стативата и пречката. Џабе беа тие „25“ удари, кога ни еден не заврши во голот.
Играта од нивна страна беше како и секогаш константна како против секого, но Ди Матео со овој состав успеа да најде каква таква (се покажа одлична) тактика да не прими гол, а воедно да победи...
Секако дека ќе биде тешко и за двете екипи на Ноу Камп, Челзи ќе се обиде да постигне и таму гол но само преку некаква контра или прекин, друго од оваков Челзи не се очекува. Барселона пак ќе мора да постигне најмалку 3 во случај Челзи да погоди...
И на крај за некои членови коишто мислат дека Челзи е пластичен клуб и дека нема историја ќе направам една нетипична но добра споредба....
Дали некој од вас којшто го мисли ова, се запрашал Каков е всушност самиот тој???
Значи родителите Ваши инвестираат во вас со цел да се образувате да се вработите да зимате пари...дали тоа значи дека сте ПЛАСТИЧНИ или пак ВЕШТАЧКИ???
Абрамовиќ дојди и инвестира во Челзи исто заради тоа...(да оствари некаков приход) дали му се допаѓалоо на некој тоа или не, не е битно....
Дали ако некој дојди во вашиот клуб да инвестира големи пари (претпоставка) и некој што ќе ви јаде трици дека трошат ненормално пари за играчи (иако не се согласувате со тоа) дали нема да ве иритира, дали вашиот клуб ќе биде никаков или пак само ќе се правдате ама ни волку титули имаме освоено, не сакаме да дојде никој да инвестира и сл.
Некои сонуваат да имат играчи како Тери, Дрогба, Меси, Руни.... и потајно ги посакуваат или пак си мислат како овој играч да го купиме, како не дојде кај нас....но никако не го признаваат тоа (пак ќе повторам дека не се однесува на сите ова).
--- надополнето: 19 април 2012 во 18:34 ---
Фудбалери од калибар на Роналдо,не треба да играат толку колку што ќе му се дозволи,треба да играат многу повеќе од тоа,најдобри се де
...И не му се потребни други фудбалери покрај него( у случајов Марсело) за да покажат што знаат.Но ете денес Роналдо не покажа ништо,едноставно Лам го пикна вџеп,и плус го испрати на другата страна(мислам срамота е Роналдо да смени страна оти не може да прави нешто против бек кој игра на таа страна),а и на другата не покажа баш ништо....
Ова го пишам нај сериозно.И Меси утре да не се покажи и еве да игра колку ќе му дозволи А.Кол или Тери и за него ќе пишам негативно,или пак да смени страна оти не му оди....
Кај си бе братче нели ќе искоментираше....???
Или сега ќе речиш дека не беа само Ешли и Тери па мораше Меси да мења страна...
Не ми целта да се расправам, туку тоа што го напиша воопшто не е така, како што постојат добри напаѓачи постојат и добри дефанзифци и доколку не е можно да се помине покрај нив најлогично е да се проба друг начин...или според тебе треба со иста тактика од почеток до крај....