МРТВ - Македонска радио телевизија

Neelix

Рубикс Кјубер
Член од
4 март 2012
Мислења
23
Поени од реакции
6
МТВ во преговори за Формула ;)
Порталот „f1almanah.mk“дознава од упатени извори дека Македонската телевизија преговара да ги обезбеди правата за емитување преноси од светското првенство во Формула 1.

Во текстот кој го објави овој портал стои:

Добивме потврда од лица кои сакаат да останат анонимни дека преговорите се во тек, како и дека е многу веројатно договорот да биде потпишан пред Велигденските празници. Поради временскиот теснец неизвесно е дали реализацијата ќе успее да се случи сега, бидејќи нашите извори стравуваат дека постојат формално правни процедура, па дури и дека е можно да биде потребно одобрување од високи државни инстанци.

Дознаваме дека во моментов спортската редакција наводно нема свој уредник, бидејќи претходниот е во фаза на разрешување. Доколку ситуацијата не се реши до утре, а идната трка во Бахреин може да се откаже, ТВ преносите би се вратиле на малите екрани најрано на 13 мај, кога е закажана трката во Шпанија.

Македонија се соочува прв пат без телевизиски преноси од Формула 1 по осамостојувањето во 1991 година. И порано се случувало некои од менаџерите на јавниот ТВ сервис да ги откажуваат правата за Формула 1, но и откако некои независни приватни куќи ќе се обиделе да го преземат големиот влог, преносите да се вратат на МТВ. Последен ваков случај беше забележан во 2002 година кога тогаш ново-формираната Алфа ТВ успеа да ги обезбеди правата за наводни 70.000 долари, кои потоа никогаш не ги плати, па Ф1 се врати во МТВ за шпекулирани 40.000 долари, но цената во 2003 веќе беше двојно поголема. Според информациите на Ф1 Алманах, собрани пред почетокот на сезоната, ТВ правата за Македонија биле нудени од различни страни, како од домашни, така и од страниски фирми, една од Хрватска и една од Грција. Поранешниот сопственик на ТВ правата во тогашниот кус телефонски разговор само ни посочи дека според неговите информации, цената на ТВ правата за оваа година е поефтина во однос на лани.

Ф1 Алманах самостојно заклучува дека по пропуштените две трки од почетокот на сезоната, како и најавата за откажување на трката во Бахреин, и таа цена што била пониска за оваа година, би требало да забележи дополнителен пад, се наведува во информација на „Ф1 Алманах“
http://makmedium.com/index.php/component/k2/item/397-се-шушка-„мтв“-во-преговори-за-„ф1“-пренос
Па редно беше, формула немаме гледано ко луѓе од лани :)
 
M

MrzaRules

Гостин
МТВ ги откупија и правата за формула и тоа стартуваат одма викендов кога е трката во Кина на патеката Шангај.(y)Само уште да стават асален коментатор и одлично ќе биде
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.761
Поени од реакции
8.020
Место да земат некое првенство земаат формула :tapp:
Е претерувате сеа... се жалевте за тоа дека нема F1, сеа пак друго ви фали. Ви даваат прст, вие земате цела рака ебаго.

И самите знаете каква е состојбата околу тоа, еве бар италјанското и германското да го средат.

Секоја чест за МТВ... одсекогаш имала скоро најдобра програма, само тие турскиве серии премногу ја зафркнаа работата.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.511
Поени од реакции
87.495
Ме изненади ова од МТВ браво секоја чест, е сега шлаг на торта ќе биде уште НБА да откупат :)
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
8.098
МТВ сега треба да преносва Македонско првенство..по една утакмица од коло
кошараката да му ја земи на оние сељаците
ракометот го има
и уште да не дозволва на Сител да му земат големи натпреварувања од типот европски или светски првенства во кошарка или ракомет
а за странско првенство...не е место на национален сервис
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
50
Поени од реакции
75

