Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Никој не го зема во предвид тоа дека и децата можеби биле вмешани во нешто... Знам дека е болно сега тоа, и дека блиските нема да се осмелат да кажат и доколку децата биле вмешани во нешто матно, но морате и тоа да го земете во предвид.
Не треба да се зима тоа во предвид. Ги знаев некои од нив и дефинитивно не се вмешани во матни работи. Заборавете на таа теорија.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
а тие што се одмаздуваа за во гостивар убиството, што имаше секој ден тепачки на невини деца они ли беа убијците?

значи предлагаш да ќутиме и да седиме дома иако ни утепаа 4 деца .. еве 4 деца .. кои ми се од маало меѓу кој едниот го познавам? До кога да ќутиме ???
Јас те сфаќам тебе не живееш од оваа страна и незнаеш каков е животот овде, кадешто секој ден имаш тепачки, рекети, заканувања, сите се исто гомно.

срамота е цел гостивар се дигна на нозе за двајца по 30 години.. што во самоодбрана беа утепани а ние за 4 невини ДЕЦА да седиме дома. Јас ќе се откажам од Македонија и од народов ако случајов заврши затворен и заборавен како ништо да не се десило.
Во Гостивар се знаеше кој кого уби, имаше сведоци и убиецот сам се пријави во полиција. Овде не се знае. Сакаш да ми кажеш дека си 100% сигурен дека убиците се Албанци?
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Колку е само лошо пренесена веста и колку се извртени работите. На крај пишува дури и за откажаниот попис па и дека Албанци во Македонија биле една третина. Катастрофа. Имало и бетер од нашиве новинари.
Да но што е позагрижувачки дека веста е преземена од ДПА, најголемата Германска Агенција за Вести.

Како и да е, има многу шпекулации и за разлика од други случаеви Македонските медиуми се доста воздржани во известувајнето.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.330
Во Гостивар се знаеше кој кого уби, имаше сведоци и убиецот сам се пријави во полиција. Овде не се знае. Сакаш да ми кажеш дека си 100% сигурен дека убиците се Албанци?
Не сум 100%, туку 100000000000000000000000000000% ;)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Aбе и да биле вмешани, решение ли е тоа? Сите сме можеле да бидеме на нивно место, подобро е така да се гледа на тоа.
Абе секако дека не е решение, скраја да е, но полицијата мора и тоа да го разјасни, мора да расветли и од таа страна.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Не сфати што ти напишав претходно! Не ти зборувам јас на тебе земи и коли се` пред себе, ти велам: оние кои го сториле тоа - најди ги и врати им со иста мера. Кога реков дека понекогаш за вакви сутуации сум екстремно десно ориентирана јас го мислам тоа. Доколку некој проба да му скубне влакно на некој кој мене ми е драг: јас ќе го најдам, а за после - Господ нека му е помош. А, ти, бидејќи си пацифист, јади си ќотек по автобуси, по улица нека те бркаат кучиња со беснило, нека убиваат или малтретираат луѓе кои ти се блиски и слободно шири си пацифизам околу тебе...
Јас се откажувам, ти си безнадежен случај.
Да, во право си, семејствата на децата треба сами да си спроведат истрага, да ги најдат убијците и да им пресудат.
После кога нашите државни институции, кои од икс причини се селективни при спроведувањето на правдата ќе ги лупнат во ќорка, се надевам дека барем ќе им носиш цигари.
Исто се надевам дека ти ќе им ги издржуваш другите деца, кои најверојатно ги имаат и кои сега освен без браќа, ќе останат и без мајка и татко. Али уствари тоа и нема да биде долго време проблем, пошто сега семејствата на убиените убијци, ќе ја земат правдата во свои раце и ќе спроведат крвна одмазда. И така се додека не се истребиме.
ДА ЗА КРВНАТА ОДМАЗДА!
Добро сеа, некои викаат дека крвната одмазда е одлика на примитивна општества, али тоа нема веза.
Наместо да се враќаш во средниот век и да пропагираш крвна одмазда, би можела да се запрашаш зошто на нашите политичари им е битно да си ја зачуваат фотелјата, а не да се најдат убијците.


И да, јас ќе јадам ќотек по автобуси, ама не затоа што сум пацифист, туку затоа што, по стоти пат, полицијата селективно ги казнува напаѓачите, па истите си даваат за право да дивеат по автобуси.
Али ти сигурно нема да јадеш, кога ќе видат дека си милитантна националистка, сигурно место ќе ти отстапат, може и цвет да ти подарат.
П.С. Јас не знаев дека во Македонија данок требале да плаќаат само пацифистите. Од утре не плаќам ништо, плаќајте вие за се`. :icon_lol:
А јас не знаев дека треба да плаќам данок за нашите полицајци да дремат по кафани, а јас сама да си спроведувам закони.:icon_lol:

И престани те молам да ми глумиш даскалка, лекции за национализам, пацифизам и егзекуции можеш да им држиш на децата пред зграда.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не ми влегува во глава теоријата дека е порака до МВР за да не се премести во западниот дел операцијата "Детонатор". За таква порака би свиткале полицаец или би фрлиле некаква бомба во некој дом за им пренесат да не ги чепкаат таму.
Прилично сум сигурен дека убијците се Албанци од причина што се мантра на ТВ од Котевски и Јанкуловска да не се разгоруваат меѓуетничките тензии.
Причините не ми се верува дека се кавга за место за риба и слично туку децава се сведоци на некаква случка според тоа што можам да го прочитам дека не биле замешани во никакви криминални дијанија, моја претпоставка е дека се нашле на место каде што се прегрупира ОНА, АНА, УЧК или како и да се викаат веќе терористиве од Косово, за да се скрие нивното присуство во земјава, направиле класична егзекуција и спраштиле во Косово.
Втора претпоставка е дека ова е организирано убиство со некаква позадинска причина да се направи дестабилизација на земјава или пак да се истера агенда на некаков субјект дали странски или внатрешен.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Не сум 100%, туку 100000000000000000000000000000% ;)
Како си толку сигурен? Ако имаш информации повели во полиција и дади изјава. Ако немаш седи си на форум и тролај си, со што ќе ја зголемеш тензијата меѓу двете етнички заедници. Браво! ;)
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
dobro i ova drzavava nasa e za vo gaz be upm kaj i da se desese bare den na zalost ke proglasea po toa gledaj deka ke zataskuvaat poso ako proglasat den na zalost ke izlezat mnogu luge po plostadite ke palat sveki i taka ke se podigne gnevot na narodot
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Абе секако дека не е решение, скраја да е, но полицијата мора и тоа да го разјасни, мора да расветли и од таа страна.
Ете јас ти расветлив незнам дали прочита. Move on.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.002
Поени од реакции
5.636
Абе секако дека не е решение, скраја да е, но полицијата мора и тоа да го разјасни, мора да расветли и од таа страна.
Точно така, ама голем проблем е што телата најверојатно се најдени три саат после убиството... Ако биле „паметни“ криминалци не се веќе во Македонија... Се надевам дека се уште во Македонија, иако според овие информации кои ги имаме сега убиството е доста прецизно извршено.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Во Гостивар се знаеше кој кого уби, имаше сведоци и убиецот сам се пријави во полиција. Овде не се знае. Сакаш да ми кажеш дека си 100% сигурен дека убиците се Албанци?

200% сум сигурен , децата имале срчка предходниот ден со албанци кај езерото, и следниот ден дали отишле со намера да се тепаат или само да си ловат риба.. и ги утепале.
Братми ми го кажа ова затоа што викале негов најдобар другар да оди со нив среќа имал работа со таткому :S
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
АПЕЛ ОД МЕНЕ ДО СИТЕ:

Дали крвна одмазда врз 5 невини души, во очи Велигден, е доволна да им убиеме ние уште 10 „нивни“, исто толку невини? Па они да ни вратат со уште смрт кај нас? САКАТЕ МИР ИЛИ САКАТЕ ВОЈНА? И пред да избрзате да одговорите, разгледајте по дома, избројте до 10, помислете на маче, куче, брат, сестра, мајка, татко, комшија, другар, другарка, чичкото што продава семки навечер во град...


Па одговорете ДАЛИ САКАТЕ МИР ИЛИ САКАТЕ ВОЈНА. Оти во војна се’ на што имате помислено, секого на кој сте помислиле, може да биде МРТОВ, УБИЕН, СИЛУВАН, ОСАКАТЕН, како последица на вашата желба и страст и афект да сакате ВОЈНА! А вие не сакате војна, никој не сака војна - сакате само одмазда, а во превод - сакате правда. А правдата ќе стигне и има кој да ја дели, само не создавајте повеќе работа за правдата, Ве молам, сите што живееме заедно во Македонија! НАЈПОНИЗНО ВЕ МОЛАМ ДА НЕ ВРАЌАТЕ НА УДАРОТ СО УДАР, ОТИ ЌЕ НЕМА КРАЈ. Се’ додека и на самите вас/нас не ни дојде крајот... Ако сакате да ви дојде крајот, сакајте смрт на друг, сакајте војна!

Сочувство до семејствата на убиените деца и човекот...
Да размислувале повеќе луѓе како што ве молам да размислите, тие деца, синови, дедовци, татковци - немаше да бидат мртви. Размислете во мир, размислете во мудрост, бидете мудри...

Мирот е скапоцена работа.

Останете во мир...

Благодарам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom