Во Библијата:
„И во деветтиот час Исус извика гласно, велејќи: ‚Елои, Елои, Лама савахтани?‘ А тоа значи: ‚Боже Мој, Боже Мој, зошто си ме оставил?‘“
(Марко, 15: 34)
(Да се плаче поради нанесена неправда е човечка слабост.)
„А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде во пусто место и таму се молеше.“
(Марко, 1: 35)
„А Он се повлекуваше на осамени места и се молеше.“
(Лука, 5: 16)
(Молењето е исклучиво човекова потреба.)
„И рече Исус: ‚Кој се допре до Мене? Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.‘“
(Лука, 8: 45, 46)
(Незнаењето е човекова ограниченост.)
„А утредента, кога излегоа од Витанија, Он огладне.“
(Марко, 11: 12)
(Човековото тело чувствува глад и има потреба од храна.)
„Но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, оти уштен е беше времето за смокви. И кога одговори Исус, ј рече: ‚Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!‘“
(Марко, 11: 13,14)
(Гладниот човек е и гневен човек!)
„Кога, пак, пловеа, Он заспа.“
(Лука, 8: 23)
(Спиењето е човекова потреба, а да се заспие е човекова слабост.)
„А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот.“
(Марко, 13: 32)
(Луѓето не знаат што ќе се случи во иднина, но Создателот знае.)
„Тогаш Духот Го одведе Исуса во пустиња за да биде искушуван од ѓаволот.“
(Матеј, 4: 1)
(Ѓаволот никогаш не може да му наштети на Бог, но на човекот може.)
„Но Јас ништо не можам да правам Сам од Се¬бе.“
(Јован, 5: 30)
(Човекот секогаш зависи од Бога.)
„Ништо не правам Сам од Себе, туку, како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам.“
(Јован, 8: 28)
(Пратеникот е човек и нема своја сопствена власт.)