100 пати подобро на Сител отколку на МТВ О.о Барем Сител имаат саглам коментатори, знаат и добра реклама да направат, добро промо и се`!
А, инаку, браво МТВ! Ова е добар потег!
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
100 пати подобро на Сител отколку на МТВ О.о Барем Сител имаат саглам коментатори, знаат и добра реклама да направат, добро промо и се`!
А, инаку, браво МТВ! Ова е добар потег!
:facepalm: Саглам коментатори :tapp:
--- надополнето: 12 април 2012 во 11:06 ---
МТВ сега треба да преносва Македонско првенство..по една утакмица од коло
кошараката да му ја земи на оние сељаците
ракометот го има
и уште да не дозволва на Сител да му земат големи натпреварувања од типот европски или светски првенства во кошарка или ракомет
а за странско првенство...не е место на национален сервис
Браво за постов, МТВ треба да биде ориентирана на нашите првенства, наши екипи на меѓународни натпреварувања и репрезентативните селекции, останатото се е плус, али ова треба да биде приоритет.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
8.098
:facepalm: Саглам коментатори :tapp:
--- надополнето: 12 април 2012 во 11:06 ---

Браво за постов, МТВ треба да биде ориентирана на нашите првенства, наши екипи на меѓународни натпреварувања и репрезентативните селекции, останатото се е плус, али ова треба да биде приоритет.
да.. се знај сите репрезентации треба да одат на МТВ а другите утакмици можата да му ги дат на Сител
и како шо рече да се ориентираат само на македонски спорт..е сеа бонус Формулата или Олимпијада и сл.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Е претерувате сеа... се жалевте за тоа дека нема F1, сеа пак друго ви фали. Ви даваат прст, вие земате цела рака ебаго.

И самите знаете каква е состојбата околу тоа, еве бар италјанското и германското да го средат.

Секоја чест за МТВ... одсекогаш имала скоро најдобра програма, само тие турскиве серии премногу ја зафркнаа работата.
Брат јас не сум фан на F1 никад не сум се бунел за тоа ја сум ок и само ЛШ што ќе пренесуваат ал можеа барем некоја лига да земат немора Премиер ил Шпанска :)
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.761
Поени од реакции
8.020
Брат јас не сум фан на F1 никад не сум се бунел за тоа ја сум ок и само ЛШ што ќе пренесуваат ал можеа барем некоја лига да земат немора Премиер ил Шпанска :)
За Премиер знаеме сите каква е ситуацијава, Sport Club се курчат сеа... :) Шпанскава еве ја има на Алфа, така да останува германсково или пак да ја превземат Серија А :D
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
За Пример знаеме сите каква е ситуацијава, Sport Club се курчат сеа... :) Шпанскава еве ја има на Алфа, така да останува германсково или пак да ја превземат Серија А :D
Па имаш и Француска, Холандска, Италијанска и така натаму се има избор :D
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.761
Поени од реакции
8.020
Па имаш и Француска, Холандска, Италијанска и така натаму се има избор :D
Француска пренесуваа, ваљда не се покажало ко шо треба... :)

Англиска или италјанска, а може и двете :D
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Пријатно сум изненаден од МТВ со тоа што ги откупија правата за пренесување на Ф1. Пред некое време ги критикував но еве сега јавно ќе ги пофалам дека се подобруваат. Гледам ќе ја пренесуваат и завршницата од Сеха лигата, а мислам дека и Олимписките игри се кај нив, така што од аспект на спортскиот дел сега се прилично добри.

Единствено како мана би издвоил тоа што најавуваат серии а потоа не ги емитуваат. Таков беше случајот со Спартак (Gods of the Arena), потоа "24", а според тоа што можев да го причитам од темава и Симпсонови.

Факт е деак мрднаа од мртва точка (што е добро), и сметам дека одат по прав пат, но имаат уште доста работа и простор за подобрување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom