О, па јас тебе ти изгледам к`о човек партија, кој владее со Македонија изминативе 20 и кусур години?! Дај, не зезај. Ме споредуваш со неписмена раја, да не ти се случило повеќе! Јас не те споредувам со никого.
Мачко, па, ти си била уште поинтересен случај! Зарем ти мислиш дека во изминативе 20 години во Македонија имаше вистински лево или десно ориентирани политичари? Од 1990 наваму Македонија не ја воделе националисти! Ти очигледно не знаеш што се националисти, ниту социјал - демократи, да не почнам да се соменвам за пацифизмот. Националисти се луѓе кои се борат за создавање, јакнење и зачувување на националниот идентитет. Во зависност од степенот на едуцираност зависи и нивната бобра за реализирање на
своите идеали, верувања. Во позитивна смисла национализмот е исто што и патриотизмот, но има и негативен контекст. Пацифисти се луѓе кои сакаат работите да се решат по мирен пат и кај овие зависи степенот на едукација. Пацифизмот е многу поразгранет од национализмот. Како што можеш да забележиш
се` зависи од степенот на едукација. Некој попаметен и потежок, да речам невозможен, за манипулација, некој поглуп и по/лесен за манипулација.
Не сфати што ти напишав претходно! Не ти зборувам јас на тебе земи и коли се` пред себе, ти велам:
оние кои го сториле тоа - најди ги и врати им со иста мера. Кога реков дека понекогаш за вакви сутуации сум екстремно десно ориентирана јас го мислам тоа. Доколку некој проба да му скубне влакно на некој кој мене ми е драг: јас ќе го најдам, а за после - Господ нека му е помош. А, ти, бидејќи си пацифист, јади си ќотек по автобуси, по улица нека те бркаат кучиња со беснило, нека убиваат или малтретираат луѓе кои ти се блиски и слободно шири си пацифизам околу тебе...
Знаеш што е егзекуција? Ова што им се случи на децава синоќа. Ги наредиш к`о сардини и пукај. Тука нема место за пацифизам. Ти повторувам, пацифизмот се решава прагматски, значи со време. Ти к`о да си пацифист по нарачка, к`о на навивање. Денес се случи убиство и ти одма креваш два прста за да кажеш дека ние не треба да се караме, треба да се дружиме... Арно ама, на другата страна имаш 5 млади мртви луѓе. Како ќе им кажеш на семејствата тие луѓе дека сето ова не требало да се случи вака, дека требало да се разговара за тоа. Кај Смилковското езеро има егзекутирано деца од 18 - 20 години и 45 годишен човек, а ти ми викаш дека ова може да се реши на мирен начин. Си чула за крвна одмазда? Баш ме интересира како ти би пробала да спречиш крвна одмазда, пази за тоа нема затвор. За крвна одмазда има куршум в чело.
Немам поим колку ме сфати! Најискрено се обудувам да ти објаснам дека пацифизмот не е за овој случај. Касно се вклучувате. Доцните!
Ако има потреба ќе ти објаснам уште еднаш, не ми е мака. Сега полицијата сигурно ќе почне да апси Македонци заради нарушување на јавен ред и мир, наместо да ги бара виновните. Македонците пак ќе испаднат виновни уште сега кажувам.
П.С. Јас не знаев дека во Македонија данок требале да плаќаат само пацифистите. Од утре не плаќам ништо, плаќајте вие за се`.