Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Кој ви е крив, и на двајцата, зимате да гледате филм у кој главна улога е Џастин Тимберлејк па се жалите после, што очекувавте ? :)
Реков, сплет на околности. Сепак, Мила Кунис - среќа во несреќа. :)
 
Ти ова сериозно? :)

Да бе. Не гледам што би било лошо во врска со него.

Аманда Сифриед-check (y)

Лоши корпорации- check (y)

Момакот со одмазда спрема лошите корпорации- check (y)

Забава - за мене барем check (y)

Сега филмов не е на исто ниво како претходните филмови на Ендру Никол ама па мене барем ми се допадна. Футуристички Бони и Клајд.
 
VLJ не забележав дека за Friends with Benefits се зборувало.

Gache, единствено што е добро во филмот е идејата, која понатаму е брутално упропастена. Глумата е мизерија невидена, не само од Џастин туку онака комплетно. Сценариото вришти од безначајни и глупи дијалози а местото каде што е снимано и тоа бетонот на сите страни е тежок фејл. Најлош дистописки филм кој сум го гледал (а голем мерак имам на таквите) и еден од најлошите филмови воопшто.

Тоа е само мое лично мислење се разбира. Инаку, не можам да го заборавам ни оној епик момент кога бегаа во тоа складиштето или напуштена фабрика, што год да беше, и се наоколу е крш и хаос, само еден убав кауч ставен така на средина, за да може да одморат бегалците :pos:

Очај, навистина, го гледав само за да видам колку лош ќе испадне на крајот. Трнз аут, 3/10, макс...
 
Реков, сплет на околности. Сепак, Мила Кунис - среќа во несреќа. :)

Оваа ме разочара :( за некој филм кога имаше изјавено дека бирала дублерка за некоја сцена кога се гледа гол гз пошто има рамно газе (и се глеаше после тоа од некои слики од премиери). За мене газе > цицки :D

@Иосоно кај имаш време глупиве филмови да ги догледуваш до крај...? :) Порано и ја ги догледував колку и да се лоши (единствен филм кој го имав мотано беше она невидено ѓубре Мортал Комбат двојката) али сега одма стоп им стискам. Има многу просек/лоши филмови кои ми го трошат времето а толку добри/познати стари филмови уште не ми се изгледани, Куросава на пр. ми се чини дека никогаш нема да стигне на ред! Плус стрипови, книги, игри...ме гази времево :oops::D
 
Во последно време и добрите не ги догледувам а камо ли лошите. Ама од време на време налетува филм што е толку лош што мора да се изгледа до крај. Ко Real Steel на пример, (џабе ќе мрчите, то е :) )

Сериозно, уште не можам да заборавам кога едниот робот го акна другиот меѓу нозе а публиката во еден глас извика: ауууууууууф :pos:

Тројцата Мускетари е вон конкуренција за минатата година, мислам тоа е нешто што едноставно мора да се изгледа и да се доживее. Невозможно е да се опише така лош филм.

Како не се родивме ја и Јонзе по Америкине... денес ќе си бевме успешни сценаристи на бесмислени бљувотини, пара лежи тука... :)
--- надополнето: 16 април 2012 во 02:14 ---
Io Sono Interista не сум сигурен сеа дали Real Steel или In Time, повеќе го мразиш......
Си ме претекнал :pos:
 
VLJ не забележав дека за Friends with Benefits се зборувало.

Gache, единствено што е добро во филмот е идејата, која понатаму е брутално упропастена. Глумата е мизерија невидена, не само од Џастин туку онака комплетно. Сценариото вришти од безначајни и глупи дијалози а местото каде што е снимано и тоа бетонот на сите страни е тежок фејл. Најлош дистописки филм кој сум го гледал (а голем мерак имам на таквите) и еден од најлошите филмови воопшто.

За идејата се сложувам. Тоа воедно и беше зашто бев ''загреан'' да го гледам филмов уште кога беше објавено дека ке се снима. За глумата, заради тематиката на филмот одбрани се све млади глумци од кои повеќето допрва треба да се докажуваат, ама па барем јас не бев оставен со некој лош впечаток. За Килиан Марфи, ликот што го глумеше имаше добра предиспозиција да биде добар негативец ама па од половина филм па натака му го усраа ликот. За неговиот крај да не ни зборам. За бетонот што знам, во урбана средина е дејствието на филмот а и веројатно била намерата да се прикаже сивилото во кој живее "закрепостениот" народ. А може и заради стискавец било, односно снимај го филмот кај е што е најефтино. Најлош дистописки филм во било кој случај според мене не е. Имало и далеку, далеку полоши. А инаку и мене тој жанр на филмови ми е меѓу омилените. Најдобар пример од тој жанр ми е A Boy and His Dog.

