Дел од ова го постирав во фан клуб ама мислам дека овде му е местото и заслужва дискусија
http://football-italia.net/17715/morosini-had-three-cardiac-arrests
Спремноста на италијаните за справување со вакви ситуации е нула.
Можи нема смисла да се споредва со случајот на Муамба ама таму го спасија играчот за разлика од тука.
Колку шо памтам за Муаба дури се збораше и дека слегол кардиолог од трибини кој им поможил на лекарските екипи и на негов предлог играчот бил транспортиран во клиника за срцеви болести. Не очекувам ова шо го имаше во Лондон да го има и во Пескара, ама се шо се случи во Пескара е тотална спротивност и сите си спиеја на ушите.
Осеќам дека стадиончево на Пескара ќе добие дебел бан.
1. Комбето на лекарите шест минути не можело да влези на стадион, оти џандарите си ја паркирале колата на влезот
2. Играчите на Ливорно трчале да носат носилка за играчот (разбирам да поможат ама кај се медицинарите бе, на снимката изгледаат сите како изгубени и во празно трчкараат)
3. Дури има и шпекулации дека немало дефибрилатор на стадион
4. Колку време му требаше на судијата и играчите да сконтат дека нешто се случва (и покрај вриштењето на соиграчот). Добро ова не е со стадионот врзано ама е мизерно.
Се на јужњачки менталитет, Италијанче - Македонче работа.