- Член од
- 16 април 2010
- Мислења
- 2.558
- Поени од реакции
- 1.503
Вака, зашто е затворена темата за протестите, јас денес бев на тие протести, и ќе ви кажам што како беше:
Поголема група од Фонтаната во Граски Парк тргнаа со пароли и антиалбански извикувања накај Владата, таму се собра една група дечурлана што беше напред кај оградите што стојат пред јарболите пред Влада, и почнаа да им се дерат на џандарите,и да ги маваат со камења ама џандарите не реагираа, додека повозрасните чекаа провокација од полицијата за да се впуштат во инциденти. . Потоа поголемата група на демонстранти се упати кон мостот Гоце Делчев и се упатија накај Битпазар со цел да влезат во чаршија и во Чаир ама тим на ЕБР од 20 припадници ги збрка и ги врати назад, во таа ситуација дојдоа три возила пинцаугер од каде излегоа припадници на ПЕП (Посебна единица за Подршка) во полна опрема за војување, инаку беа облечени во маскирни зелени униформи и се распоредија кај семафорите кај Владата. Тука тие што беа одбиени од ЕБР застанаа пред Поштата и почнаа да ги маваат со камења ЕБР, тука меѓу демонстрантите се најде и еден крајслер со избезумен џандар во него и почнаа да го маваат со камења каде што му скршија стакла, а џандаров во паника почна назад во рикверц да се враќа. Тука таман да поминам на другата страна во тој момент се пушти ЕБР, и буквално неколку припадници почнаа да трчаат накај мене, и во тој момент јас сватив дека можам да го јадам ни крив ни должен фатив бежанија, како и сите останати. Потоа поголемата група почна да оди накај плоштаад со намера да тепаат Албанци ако има, и од таму преку Камени Мост да влезат во Чаршија, и од таму накај Чаир, ама и таму имаше распоредено обични џандари во полна опрема. Потоа кај Рекорд, семафорите, се спојија две разбиени групи каде што тргнаа накај Собрание, а малолетните напаленковци почнаа да кршат билборди, а повозрасниве(меѓу кои и јас) цело време им се дереа и закануваа да престанат да кршат, а највеќе настрада билбордот кај Рекорд автобуската, таму застанаа пред Собрание ама ги опколи полиција и ги стави буквално во сендвич, во тој момент дојдоа околу 10 коли со алфи и се паркираа позади Триунфалната Капија, и застанаа Алфите кај Капијата, неколку облечени во панцири, и веднаш потоа дојдоа цивилки највероватно инспектори. Пред Собрание ЕБР со израелските окклопни возила за разбивање на демонстрации од две страни и ПЕП од напред, со обични џандари во полна опрема, ја држеа саат-два групата пред Собрание, и потоа заедно групата опколена со џандари и ЕБР од сите страни и позади нив оклопните возила кои напред имаа ставено решетки за разбивање кои служеа за упад во толпа идеа позади нив. Сето тоа траеше до Соборна каде што се влезе внатре. Тука се палеа свеќи, а напред беа родителите на убиените. Тука запалив уште некоја свеќа и си отидов дома. И тоа што кажуваат медиумите дека имало нападнато случајни минувачи, нема врска. Иако повеќето беа малолетници сепак имаше голем процент на повозрасни т.е полнолетни, а не беа само малолетници како што објави Сител.
Мојата цел беше да идам на денешниов протест, не да тепам Албанци или да ја мавам полицијата, да извикувам антиалбански пароли и разни лоши испади, туку само да искажам револт против Владата да се ангажира во притискање на полицијата во што поинтензивна истрага за наоѓање на убијците.