Не сфати што ти напишав претходно! Не ти зборувам јас на тебе земи и коли се` пред себе, ти велам: оние кои го сториле тоа - најди ги и врати им со иста мера. Кога реков дека понекогаш за вакви сутуации сум екстремно десно ориентирана јас го мислам тоа. Доколку некој проба да му скубне влакно на некој кој мене ми е драг: јас ќе го најдам, а за после - Господ нека му е помош. А, ти, бидејќи си пацифист, јади си ќотек по автобуси, по улица нека те бркаат кучиња со беснило, нека убиваат или малтретираат луѓе кои ти се блиски и слободно шири си пацифизам околу тебе...
Јас се откажувам, ти си безнадежен случај.
Да, во право си, семејствата на децата треба сами да си спроведат истрага, да ги најдат убијците и да им пресудат.
После кога нашите државни институции, кои од икс причини се селективни при спроведувањето на правдата ќе ги лупнат во ќорка, се надевам дека барем ќе им носиш цигари.
Исто се надевам дека ти ќе им ги издржуваш другите деца, кои најверојатно ги имаат и кои сега освен без браќа, ќе останат и без мајка и татко. Али уствари тоа и нема да биде долго време проблем, пошто сега семејствата на убиените убијци, ќе ја земат правдата во свои раце и ќе спроведат крвна одмазда. И така се додека не се истребиме.
ДА ЗА КРВНАТА ОДМАЗДА!
Добро сеа, некои викаат дека крвната одмазда е одлика на примитивна општества, али тоа нема веза.
Наместо да се враќаш во средниот век и да пропагираш крвна одмазда, би можела да се запрашаш зошто на нашите политичари им е битно да си ја зачуваат фотелјата, а не да се најдат убијците.
И да, јас ќе јадам ќотек по автобуси, ама не затоа што сум пацифист, туку затоа што, по стоти пат, полицијата селективно ги казнува напаѓачите, па истите си даваат за право да дивеат по автобуси.
Али ти сигурно нема да јадеш, кога ќе видат дека си милитантна националистка, сигурно место ќе ти отстапат, може и цвет да ти подарат.
П.С. Јас не знаев дека во Македонија данок требале да плаќаат само пацифистите. Од утре не плаќам ништо, плаќајте вие за се`.
А јас не знаев дека треба да плаќам данок за нашите полицајци да дремат по кафани, а јас сама да си спроведувам закони.
И престани те молам да ми глумиш даскалка, лекции за национализам, пацифизам и егзекуции можеш да им држиш на децата пред зграда.