- Член од
- 16 април 2012
- Мислења
- 3
- Поени од реакции
- 0
Читам 2 дена и не можам да се изначудам што се не се изнапиша за случајов. Точно дека се можни повеќе сценарија но има многу работи што не ми се јасни. Местото и езерото не ми се познати не сум се движел по тој терен а и кога живеев во Македонија обиколницата сеуште не беше направена но според она што го видов од Google earth автопатот поминува многу блиску до езерото и сигурно имало некои возила што слушнале истрели (сепак се работи за преку 20 истрели) или забележале нешто (марка на кола, нешто необично). Дали жртвите се случајни тоа е друго прашање. Сепак се работи за повеќе лица и тоа добро вооружени кои што можеле да запрат било која кола на автопатот и да направат масакар, зошто баш на езерото и зошто баш децата???. Сепак не се случува често така вооружени лица да се движат среде бел ден и да бараат случајни жртви.