Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Во последно време и добрите не ги догледувам а камо ли лошите. Ама од време на време налетува филм што е толку лош што мора да се изгледа до крај. Ко Real Steel на пример, (џабе ќе мрчите, то е :) )

Сериозно, уште не можам да заборавам кога едниот робот го акна другиот меѓу нозе а публиката во еден глас извика: ауууууууууф :pos:

Тројцата Мускетари е вон конкуренција за минатата година, мислам тоа е нешто што едноставно мора да се изгледа и да се доживее. Невозможно е да се опише така лош филм.

Како не се родивме ја и Јонзе по Америкине... денес ќе си бевме успешни сценаристи на бесмислени бљувотини, пара лежи тука... :)
--- надополнето: 16 април 2012 во 02:14 ---
Io Sono Interista не сум сигурен сеа дали Real Steel или In Time, повеќе го мразиш......
Си ме претекнал :pos:
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
VLJ не забележав дека за Friends with Benefits се зборувало.

Gache, единствено што е добро во филмот е идејата, која понатаму е брутално упропастена. Глумата е мизерија невидена, не само од Џастин туку онака комплетно. Сценариото вришти од безначајни и глупи дијалози а местото каде што е снимано и тоа бетонот на сите страни е тежок фејл. Најлош дистописки филм кој сум го гледал (а голем мерак имам на таквите) и еден од најлошите филмови воопшто.
За идејата се сложувам. Тоа воедно и беше зашто бев ''загреан'' да го гледам филмов уште кога беше објавено дека ке се снима. За глумата, заради тематиката на филмот одбрани се све млади глумци од кои повеќето допрва треба да се докажуваат, ама па барем јас не бев оставен со некој лош впечаток. За Килиан Марфи, ликот што го глумеше имаше добра предиспозиција да биде добар негативец ама па од половина филм па натака му го усраа ликот. За неговиот крај да не ни зборам. За бетонот што знам, во урбана средина е дејствието на филмот а и веројатно била намерата да се прикаже сивилото во кој живее "закрепостениот" народ. А може и заради стискавец било, односно снимај го филмот кај е што е најефтино. Најлош дистописки филм во било кој случај според мене не е. Имало и далеку, далеку полоши. А инаку и мене тој жанр на филмови ми е меѓу омилените. Најдобар пример од тој жанр ми е A Boy and His Dog.

Тоа е само мое лично мислење се разбира. Инаку, не можам да го заборавам ни оној епик момент кога бегаа во тоа складиштето или напуштена фабрика, што год да беше, и се наоколу е крш и хаос, само еден убав кауч ставен така на средина, за да може да одморат бегалците :pos:

Очај, навистина, го гледав само за да видам колку лош ќе испадне на крајот. Трнз аут, 3/10, макс...
Тоа со типот што му го даде времето на Жастин кога се криеа збориш? Ако е тоа не сум ја приметил естетиката на местото искрено а и не ми ни текнува многу. Ми текнува само дека типчето скрши глава после. Филмот отпосле стана и онака подобар.


Јас го гледав понатака од што ми беше интересен, оценка за сај фај лимунадче со добра идеја но некои места и не предобро реализација 6/10.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Добро да не отвараме тема за Real Steel пак, цел форум ќе го напаѓа, само јас и wot ќе треба да го браниме :) Ама летечки канти бе.....ќе ти го памтам цел живот тоа:pos:
А In Time имале стварно добра идеја, супер смислено, ама толку глупо беше разработена и претставена што на моменти беше и напорно дури. За забава е добар филмов, ама ништо повеќе. Со посериозни и подокажни актери и со многу подобро сценарио In Time можеше да биде еден од најдобрите филмови лани....
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Оваа ме разочара :( за некој филм кога имаше изјавено дека бирала дублерка за некоја сцена кога се гледа гол гз пошто има рамно газе (и се глеаше после тоа од некои слики од премиери). За мене газе > цицки :D
Тоа мислам дека за Натали Портман се збореше зашто нели и она глумеше во ваков сличен филм. Поправо муабетите за нејзе почнаа од Your Highness мислам.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Ај кога веќе се раздвижи темата да прашам. Зошто толку многу луѓето го хејтат (се извинувам за глупиот збор) Вон Триер и дали е чудно што сум фасциниран од секој негов филм?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Ај кога веќе се раздвижи темата да прашам. Зошто толку многу луѓето го хејтат (се извинувам за глупиот збор) Вон Триер и дали е чудно што сум фасциниран од секој негов филм?
Мене многу ми се допадна Догвил, Меланхонија исто така беше добар, но не можев да го изгледам Антихрист, ептен ме напна и го изгаснав можда на пола.
Друго немам гледано...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Gache за тоа кога бегаа зборам, да.

Инаку Силиан Марфи веќе има одиграно одлична улога на негативец во Red Eye

VLJ За Триер не знам, не сум ги гледал сите негови филмови ама Догвил е нешто фантастично а Меланхолија исто ми се допадна, повеќе визуелно (со акцент на моментот што го спомна џимеј)

P.S.
Добра работа ова со означувањево, и така не мора секој пат да се цитира...
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Мене многу ми се допадна Догвил, Меланхонија исто така беше добар, но не можев да го изгледам Антихрист, ептен ме напна и го изгаснав можда на пола.
Друго немам гледано...
Мене баш тоа ми се допаѓа, што напнува. И не само мене очигледно. Една другарка на Меланхолија почнала да паѓа во депресии ала Кирстен, па тргнала до продавница по алкохол :). Потоа ме пцуеше. Сакам да кажам дека реткост е во денешно време да се најде филм/ режисер кој ќе те напне и растревожи. Од нешто што знаеш дека е лажно да не можеш да си дојдеш во себе. Можеби сето тоа е непријатно, за некои луѓе и непотребно, ама ипак, тоа е суштината на филмовите. Се сеќавам, откако прв пат го гледав Dancer in the Dark, пола час седев в кревет без збор. А замисли, мјузикл. Со Бјорк. Истото ми се случи и вториот пат. Пред некој ден му ја симнав целата филмографија бидејќи некои филмови му ги немам гледано, што значи, во наредниот период ме очекуваат чудни чувства.
--- надополнето: 16 април 2012 во 02:35 ---
VLJ За Триер не знам, не сум ги гледал сите негови филмови ама Догвил е нешто фантастично а Меланхолија исто ми се допадна, повеќе визуелно (со акцент на моментот што го спомна џимеј)
Да Догвил ми е омилен филм, evah. Тука некаде е и Dancer in the Dark.

П.С. Требаше да почнам да означувам наместо да цитирам. Колку за проба VLJ
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Не сум приметил да го хејтаат (баш си е кул зборов, ХЕЈТА!) барем за филмовите што ги прави. Ама што сум приметил е дека актерите на "културен" начин пишувале дека е тешко да се работи со него а и сега со изјавиве за Евреите што ги имаше и за неговото Германско потекло па го направија дека е будала критичарите. А за филмовите хејт посебен не сум видел ама па може некој ке ме поправи сега. Инаку од него ми е гледано се до Догвил. На неколку пати сум се намерувал да му гледам и од поновите работи ама па секој негов филм ми правел да се чуствувам меланхонично или пак депресивно а па такво нешто не ми е потребно сега. Може другпат. А за Ригет и претходно се имам изјавено дека ми е ремек дело. Штета што не ја продолжил серијата.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Gache Претежно го хејтаат (пак) луѓето околу мене и Американците. Наводно филмовите му биле анти-американски. Интересно е што никогаш не е бил во Америка бидејќи се плаши да лета со авион. Што се однесува до актерите, точно односот спрема нив му е малку специфичен. Пример, на Никол Кидман и' советувал да не комуницира со останатиот дел од екипата. Исто, Бјорк за време на снимањето претрпела милион навреди и понижувања и затоа има изјавено дека Dancer и' е прв и последен филм. Сепак, позади ова најверојатно има некоја причина, колку чудно и да звучи. Крајниот резултат кој се добива од изведбата на актерите е секогаш неверојатен. Пример, најдобрата глума која Кидман некогаш ја прикажала според мене е во Догвил. Глумицата од Антихрист, Бјорк и Кирстен Данст зедоа награда за најдобра глума на Канскиот фестивал.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Gache за тоа кога бегаа зборам, да.

Инаку Силиан Марфи веќе има одиграно одлична улога на негативец во Red Eye
Му го знам филмот. Огроман фан сум му на Марфи a башка што и тој филм ја ревитализираше кариерата на Крејвен. Зборев дека имаше добра шанса за ликот на Марфи во In Time да биде добар негативец ем заради глумецот ем заради првобитниот впечаток оставен од него. Ама на крај испадна сосема нешто трето.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
А инаку и мене тој жанр на филмови ми е меѓу омилените. Најдобар пример од тој жанр ми е A Boy and His Dog.
БАш преска кога беше муабетот за сф/хорор комедии од 80тите сакв да го спомнам овој пошто е сатира али ми текна дека е од 75та не од 80тите. :) За првпат го гледав на времето на Телма мислам и баш ми остави впечаток како нешто уникатно.

Најдов, еве за Мила Кунис, не е за Натали Портман :)
http://www.inquisitr.com/128951/mila-kunis-fake-butt-friends-with-benefits/
Мене многу ми се допадна Догвил, Меланхонија исто така беше добар, но не можев да го изгледам Антихрист, ептен ме напна и го изгаснав можда на пола.
Друго немам гледано...
Антихрист ми беше интересна дуо драма би рекол, добра атмосфера и глума све до
крајот кога ќе забега филмов ептен по мене па ме изнервира малку па го пљукав овде :)
Мене баш тоа ми се допаѓа, што напнува. И не само мене очигледно. Една другарка на Меланхолија почнала да паѓа во депресии ала Кирстен, па тргнала до продавница по алкохол :). Потоа ме пцуеше. [/USER]
На неколку пати сум се намерувал да му гледам и од поновите работи ама па секој негов филм ми правел да се чуствувам меланхонично или пак депресивно а па такво нешто не ми е потребно сега.
Кога се појави трејлерот за Меланхолија, имаше коментари од типот "А жилет ќе доаѓа со ДВД-то ?, да си ги исечеме вените откако ќе го изгледаме" :pos:
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Доколку сите имавме еднакви мислења светов ке беше многу досаден, а вака ти во твоето друштво си човекот со алтернативно мислење и испаѓаш многу многу јако кул пред спротивниот пол! (y)


А за Америве што знам. Пред некое време Wild Hogs им беше број 1 на бокс офисот така да по мое мислење не се некој репер за да кажат што е добро а што не е.

И да се сложувам, најдобрата глума актериве ја извадиле под притисок. Пример Херцог и Кински. Очи ке си изваделе ама пак Кински се враќал да снима филмови со Херцог.
--- надополнето: 16 април 2012 во 03:01 ---
Моментот кога ти го прочитав линкот беше ова, butt-friends. Ама после дочитав за што е и се разочарав.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Vlatko_Gjorce Џабе барале газева дублерка... ова превод во Миланка стил... кога такво нешто немаше во филмот. Имаше само side boob :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Остај го бокс-офисот, тој не е мерило за ништо. Секогаш е подобро да одиш со девојка ти на лесна романтична комедија отколку на Триер да речеме. А сум приметил и дека филм кој е направен за забава многу поубаво ќе го доживееш на кино отколку дома. Потсвесно мора да ги оправдаш парите што си ги рокнал за карта :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom