Не ја паузираше туку играше во некоја од Арапските земји.
Изгледа не ти се јасни некои работи, Тој бомбастичен удар не се губи. Таков шут никогаш не исчезнува.
Раде има 34 години, Пепи до 40 години го имаше истиот топ во рака.
Го гледаш Перез?
Топот на Раде ни треба, нешто што неможе никој друг да го понуди на таа позиција.
Може со години да паѓа кондициски, ама го има тоа што на нас ни треба.
Вака како тебе размислуваа и другите кога се врати во Вардар и под палка на Савески му зема 4 бода од 6 на Лино. Незнаеше Брестовц каде е топката во Автокоманда
Ах.... а бе не реков ништо против Раде. И не реков дека топот се губи (иако физичката подготвеност се губи). Реков дека отековте со Раде (има ли можност да се опомене некој ако постојано исти линкови става на сите можни теми и тоа по неколку пати). Тоа го реков.
И уште ова само и не пишувам веќе. Не се криви нити само судиине што го тероризираат нашиот ракомет, нити Кирил, нити Шундо, нити репрезентативците од Металург, нити Минчо....
Криви се сите од прв до последен. Еден Стефче на локална ТераТВ кажува што може да ни се случи со Шведска и ние одиме со истиот глупав стерилен напад.
Од прв до последен. ОД ПРВ ДО ПОСЛЕДЕН. Затоа што не седнале со тоа здебелените нивни газови и да го анализираат противникот и да видат со тоа што го имаат што може да направат.
Шундо не го викнал Раде ради Кире ради Филип. Криви и Шундо и Кире и Филип, ама и Раде што имал муда увек за се ама немал да излезе и да каже што е и како е.
Ама криви се и другите бе брат. Борко и Диви зејат додека Шундо тресе глупости на тајм аут. Демек ќе зејат кога овој тресе глупости. Ама не е така. Играат за МК, а најмногу за себе (сон на секој спортист да учествува на Олимпијада) Ако Шундо тресе глупости и ако никој не го слуша можат барем место да зејат да седнат и да разработат тактика ( не на тајм аут нормално туку уште пред тоа). Ама не им се работи, не им се игра.... Немаат сон. Тоа е основниот проблем. Некој спомна Наумче заработувал над 10000 евра во Металург. Еееееј, над 10000 Евра во МК. И? И се ака па скопските кафичи до црни зори и ич ништо не го боли.
Па ние за 10000 денари црнчиме на некои работи, па навечер си легнуваме за да наредниот ден бидеме функционални на работа. А они.... сите се поправиле ко свињчиња пред нова година.... оној Ванчо па, да не правиме муабет (секоја чест на исклучоците).
Е заради ова горе ме нервира кога тупат со Раде, кога тупат со Богот Кире кој го земал брат му Филип......
Ништо конструктивно. Од 1000 постови едно те исто. Ко СДСМ и ВМРО.... Не се прави муабет што е најдобро за МК, туку се фаќаат за една работа и верглаат, верглаат, верглаат......
Извинете за долгиов пост.....
И покрај се секогаш ќе гледам ракомет и секогаш ќе им простувам за тагата која ни ја нанесуваат поради радоста која ни ја донеле, но најмногу заради Македонија.