Книга што не сте ја сфатиле?

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.419
Поени од реакции
6.053
Без оглед на тоа дали сте ја читале во возраст несоодветна за книгата или пак едноставно не сте ја разбрале вистински. На пример јас во 5то одделение читав класици што воопшто не ги разбирав, немав познавања од општествените случувања во тој период и воопшто од историјата на тој народ.

Такви беа:

„Мајки“ - Максим Горки
„Детство, момчештво и младост“ - Толстој

Сигурно има и други кои подоцна ќе ги надополнам.

„Малиот принц“ ја читав ко мала, па потоа и се навратив и ја препрочитав.
За некои дела ми е криво што сум ги читала кога не требало, па ми создале аверзија и не верувам дека повторно ќе ги разлистам нивните страници.

За некои книги треба да пораснеш, некои ги имаш надраснато. Вистинскиот период за избор на некое дело е фактор за нивно разбирање. Па повелете?
 
Мислам дека беше во средно "Силјан штркот", таа најглупа лектира ми беше за читање.
 
од џејмс џојс, улис ,

ка читах,читах..... и па ништо не разбрах
 
Пред едно 11-12 год. од библиотекана спроти Карев ја земав (третата) Одисеја 2061-ва од Артур Кларк да ја читам за на одмор, и што дека ја (про)читав :) , ништо не ја разбрав, кој ми е крив :) кога почнав од третиот дел а ни филмот го немав гледано па не можев за бајги работи и ликови кои се спомнуваа од претходните два дела да си создадам некоја претстава, да поврзам некои работи, итн...
 
Во 4то или 5то одделение ја читав ''Црно лале'' од Александар Дима и ништо не разбрав.
 
ZA kogo bijat kambanite ludnica 500 strani a vo sredno ne ti se uci a kamo li da ti se cita ali se isplatese zemav 5 ka :)
 
Божествената комедија- пеколот од Дантета ...2ра година средно ,период кога ги читав книгите али оваја гледав што побрзо да ја поминам ...а таа го бара сосема спротивното , голема посветеност и читање со голема концентрација...А и мислам тајмингот беше погрешен ,2ра средно , копиљ од 15-16 години...Сега имам намера да ја прочитам целата трилогија али потребно е слободно време и пуста мрза да изчезнит...
 
Божествената комедија- пеколот од Дантета
Jас ќе те надополнам со Сребрените Снегови - Ж. Чинго... Некаде во 4-то или 5-то одделение ни беше за лектира... Па да ме убиеш од овие две книги ништо не сватив.
 
Тихиот Дон... не за разбирање туку што му било на лудакот да нашлапа 3 тома од книгава :/

Инаку... да видиме Старецот и Морето, никако неможев да сфатам што е величината на делово, во кое имаме чиче кое кризира среде море бркајќи риба која небаре ако ја улови ќе надомести се што изгубил/испуштил во животот.
 
Мајсторот и Маргарита. Ме напна книгава, ја почнав и не ја ни довршив :cautious:
 
Процес од Кафка првпат ја читав на 14-15 години и комплетно се исфрустрирав
Господа Глембаеви е уште една книга која ја немав соодветно разбрано во времето кога ја читав за првпат

Книга која и ден денеска ми е проблематична за читање - Критика на практичниот разум од Кант и Божествената Комедија од Данте...
 
За кого бијат камбаните. Значи нема некој кој кажал нешто лошо за книгава, а јас не можам да мрднам од 103 страна за жива глава, прашина почна да фаќа книгата.
 
"Азбука на непослушните" којашто ја читав 3 пати во првото полугодие и неможев да ја сфатам
 
Мистерии од Кнут Хамсун, сега брзо ја читав и крајот не го сфатив.
Има уште многу, ама кај ќе ми текнат сега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom