Самит на НАТО; Чикаго - мај 2012; (општа дискусија)

Ќе биде ли Македонија ставена на дневен ред на овој самит?

  • Да

    Гласови: 25 20,5%
  • Не

    Гласови: 97 79,5%

  • Вкупно гласачи
    122

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Току така.
Во политика, посебно дипломатија, јавната реторика е речиси секогаш празна и безначајна. Битно е она што се случува зад затворени врати. А таму е одлучено дека НЕМА да влеземе. :)
Кој ти кажал? ;)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Кој ти кажал? ;)
Ај ќе видиш. Недела дена после пресудата во Хаг, ЕУ и дава дополнителни стотици милијарди евра, а на нас тапшање по рамо. Мање-више исто ќе е и тука. Два часа по пресудата излезе НАТО со званична изјава која меѓу редови значеше: Нема решение за име - нема НАТО. Јас не знам што толку ви значи пресудава во ХАГ. Меѓународно право е едно, меѓународна политика е сосема друг универзум. Во ред е човек да се надева, но искрено, пресудава нема значење за нас, освен тапашње. Во ред, мене ми се допаѓа што е наша страна. Ама нивните реторики празни се само на наша страна, нивните дела се на другата страна. Исто ко во животот - некој ќе те потапша, од тоа може да ти биде подобро, ама нема да ти го реши проблемот. Исто е и ова. Немам верба во меѓународни судови, тоа е, it's just me.
 
M

Muranyi

Гостин
Хашката пресуда е ОК само проблемот е што нема кој да ја ефектуира нема институцуја кој е надлежна за извршување на неа. На следниот самит на НАТО во Чикаго нема најверојатно Македонија да биде на агендата и за џабе Хаг судел бидејќи сега нема вето нема ништо. Интересно би било ако се изборат Македонија пак да аплицира и да мораат да гласаат е тогаш ќе биде интересно дали Грција ќе може да прави проблеми бидејќи е во директна колизија со Хашката пресуда. Ама не ми се верува Македонија да биде спомната на следниот самит на НАТО.
Како и да е убаво интервју на претседателот.
А кој тука во случајов би можел да се избори за Македонија пак да поднесе апликација?Дали тоа е можно од било која земја членка,каков е механизмот?
 
S

Sagan

Гостин
Грешка, од правно политички аспект, Хашкиот процес и пресудата се едни од ретките случаеви каде што парите на народот не се залудно поарчени...
И, како тоа пресудата позитивно влијае/ше правно, а како политички во процесот на официјално пристапување на македонската држава во нато?

Расмусен: Нема влез во НАТО без решен спор за името...

И мал милион други статии со слични наслови, ама од други луѓе.
Позитивен импулс? Абе ај, не ме зајебавај!

Без решение на грчкиот спор околу нашето име, нема нато, нема еу (сполај ти боже).
А спорот треба да го решиме со политички договор со јужниот сосед. Не у Хаг, не у Њујорк, не на Марс.

А инче, тоа што не тапкаат по рамо, као: Еј браво, ги растуривте грците у Хаг, парче ги сторивте, нема влијание за реалниот проблем. Таа пресуда не ја обврзува грција на ништо. И да пазиме да не нѐ искриват од многу тапшање.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Политиката и меѓународното право се многу покомплицирани отколку што изгледа на прв поглед. Грција после пресудата од Хаг мора драстично да ја менува позицијата. Ако во Букурешт можеше отворено да стави вето на приемот на Македонија во НАТО, во Чикаго ќе мора да се бори прашањето воопшто да не дојде на дневен ред. Со тоа, маневарскиот простор и е де факто намален. Пресудата во Хаг беше голема политичка и правна победа на Македонија, сега прашање е колку нашата дипломатија може да поентира на тоа.
Расмусен може да јаде говна колку сака, ниту некој нешто га прашува, ниту е некој фактор...
 
Е добро Ставрогине, колку време помина од пресудата во Хаг? Што се смени у меѓувреме? ЕУ тоне заради нивните долгови од алчност, процентите на војска со кои учествува во нато-мисии се брои со 0,0000... И пак се на нејзина страна.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.341
Поени од реакции
26.316

Премногу симплифицираш. Од пресудата во Хаг пројде незначаен период. Не се ни шест месеци. Инаку, пресудата во Хаг ни даде повторно повод за дипломатска иницијатива. Ако пред неа Грците не обвинуваа за наконструктивност и целиот меѓународен притисок беше насочен кон нас, сега тие избегнуваат средби и меѓународната заедница нема основа да не притиска.

