IgorChete
27
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 7.733
- Поени од реакции
- 7.549
Ситуацијата со колата ти е стандард шаблон за шверцување преку граница.Ај гледам, сите сте со некакви ваши сценарија па јас малце да поставам прашања, кои тотално не ми изгледаат логични.
Интересни прашања ми поминаа пред малце. Едно од нив е - ако се професионалци, како што е до сега докажано, зашто би ја оставиле колата, која била на местото на злосторството, на толку видно место?
Во автомобилот, сигурно би имало некој доказ, отпечаток, влакно или што и да е, што би го покажал идентитетот на некој од убијците.
И сега други прашања, поврзани со ова.
И со што избегале од таму и дали преку граничен премин? Дали некој ги пречекал или имале кола таму паркирана, каде што застанале? Дали преминале всушност преку граница? Дали е можно да е оставена колата, баш на тој пат, да биде лесно видена, за да се остави впечаток дека се тргнати преку Блаце? Или пак не се до толку професионалци, како што мислевме?
Што е со медиумите од Србија и дали знаат нешто повеќе околу настанот? Дали се обидуваат да постигнат нешто, со тоа што пишуваат спектакуларни статии и со тоа да пробаат да предизвикаат нешто, со тоа што би ги подзапалиле читачите од Македонија? Дали е само начин да бидат популарни кај нас, со тоа што ќе прават спектакуларни статии, како таа со мистериозниот сведок?
Пак околу автомобилот. Според тоа, дека е внесен во Македонија од странство, на него се поставени таблички кои припаѓаат на друг автомобил, се работи за долготраен процес. Зашто некој би го направил тоа, само за да убие 4 деца и 1 сведок на убиствата и потоа да избега и да ја остави колата, која и така никој ја нема видено на местото на злосторот? Дали автомобилот е дел од некој план или само нешто што го користеле убијците секојдневно и не поврзано со убиствата? Дали е планот да се убијат 4 деца, тотално без причина? Зашто?
Зашто некој би внесол автомобил во странство, би нашол таблички од друг, веќе расклопен, автомобил, би ги поставил на автомобилот, би убил 4 деца и 1 сведок, во бегање би го напуштил автомобилот и би преминал граница со некое друго превозно средство?
Тотално ми нема логика.
Битно, ќе чекам вистинските експерти, кои учеле за ова и се ангажирани на случајот, да излезат со своја анализа и така ќе ми се одговорат овие прашања...
Се возиш до граница со една кола, те пречекува кола на близина на границата, менуваш возило во случај на сведоци и полицијата брзо да реагира и да ја побара првата кола, преминуваш граница нелегално со втората кола, повторно менуваш возило на косовска страна во случај гранични патроли да те виделе, и се криеш којзнае каде.
Според мене, автомобилот е ќорсокак. Нема ништо да пронајдат.
За српските медиуми, тие не очекуваат македонски читатели, така да не се нивните текстови наменети нас да не подгреваат, туку српските читатели. Не морам сега да ти објаснувам зошто ги подгреваат србите, би требало да ти е јасно.