Темата е навистина погодена, и вистина е дека имаме недефинирана транслитерација. Уште поголема вистина е дека никој не се нафаќа да покрене решавање на проблемите кои произлегуваат од постоечката транслитерација бидејќи тоа ќе биде како отворање шахта во неосветлена улица. Надлежните се правдаат дека „така мора“. Освен географските, зафркнати се и личните имиња. Така, ако си се родил во странство и таму те запишале како Ivanna овде или ќе бидеш Иванна или ќе го смениш името (процедура исто како да го менуваш во Виолета, на пр.) а ако си овде Данче па твоите се селат за Австралија можно е поради задржувањето на ист број букви во пасошот и другите документи да бидеш Dance (Танец). Наш Спасе во Америка ќе стане цела вселена (Спејс - Space). Ако се омажам за актерот што го глуми доктор Хаус, кај нас ќе го запишат Хугх Лаурие и додека не го видат никој нема да знае дека е Хју Лори