Кој е амбасадор на ЕУ во Македонија? Не знаеш, нели? Го нема веќе по медиуми секој ден, за разлика од времето на мандатот на Фуере кога фалеше уште од фрижидер да излета, со неговите пораки за компромис. После пресудата ние имаме иницијатива, а Грците се во дефанзива. Дали ќе успееме да реализираме зависи само од способноста на нашата дипломатија.

Инаку, не е точно дека НАТО и САД се на страна на Грција. Тие само се практични. Нив им требаат и Македонија и Грција како сојузници и ние оставаме впечаток на понеорганизираната и на страната што полесно ќе попушти. Затоа притисокот кон нас е поголем.
 
Симплифицирам оти е многу едноставно: нато и еу биле и секогаш ќе бидат на страна на земја-членка кога на другата страна е земја која не е членка.

Сега не нѐ притискаат оти гледаат во каква каша е грција, а ним решавањето на нивниот сопствен спор со нашето име сега им е последно на листата проблеми. Да не беше ваква состојбата во грција, притисокот ќе беше дури и поголем од тој во времето на ирскиот педер. За преговори требаат две страни. Македонија не може сама со себе да преговара.

Едноставно: ѝ даваат време на грција да си ги реши егзистенцијалните проблеми. А нашите го знаат тоа, па глумат некоја си конструктивност, демек, еве, ние као стварно сме сакале у нато.
 
НАТО и ЕУ се целини само декларативно. Многу е наивно да се размислува за нив како целини со исти интереси. Тоа се конгломерати на држави, лоби групи и поединци со различни интереси. Оние држави, лоби групи и поединци кои имаат интерес да ја подржат Македонија во процесот на зачленување сега имаат силен адут во ракавот, а тоа е пресудата од Хаг. Во таа смисла пресудата од Хаг е голема победа за Македонија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.341
Поени од реакции
26.316
Симплифицирам оти е многу едноставно: нато и еу биле и секогаш ќе бидат на страна на земја-членка кога на другата страна е земја која не е членка.
Делумно си во право. Доколку не им бевме потребни како членка на НАТО веројатно овој проблем веќе ќе беше решен на наша штета. Бидејќи не сакаат и нас во нивниот чадор пробуваат да стигнат до „компромис“ (со кој ние сигурно ќе изгубиме повеќе од Грција). А и има држави што не поддржуваат внатре.

Едноставно: ѝ даваат време на грција да си ги реши егзистенцијалните проблеми. А нашите го знаат тоа, па глумат некоја си конструктивност, демек, еве, ние као стварно сме сакале у нато.
Тоа ми изгледа и логично. Покрај сите силни кратења на буџетот, уште да ја натераат грчката техничка влада да прифати било какво решение за едниот од двата спора во кои може внатрешно-политички да поентира би било лудост. За сериозни преговори ќе почекаме да се конструира влада со политички предзнак.

Инаку, македонската власт стварно сака во НАТО. За ЕУ не би тврдел, ама за во НАТО се искрени во заложбите.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Нема решение за билатералниот проблеми помеѓу двете страни, нема влез во НАТО. Нема ни на дневен ред да бидеме. Ќе се посвети внимание во извештајот дека Македонија бележи напредок во реформите, но и дека учевствува во акции на алијансата. Кога ќе изнајде решение за спорот тогаш ќе биде вклучена во алијансата. Вака ќе гласи заклучокот од самитот. Кој не верува ќе поверува веднаш после самитот.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422

Болдираната реченица не е во никој случај причинско-последична, туку е само двојна констатација. Ниту има решение за името, ниту пак ќе влеземе во ЕУ и НАТО. Причините се и економски и безбедносни истовремено. Што побргу го сватиме тоа, толку побргу ќе почнеме да бараме алтернативни патишта, буквално за опстанок.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Само да надополнам
2. Грција неможе да не поднесе нас. Не е проблемот само името. Проблемот се имотите на Егејците. Тоа се големи пари кои треба Грција да ги врати како отштета. Некои велат дека станува збор за милијарди долари. (тие пари они ги немаат)
11 000 километри квадратни земјиште за кои протераните имаат тапија. Тоа ти е околу 11.000.000.000 метри квадратни, што кога би се помножиле со 100 Евра просечна цена би се добиле 1.100 милијарди евра, но треба да се има во предвид и дека уште 11.000 километри квадратни се со тапија и сопственост на Евреите. Евреите ова земјиште ќе си го бараат кога тогаш.

3. Егзодусот и напалм бомбардирањето. Тоа ако Македонија го извади на површина како земја членка на НАТО со подршка од некои земји, значи директно обвинување на Грција за геноцид и етничко чистење.
Па сега да не се правиме слепи при очи, и да не ја заборавиме вистината. Егејска Македонија беше втора воена интервенција на Велика Британија (после Израел) и прва воена интервенција на САД после втора светска војна. Напалмот не беше пуштан од Грците, туку од Американците.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom