- Член од
- 29 ноември 2008
- Мислења
- 83
- Поени од реакции
- 46
Темава ја отворив за да ги евидентираме „Болестите на здравиот разум“. Тоа се болести на општеството што го спречуваат правилно да се развива.
Можеби некој ќе допише уште некоја точка во набројувањето, а можеби некој ќе оспори некоја со тезата дека се тоа општочовечки слабости кои се среќаваат и во други општества.
Мораме да сфатиме и да прифатиме дека на секое општество (група, заедница на луѓе) им е потребна заедничка организација, затоа што тоа им го олеснува живеењето на луѓето, го прави посигурно, насочено и им дава цел на единките.
Главна форма на организација и на здружување на луѓето, застапена денес е формата на држава. Значи ние споделуваме во рамките на државата во којашто живееме и добро и лошо.
Некои држави имаат позитивен имиџ, други негативен. Некои се продуктивни, други се непродуктивни. Во некоја држава луѓето работат за мизерна надница, во други држави месечната плата е поголема од таа на претходно споменатите добиена за целогодишна работа.
Нашиот живот, нашите постигнувања и остварувања во многу зависат од општеството во коешто живееме, затоа наша обврска е да ги евидентираме и да се бориме против горенаведените болести.
Како и при постапување при лекување на некоја болест во човечкиот организам, се постапува и при лекување на болест на општеството:
1. Се евидентира болеста (дијагноза).
2. Се наоѓаат и отстрануваат причините што доведоа до болест.
3. Се отстрануваат последиците на болеста.
4. На организмот му се даваат биостимуланси за да го зголеми имунитетот и овие болести веќе да не можат да му наштетат, туку да ги отстранува (уништува) со самата нивна појава.
Во постовите погоре беше споменато дека државата е форма несвојствена на слободата на човечкиот дух. Се согласувам. Ги поддржувам и сега за сега утопистичките идеи за една економија, базирана врз правилно и одржливо раководење со ресурсите на големиот дом во којшто живееме.
Но!
Но, покрај тоа, многу повеќе се залагам за промени во микроопштеството во коешто живеам - Македонија. Размислувај глобално - дејствувај локално.
Ги молам тие од вас што не ја прочитаа, да ја посетат оваа моја тема каде изложувам начини за дејствување за да ги излекуваме болестите: http://forum.kajgana.com/threads/Департизација-Ослобоување-на-разумот.43281/
Стојам на располагање за било-каква соработка со било-кого во функција на создавање на поправедно и попродуктивно општество.