Што е Исус?

  • Креатор на темата Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување Време на започнување

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 185 47,2%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 20,9%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,8%

  • Вкупно гласачи
    392
Единствена религија во која нејзините припадници не знаат во што веруваат е христијанството.

Единствена религија во која нејзините припадници живеат за да ги терминираат сите останати е исламот.
 
Аха, така нека е. Моит сеа да ја ослободиме темава од нашите гушења?
 
Се сомневам дека знаат но добро... секој со своето.

ТОчно знаат, тоа што треба да го знаат.

Колективна свест е тоа.

Одлични борци, одлична подлога за колективна манипулација.
 
ТОчно знаат, тоа што треба да го знаат.

Колективна свест е тоа.

Одлични борци, одлична подлога за колективна манипулација.
Штета што го одат патот на христијанството... сепак.
 
Штета што го одат патот на христијанството... сепак.

Веќе го изодеа истиот пат, сега само продолжуваат понатаму осамени, без вистински лидер, а таму напред веројатно ги чека бездна, ама кој да го знае тоа, стравот е се поголем, придружувањето на толпата е посилно од квалитативното одвојување.
 
Е има нешто и у тој муабет:P

Поентата поише беше да спредиш кое е поголемо зло, од внимавај ДВЕТЕ ЗЛА;)

Мики, пријателе, сигурен си дека знаеш кој нанесол и нанесува највеќе зло во овој свет?

Нечовечки е да се прави споредба во ваква тема. Злодело си е злодело, кој го направил ќе одговара пред Бога, но сепак бидејќи инсистираш зошто не правиш ти споредба и малку калкулации и ќе го добиеш резултатот. Не мора да шеташ многу, концентрирај се само во Јужна Америка и Африка.

Поздрав;)
 
.

Зло е да не се верува на БОГ, исто како што е зло грешно да Му се верува!

Овие две зла се причини за најголемите катастрофи кои се случиле и кои што се случуваат на оваа прекрасна планета!

Правилно да се поверува и правилно да се осознае Единствениот Вистински и Совршен БОГ е најважното нешто за човековата душа!

Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Господи на Небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата!
Да, Оче, зашто таква беше ВолјатаТвоја.
Се’ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.

(Ев. Матеј 11:25...)

.
 
Како Исус се обраќал до Бог.Има ли логика некој да го нарекува бог и да го зема за посредник кога и самиот се молел и барал помош од Бог.

Евангелије по Матеј: 10. Но Исус му рече: <Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: »*На Господа, твојот Бог, да Му се
поклонуваш и само нему да Му служиш!«
16. И ете, *еден човек, кога пристапи до Него, Му
рече: <Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?"
*Марко 10,17; *Лука 18,18;
17.
А Он му одговори: <Зошто Ме наречуваш добар? Никој не е добар освен единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во
животот, пази ги заповедите."

36. Учителе, која
заповед е најголема во Законот?
37. А Исус му одговори: <*Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и
со сета своја душа, и со сиот свој разум;
*5.Мој.6,5;
38. тоа е прва и најголема заповед;

36. *А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец;

39. И како се пооддалечи малку, падна ничкум; *се молеше и говореше: <Оче Мој, ако е можно,
нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти.
 
.

Џабе што неверниците и кривоверниците постојано се учат, кога никогаш нема да се научат, ако кон Христа не се обрнат!

Единствениот Вистински и Совршен БОГ беше (и е’) лично присатен во отелотворението на Неговата Мудрост (Исус) и тоа потполно во секоја Негова клетка и секоја Негова капка крв!

Единствениот Вистински и Совршен БОГ во Исус (и преку Исус) се’ што направи и се’ што зборуваше, направи и зборуваше за наше спасение и поука, како не би следеле лажни патишта, лажни пророци, обожавале лажни богови или се клањале кон камен, слика, ... или билокаква поинаква материја!

.
 
Мики, пријателе, сигурен си дека знаеш кој нанесол и нанесува највеќе зло во овој свет?

Нечовечки е да се прави споредба во ваква тема. Злодело си е злодело, кој го направил ќе одговара пред Бога, но сепак бидејќи инсистираш зошто не правиш ти споредба и малку калкулации и ќе го добиеш резултатот. Не мора да шеташ многу, концентрирај се само во Јужна Америка и Африка.

Поздрав;)

Види вака, у принцип сум скептичен кога од другата страна на дијалогот е припадник на Исламот. Јеби га искуството ми го покажало тоа.

Ти имаш сосема коректен, човечен пристап и може да се дискутира на нормално ниво.

Можеби си во право дека злото си е зло, и дека нема потреба од таква споредба.

Муабетот ми е дека секоја религија која е во институционализирана форма е негативна за развојот на човештвото.

Тоа најдобро го покажа токму Хриситјанството во ерата на инквизицијата, а Исламот го следи истиот пат само 600 години подоцна.

ТОа е генерално мојот став, за да знаеш во наредна дискуија од кој апозиција би напишал пост.
 
Само еден цитат:
602457_418482751524030_894705238_n.jpg
никогаш неќам да се мешам во вакви дебати (додуша и не е мешање ова,само една мала дигресија).не знам ни шо ме натера да ја отворам темава ама едноставно морав да искоментирам на сликата :D
баш овај Хокинг имаше illusion of knowledge дека Higgs boson никогаш нема да биди пронајден пошто не постој
исто беше убеден дека универзумот ќе се шири бесконечно,за то има и пишувано во неговите книги,па сега најнова теорија е дека ќе се шири до некоја одредена точка кога темната енергија (dark energy) ќе надвладеј, па ќе почни да се смалува додека не стигни до еден единствен сингуларитет,како на почетокот на универзумот односно Big Bang-от
Муабетот ми е не е тој кадарен да збора за illusion of knowledge,и самио се држи до неговите ставој ко слеп за стап и не ги прифаќа новите научни тези (подржани со докази) и различните размислувања во теоретската физика и во астрономијата. Точно дека е еден од највлијателните денешни физичари,ама изглеа сака да биди modern day Ајнштајн, а не е.
 
Види затоа се ова што го наброја се вика теорија.
Дали за Басонот и денес го дели тоа мислење. Било теорија и тоа која се држеше на стаклени нозе но испадна дека е точна.
Истот се однесува и на другото што си го напишал. Моментално сите мерења покажуваат дека универзумот се уште се забрзува така да сеуште најприфатена е неговата теорија.

Поентата ми е дека оваа негова изрека не можеш даја употребиш со теориите бидејки тие постојано се менуваат.
Таа се однесува на ставовите на луѓето кои ги имаат во секојдневието.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom