Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Пеколот е логички незамислив. Добро е познато дека болката е самата на себе анестетик. Невозможно е да се замисли вечно страдање.
Еве, за мене на пример, „нелогично„ е постоење субатомски честички со спин 2, кои треба да се „свртат„ два пати/два круга, за да опишат еден круг!

Ај биди паметен и кажи ми како тоа се случува.!
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Еве, за мене на пример, „нелогично„ е постоење субатомски честички со спин 2, кои треба да се „свртат„ два пати/два круга, за да опишат еден круг!

Ај биди паметен и кажи ми како тоа се случува.!
А бре Мики. Они не веруваат во нешта што самите не ги виделе или провериле. Така да ако одиме по нивниот рационален тек на размислување, од тоа би произлегло дека сите атеисти имаат одено во Швајцарија во она Церн-от и сл, и на лице место од прва рака ги проверуваат сите физички, хемиски, астрономски, биолошки и сл, закони, теореми, тези итн...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Токму тоа и ми е намерата: да посочам дека почетната позиција и за верните и за неверните е иста, што значи, верните веруваат на запишаното или кажаното од вероучението, исто како што и неверните веруваат во тоа што некој и некаде кажал, од научните области.

Но, она кое понатаму следи, а за кое имам пишувано, е следното: ако почетната позиција е иста, а тоа е верувањето „на збор„, после тоа, следува и емпириска проверка на она во кое се верува. Од тука, веќе се јавува разликата: верните се убедени во својата вера, ради личниот духовен опит, а неверните, најголемиот дел од нив, не можат да ги проверат научните вистини, кои самите ги исповедаат, затоа што тие вистини, ем се достапни за само мал дел од посветени поединци (научници, истражувачки тимови, лаборатории и сл.), ем се недостапни за проверка од најголемиот број од неверни/атеисти, но тие (атеистите,нели..) и понатаму продолжуваат да веруваат во вистините, кои за нив самите, остануваат недостижни! Тој јаз меѓу убеденоста од точноста од научните вистини, а без личен опит во нивната точност, атеистите го надминуваат со „вклучување„ на верата, па ќе се испостави дека на атеистите им е потребна дури и посилна вера и повеќе вложен напор во верувањето во научните вистини (кои се менуваат секоја човечка генерација...), отколку верата од верните, за која е доволен непосредниот духовен опит, без лаборатории, без посредници, без „рекла-кажала„.

Просто кажано, неверните се посилни верници и од верните...
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644

Браво добра логика.:tapp:
Немаат сите отидено но за тоа постои можност ако некој сака да отиди и да провери самиот и ако е спремен да потроши дел од својот живот за тоа.
Секако тука е прашањето дали има потреба за ова да проверуваш нешто што е докажано или треба да се надоврзеш на тоа стекнато знаење и да продолжиш понатаму. Бидејки да проверуваш нешто што е докажано е исто како секој нов физичар да проверува како се движи магнетниот флуксни трансформаторот што е чиста глупост.
За разлика од тоа што вие го пропагирате. Каде само треба да се верува и ништо друго а за проверка е невозможно. Плус и два животи не ти се доволни бидејки за да го докажеш тоа во што верувате треба да умреш.
 
M

Muranyi

Гостин
Како Ное успеал во арката да ги смести пингвините?Тие порано живееле на Блискиот Исток?
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Како Ное успеал во арката да ги смести пингвините?Тие порано живееле на Блискиот Исток?
Не, си пливале однадвор...
(какво прашање таков одговор, скок-пук)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Со зачини и со гајба пиво...:D
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Не, си пливале однадвор...
(какво прашање таков одговор, скок-пук)
Поголем проблем од пингвините се кенгурите. Водите се повлекле, континентите си излегле, од арката се истовариле животните и одеднаш немаме кенгури нигде освен во аустралија. Ни остатоци од кенгури нема. Како кенгурите стигнале од Арарат до Аустралија?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Тоа е барем лесно, толку лесно што и Чорба кажа - скокале од остров на остров. Не се џабе кенгури!
За кенгурите... ете има накаков одговор...:pos:

.. но што правиме со растенијата.... тутунот, пченката, компирот .... се е тоа донесено од Америка.... а да не ги спомнувам и другите милиони ендемични растенија.....
... па ај пак кај фауната ..онаа уникатната човечја риба во Постојна....

... потопот... абе врска нема тоа со некое глобално потопување, можда биле некои големи поплави во долните текови на големите реки... предизвикани од пообилни дождови....или од удари на цунами поради некој поголем подводен земјотрес... па и денес сме сведоци на такви работи...

За Арката... по милионити пат... таква работа склепана од дрво со тие димензии... едноставно ги руши сите закони на статиката, динамиката, хидростатиката, хидродинамиката, јакоста на материјалите, конструкциите, бродоградбата...итн.... тоа никогаш не би успеало да се одржи на површината и на мирно море. Па и во некој случај да пловело ... да такво нешто во услови на бура го одржиш цело и на површина ..бара многу искусни и прекалени морепловци... а Ное и фамилија .... со наутика ко магаре и музика
Да беше од метал и така-така... ама да до пред 150-тина години на некој му спомнеш дека металот може да плови... лудница не ти гинело...:D
 
I

Ilindenka

Гостин
Токму тоа и ми е намерата: да посочам дека почетната позиција и за верните и за неверните е иста, што значи, верните веруваат на запишаното или кажаното од вероучението, исто како што и неверните веруваат во тоа што некој и некаде кажал, од научните области.

Но, она кое понатаму следи, а за кое имам пишувано, е следното: ако почетната позиција е иста, а тоа е верувањето „на збор„, после тоа, следува и емпириска проверка на она во кое се верува. Од тука, веќе се јавува разликата: верните се убедени во својата вера, ради личниот духовен опит, а неверните, најголемиот дел од нив, не можат да ги проверат научните вистини, кои самите ги исповедаат, затоа што тие вистини, ем се достапни за само мал дел од посветени поединци (научници, истражувачки тимови, лаборатории и сл.), ем се недостапни за проверка од најголемиот број од неверни/атеисти, но тие (атеистите,нели..) и понатаму продолжуваат да веруваат во вистините, кои за нив самите, остануваат недостижни! Тој јаз меѓу убеденоста од точноста од научните вистини, а без личен опит во нивната точност, атеистите го надминуваат со „вклучување„ на верата, па ќе се испостави дека на атеистите им е потребна дури и посилна вера и повеќе вложен напор во верувањето во научните вистини (кои се менуваат секоја човечка генерација...), отколку верата од верните, за која е доволен непосредниот духовен опит, без лаборатории, без посредници, без „рекла-кажала„.

Просто кажано, неверните се посилни верници и од верните...
Би сакала copy-paste да му направам на постов. Мојт?
 
В

влијателен

Гледам дека сте Православен Христијанин. Кажете ми со кој личен духовен опит ја верифициравте Библијата и вашата вера и како изгледа тоа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom