Премногу симплифицираш. Од пресудата во Хаг пројде незначаен период. Не се ни шест месеци. Инаку, пресудата во Хаг ни даде повторно повод за дипломатска иницијатива. Ако пред неа Грците не обвинуваа за наконструктивност и целиот меѓународен притисок беше насочен кон нас, сега тие избегнуваат средби и меѓународната заедница нема основа да не притиска.
Кој е амбасадор на ЕУ во Македонија? Не знаеш, нели? Го нема веќе по медиуми секој ден, за разлика од времето на мандатот на Фуере кога фалеше уште од фрижидер да излета, со неговите пораки за компромис. После пресудата ние имаме иницијатива, а Грците се во дефанзива. Дали ќе успееме да реализираме зависи само од способноста на нашата дипломатија.
Инаку, не е точно дека НАТО и САД се на страна на Грција. Тие само се практични. Нив им требаат и Македонија и Грција како сојузници и ние оставаме впечаток на понеорганизираната и на страната што полесно ќе попушти. Затоа притисокот кон нас е поголем.