Евро 2012 - албум со самолепливи сликички

  • Креатор на темата Креатор на темата boogeyman
  • Време на започнување Време на започнување
За сите што сакаат да се менуваат, може да се зачленат на сајтот http://www.slikicki.com/mak кој за светското 2010 одлично функционираше а има иницијатива и за ФБ страница http://www.facebook.com/EvropskoPrvenstvo2012MenuvaneNaSlikicki
која засега нема многу членови но со добра промоција тоа може да се промени :)
 
Мора да си трето оделение да збираш сликички од албум со светско?

Па шо бе? За 10 години кога ќе си ги најдеш, играчите шо некогаш играле на светско што си собирал сликички ќе си ги имаш за спомен.Ама како да ви докаже чоек вас, ептен сте паметни...
 
Планирам да го собирам,па ќе видиме...Иначе собирам од Јапонија и Јужна Кореја,таму ми фалеа 50-тина сликички,2004 Португалија околу 30,2006 светското во Германија собрав околу 50-60 сликички,2008 Европското ми фалеа само 9 сликички и мајками го фрлила некаде -.-. 2010 светското направив пауза,сеа планирам пак да почнам да лепам
 
Која глупост....го нема листот за пополнување на резултати што на сите албуми досега го имаше :mad:
 
Ептен непотребни сликички ставале во албумов.
Сите од ЕП ги прават вакви...
 
Многу се, ама му се радувам ко мало дете, немам збирано албум од 90тите :vozbud:
Кај се продаваат сликчиња?
И после ќе правиме кајганџиско разменување? :)
 
И ја денес земав ..стопосто и повеќето земале денес, го имаше со Мак Спорт (за дваес денара) :icon_mrgr: слики баеги, па ќе глеам да не остане празен.
 
И јас денеска земав Мак. Спорт само поради албумот. Последните неколку светски и европски првенства зимам албуми ама не ги пополнувам, речиси празни се.. Од мал сум собирал многу сликички и сега имам желба ама кога ќе ми текне оти 1 пакетче е 25ден. нема шанси... порано пред 10 год 1 пакетче беше и по 10ден тогаш купував по 10, 20 пакетчиња наеднаш... сега мислам оти не е исплатливо.. барем да имаше некоја наградна игра, колку повеќе пакетчиња собираш толку поголема награда ќе добиеш.. Имаше порано и кола даваа за пополнет албум а сега како што гледам нема ништо. Инаку во албумот сега очекував внатре барем 5 сликички ама празен е... можеби би купил 2-3 пакетчиња да видам како е што е, само поради радозналост. Многу ги почитувам и им давам рака на сите колекционери што собират сликички, колку и да бидат возрасни.. годините не се битни во ова хоби..
 
Од Eвропско 96, Светско 98, Европско 2000, Светско 2002, Европско 2004, Светско 2006, Европско 2008, Светско 2010 па и денес го зедов овој од Евро 2012.

Имам и 2 албуми на Панини од Лигата на Шампионите, и еден ми е од Ф1 само за Скудерија Ферари.
 
Од Eвропско 96, Светско 98, Европско 2000, Светско 2002, Европско 2004, Светско 2006, Европско 2008, Светско 2010 па и денес го зедов овој од Евро 2012.

Имам и 2 албуми на Панини од Лигата на Шампионите, и еден ми е од Ф1 само за Скудерија Ферари.

Исто, само + албум за Премиер Лигата ! :))) Првите се полни, скоро цели, од 2008та послабо.
 
Bitch Please
Што .!. ќе трошам пари на сликички, кога за месец или два ќе си го симнам од интернет целосно пополнет. Ги имам сите албуми од СП од 1970 до 2010, и сите од ЕП освен 2000 и 2004 :(
 
во албумите со спорт шо одат нема пакетчиња гратис?
 
Ептен непотребни сликички ставале во албумов.
Сите од ЕП ги прават вакви...
Баш ради тоа јас не ни планирам да ги собирам Европскиве. Само она што групните слики од сите репрезентации се поделени на 4 сликички е многу, а да не збориме за додатните како оние „in action“.. Претеруваат, нека го напраат 300 сликички сите ќе собираат сигурно, вака со желбата да заработат што повеќе постигнуваат само контра-ефект.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom