Токму тоа и ми е намерата: да посочам дека почетната позиција и за верните и за неверните е иста, што значи, верните веруваат на запишаното или кажаното од вероучението, исто како што и неверните веруваат во тоа што некој и некаде кажал, од научните области.
Но, она кое понатаму следи, а за кое имам пишувано, е следното: ако почетната позиција е иста, а тоа е верувањето „на збор„, после тоа, следува и емпириска проверка на она во кое се верува. Од тука, веќе се јавува разликата: верните се убедени во својата вера, ради личниот духовен опит, а неверните, најголемиот дел од нив, не можат да ги проверат научните вистини, кои самите ги исповедаат, затоа што тие вистини, ем се достапни за само мал дел од посветени поединци (научници, истражувачки тимови, лаборатории и сл.), ем се недостапни за проверка од најголемиот број од неверни/атеисти, но тие (атеистите,нели..) и понатаму продолжуваат да веруваат во вистините, кои за нив самите, остануваат недостижни! Тој јаз меѓу убеденоста од точноста од научните вистини, а без личен опит во нивната точност, атеистите го надминуваат со „вклучување„ на верата, па ќе се испостави дека на атеистите им е потребна дури и посилна вера и повеќе вложен напор во верувањето во научните вистини (кои се менуваат секоја човечка генерација...), отколку верата од верните, за која е доволен непосредниот духовен опит, без лаборатории, без посредници, без „рекла-кажала„.
Просто кажано, неверните се посилни верници и од верните...