Ах бе македонче како ти перат мозок провладини медиуми тоа е чудо. Истото го напраија и со протестот за името на плоштад Пела истото го праат со секој протест. Можам само да кажам дека треба да се засрамат оние кои учествуваа во дискусијата на темата за петкратното убиство и кои се лупаа у гради дека ќе искочат на протест арно ама изглеа ладно им беше им врнеше или не знам уште какво оправдување ќе најдат. И после ќе барате правда? Од каде, од пред компјутер? Срамота. Не туку лупајте глупости околу инциденти за протестов ако не сте биле, а инфо сте добиле од Шител, анал5, мтв. Јас бев и немаше И од инцидент. Никому не искршија кола/куќа/излог. Не го барајте лидерот 20 години за да ве повика на протест за остварување на вашите права, туку запрашајте се дали и без него би излегле да го побарате она шо сакате. Ќе видите дека не ви треба лидер туку желба да излезете од пред компјутер и својот револт/барање да го изнесете надвор без никаков страв дека ќе ве протераат од партија или дека ќе ве избркаат од работа. Позади компјутер сите се јаки, претпоставувам многумина и додека пишуваат и ја искажуваат својата љубов кон Македонија на компјутер носат и маичка со шеснаес крако сонце или со натпис Македонија на македонците, Македонија во срцето....ама вистинската љубов кон татковината и својот народ се покажува надвор, на улица без никаков страв.
Причина за да не излезете на протест секогаш ќе најдете, ама размислете што ќе добиете со тоа.