Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Сакам да ги затемнам стаклата до 30-40%, ај некој шо е повеќе запознаен нека ме информира колку е дозволено најмногу колку ќе ме кошта...и дали треба некоja дозвола нешто а тест такви глупости слушнав дека требало :)
задно стакло и задни бочни стакола можеш да ги затемниш до 98%. предни стакла можат да бидат затемнети до 30%. внимавај при изборот на фоилја да предвидиш дека стаклата на повекето коли имаат одредено тонирање кое исто така уредот за проверка на затементост го мери како затемнување...

да, атест треба, ако немаш атест чичко полицаец ке те бричи и кратко потшиша за 300 евра, толку е казната...

пзодрав
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
Дечки, што мислење имате за Цитроен Ксара? Општо, искуства. Бензинец Ксара. Колата многу ме бендисува. Значи немам некој конкретен примерок да ви го посочам па да ми дадете мислење, туку општо за моделот.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Дечки, што мислење имате за Цитроен Ксара? Општо, искуства. Бензинец Ксара. Колата многу ме бендисува. Значи немам некој конкретен примерок да ви го посочам па да ми дадете мислење, туку општо за моделот.
Јас имам од првите Ксари, само пофални зборови. Ептен убави за возење, малку нежни, генерално јас како корисник на Ксара сум задоволен. Конкретно моторот е 1. бензин со 75 коња, потрошувачката е солидна, трошоците за одржување се исто така ниски, немаш гајле.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Дечки, што мислење имате за Цитроен Ксара? Општо, искуства. Бензинец Ксара. Колата многу ме бендисува. Значи немам некој конкретен примерок да ви го посочам па да ми дадете мислење, туку општо за моделот.
Пали вози, ја имав од првиот модел 1.9 обичен дизел, сега имам од вториот модел 2.0 HDi. Ги трпат нашиве дупки, малку лесни на задница по кривини.Само редовен сервис ке си пазиш и бркај работа :)
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.899
Поени од реакции
717
Колку е одржување на Рено Клио од 2003 година 1.5dci?Мислам на основниот сервис и делови и такви работи...
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Дечки, што мислење имате за Цитроен Ксара? Општо, искуства. Бензинец Ксара. Колата многу ме бендисува. Значи немам некој конкретен примерок да ви го посочам па да ми дадете мислење, туку општо за моделот.
Ја имам веќе 9 години, прв сопственик, домаќински гледана (малце да се пофалам), бензинец, и досега освен потрошен материјал, друго не сум чепнал.
Не е скапа за одржување, француски удобна... нема шкрипење на пластиките внатре, и тоа...
Сеуште вози со оригиналниот акумулатор...
 
Член од
10 април 2009
Мислења
146
Поени од реакции
9
голф 4 130 кс. дизел. колку му е потрошувачка, добра зделка е или??? сервисот е висок, низок...ме предомислуваат доста за тие пумпа дизна моделите па подобро да прашам пред да купам него да кукам отпосле.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Дајте предлог за цена, сакам да продадам Alfa Romeo 156 1.9 jtd 1998 год. Здрава предница, мотор и ентериер. Каросериски си носи гребаници од клучеви и остали внимателни возачи и нивните врати.
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
194
Поени од реакции
101
Дечки, што мислење имате за Цитроен Ксара? Општо, искуства. Бензинец Ксара. Колата многу ме бендисува. Значи немам некој конкретен примерок да ви го посочам па да ми дадете мислење, туку општо за моделот.
Ne se skapi ovie,od forumdziive gledam dobri se eve ti eftin primerok http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=383896 (ako e reklamiranje izbrisete sorry) ja da soberam pari nesto vakvo bi kupil so ovaa cena na oglasov.Izgleda udobna so 5 vrati i ne e skapa.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Ne se skapi ovie,od forumdziive gledam dobri se eve ti eftin primerok http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=383896 (ako e reklamiranje izbrisete sorry) ja da soberam pari nesto vakvo bi kupil so ovaa cena na oglasov.Izgleda udobna so 5 vrati i ne e skapa.
Фино изгледа и одлична цена... за некој што ке ја товари и нема да го боли уво дека стубот на лева страна помеѓу предна и задна врата е изџвакан, загледај само како се крши светлината :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Фино изгледа и одлична цена... за некој што ке ја товари и нема да го боли уво дека стубот на лева страна помеѓу предна и задна врата е изџвакан, загледај само како се крши светлината :)
тоа не е стубот, тоа е лимот од крилото...
 
Член од
30 октомври 2008
Мислења
111
Поени од реакции
14
Denes ja zakaciv na comp. kolata (marka peugeot 306 HDI)
Pokaza 5 greski so moznost za brisenje..dali moze da se zezne nesto ako gi izbrisam errorite?
 
Член од
4 март 2010
Мислења
268
Поени од реакции
26
Вака сеа имам едно радио на цд дома ми стои така, и сакам да го пробам и сеа има жици една црвена, една црна, една жолта, една темно плава. Има и други ама тие се за звучки. А прашањето ми е која од овие со што да се приклучи?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Denes ja zakaciv na comp. kolata (marka peugeot 306 HDI)
Pokaza 5 greski so moznost za brisenje..dali moze da se zezne nesto ako gi izbrisam errorite?
Не, неможе да се зезне ништо, ама треба да се поправи она кое ги предизвикува, бидејќи пак ќе ги пријавува.
--- надополнето: 19 април 2012 во 20:40 ---
Вака сеа имам едно радио на цд дома ми стои така, и сакам да го пробам и сеа има жици една црвена, една црна, една жолта, една темно плава. Има и други ама тие се за звучки. А прашањето ми е која од овие со што да се приклучи?
На 12 волти ќе приклучиш вака за да пробаш:
Црвената и жолтата ќе ги споиш заедно, и тие одат на „+“ клемата. Црвената е жица која кога се приклучува на колата е нон стоп под напон, а жолтата е напон со вклучен контакт.
Црната ти е маса. Оди на „-“ клемата.
Темно плавата ти е за ел. антена и не ти треба.
Другите ти се за звучници.
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
222
Поени од реакции
67
дали има некој искуство со репарирање на турбина
и каде вршат добро репарирање и дали да репарирам ( да не се мачам џабе)
се работи за цитроен 1.4 хди 16 v
 

Kajgana Shop

На врв Bottom