Тоа е само мое лично мислење се разбира. Инаку, не можам да го заборавам ни оној епик момент кога бегаа во тоа складиштето или напуштена фабрика, што год да беше, и се наоколу е крш и хаос, само еден убав кауч ставен така на средина, за да може да одморат бегалците :pos:

Очај, навистина, го гледав само за да видам колку лош ќе испадне на крајот. Трнз аут, 3/10, макс...

Тоа со типот што му го даде времето на Жастин кога се криеа збориш? Ако е тоа не сум ја приметил естетиката на местото искрено а и не ми ни текнува многу. Ми текнува само дека типчето скрши глава после. Филмот отпосле стана и онака подобар.


Јас го гледав понатака од што ми беше интересен, оценка за сај фај лимунадче со добра идеја но некои места и не предобро реализација 6/10.
 
Добро да не отвараме тема за Real Steel пак, цел форум ќе го напаѓа, само јас и wot ќе треба да го браниме :) Ама летечки канти бе.....ќе ти го памтам цел живот тоа:pos:
А In Time имале стварно добра идеја, супер смислено, ама толку глупо беше разработена и претставена што на моменти беше и напорно дури. За забава е добар филмов, ама ништо повеќе. Со посериозни и подокажни актери и со многу подобро сценарио In Time можеше да биде еден од најдобрите филмови лани....
 
Оваа ме разочара :( за некој филм кога имаше изјавено дека бирала дублерка за некоја сцена кога се гледа гол гз пошто има рамно газе (и се глеаше после тоа од некои слики од премиери). За мене газе > цицки :D

Тоа мислам дека за Натали Портман се збореше зашто нели и она глумеше во ваков сличен филм. Поправо муабетите за нејзе почнаа од Your Highness мислам.
 
Ај кога веќе се раздвижи темата да прашам. Зошто толку многу луѓето го хејтат (се извинувам за глупиот збор) Вон Триер и дали е чудно што сум фасциниран од секој негов филм?
 
Ај кога веќе се раздвижи темата да прашам. Зошто толку многу луѓето го хејтат (се извинувам за глупиот збор) Вон Триер и дали е чудно што сум фасциниран од секој негов филм?
Мене многу ми се допадна Догвил, Меланхонија исто така беше добар, но не можев да го изгледам Антихрист, ептен ме напна и го изгаснав можда на пола.
Друго немам гледано...
 
Gache за тоа кога бегаа зборам, да.

Инаку Силиан Марфи веќе има одиграно одлична улога на негативец во Red Eye

VLJ За Триер не знам, не сум ги гледал сите негови филмови ама Догвил е нешто фантастично а Меланхолија исто ми се допадна, повеќе визуелно (со акцент на моментот што го спомна џимеј)

P.S.
Добра работа ова со означувањево, и така не мора секој пат да се цитира...
 
Мене многу ми се допадна Догвил, Меланхонија исто така беше добар, но не можев да го изгледам Антихрист, ептен ме напна и го изгаснав можда на пола.
Друго немам гледано...
Мене баш тоа ми се допаѓа, што напнува. И не само мене очигледно. Една другарка на Меланхолија почнала да паѓа во депресии ала Кирстен, па тргнала до продавница по алкохол :). Потоа ме пцуеше. Сакам да кажам дека реткост е во денешно време да се најде филм/ режисер кој ќе те напне и растревожи. Од нешто што знаеш дека е лажно да не можеш да си дојдеш во себе. Можеби сето тоа е непријатно, за некои луѓе и непотребно, ама ипак, тоа е суштината на филмовите. Се сеќавам, откако прв пат го гледав Dancer in the Dark, пола час седев в кревет без збор. А замисли, мјузикл. Со Бјорк. Истото ми се случи и вториот пат. Пред некој ден му ја симнав целата филмографија бидејќи некои филмови му ги немам гледано, што значи, во наредниот период ме очекуваат чудни чувства.
--- надополнето: 16 април 2012 во 02:35 ---
VLJ За Триер не знам, не сум ги гледал сите негови филмови ама Догвил е нешто фантастично а Меланхолија исто ми се допадна, повеќе визуелно (со акцент на моментот што го спомна џимеј)
Да Догвил ми е омилен филм, evah. Тука некаде е и Dancer in the Dark.

П.С. Требаше да почнам да означувам наместо да цитирам. Колку за проба VLJ
 
Не сум приметил да го хејтаат (баш си е кул зборов, ХЕЈТА!) барем за филмовите што ги прави. Ама што сум приметил е дека актерите на "културен" начин пишувале дека е тешко да се работи со него а и сега со изјавиве за Евреите што ги имаше и за неговото Германско потекло па го направија дека е будала критичарите. А за филмовите хејт посебен не сум видел ама па може некој ке ме поправи сега. Инаку од него ми е гледано се до Догвил. На неколку пати сум се намерувал да му гледам и од поновите работи ама па секој негов филм ми правел да се чуствувам меланхонично или пак депресивно а па такво нешто не ми е потребно сега. Може другпат. А за Ригет и претходно се имам изјавено дека ми е ремек дело. Штета што не ја продолжил серијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom