Самит на НАТО; Чикаго - мај 2012; (општа дискусија)

Ќе биде ли Македонија ставена на дневен ред на овој самит?

  • Да

    Гласови: 25 20,5%
  • Не

    Гласови: 97 79,5%

  • Вкупно гласачи
    122

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.256
И покрај овие подршки јас мислам дека нема да влеземе во НАТО,се дур постои Гејлада и нивните фашистички политики..:tapp:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
На Грците ич не им е проблем името, со тоа си го покриваат главниот проблем - националниот идентитет. Грците не смеат да признаат македонска нација, ниту македонско малцинство во нивната земја :)
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.324
Поени од реакции
1.167
Атина не е главниот проблем во целава пиздарија,таа имајќи свој интерес е само главно експонирана,додека од позади стои Америка и нејзината намера за создавање на голема албанска држава на Балканот заради штитење на нејзините интереси.
Инаку спротивното е тешко да се замисли дека Атина решава за состојбите во НАТО.
Атина се противеше и за нападот на НАТО врз Србија ама не само што никој не ја праша туку целата логистика одеше преку нејзина територија.
Замислете САД годишно трошаат 600 милијарди долари за армијата а тоа е повеќе, некој велат од цел свет заедно,и сега пилиштар како Атина да решава за политиката на НАТО.
Таа логика е апсурдна и е пуштена од американците заради дефокусирање на народот.
 
M

Muranyi

Гостин
КОНГРЕСМЕНИ ДО ОБАМА – МАКЕДОНИЈА ВО НАТО
Конгресмени од редовите и на демократите и на републиканците до претседателот Барак Обама испратија писмо во кое бараат од неговата администрација да осигура дека НАТО конечно ќе и ја понуди на Република Македонија залужената покана да за приклучување кон НАТО Алијанста на Самитот во Чикаго кој ќе се одржи на 20 и 21 мај годинава, се наведува во соопштението на Обединетата македонска дијаспора. Конгресмените, во писмото според ОМД, побараа од Обана да го исполни ветеното на Лисабонскиот самит на НАТО во 2009, каде Обама рече дека: “се радува на денот кога САД ќе и посакаат добредојде на Македонија во Алијансата и оти вратите на НАТО ќе останат отворени за нови членки кои ќе ги постигнат неговите стандарди и кои можат да дадат значителен придонес кон безбедноста на сојузниците”
“Ако на македонските војници може да им се довери безбедноста на НАТО-шаторот во Авганистан тогаш тие треба да бидат поканети во тој шатор. САД и нашите НАТО-сојузници треба позитивно да одговорот на овие напори со поддршка на македонските аспирации за формално интегрирање во Алијансата. Силно ја повикуваме вашата администрација да работи во партнерство со нашите НАТО-сојузници за да го заврши процесот почнат на Вашингтонскиот самит во 1999 година кога на Македонија и беше доделен првиот Акциски план за членство и да и врачи формална покана на земјата да се приклјучи на НАТО на Самитот во Чикаго во мај” стои во писмото од конгресмените.
Kопии од писмото се исрпатени до потпретседателот Џозеф Бајден, државниот секретар Хилари Клинтон, секретарот за одбрана Леон Панета, како и до генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен.
Писмото е потпишано до 22 републиканци и 32 демократи.
извор:http://hajdpark.mk/конгресмени-до-обама-македонија-во-на/
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Жалам зашто се' уште нема позитивен одговор на моите покани за средба со претседателот Папуљас

Некои од грчките барања навлегуваат во сферата на индивидуалните човекови права, како што е правото на самоопределување на еден човек, што значи дека можното решение во таков случај би се рефлектирало врз македонскиот национален идентитет

Миркица Поповиќ
По присуството на приемот во грчката амбасада во Скопје, претседателот Ѓорге Иванов изненади со интервју за грчкиот весник „Катимерини“. Иванов во интервјуто е претставен како претседател на Поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ), меѓутоа во текстот може да се забележи дека е внимавано на оригиналната терминологија што ја користел македонскиот претседател. Неговото интервју е дочекано со изненадување во Атина затоа што веќе неколку години нема интервју ниту од македонскиот премиер ниту, пак, од претседателот за грчки медиум, како што нема ниту од грчките лидери за македонски медиум.

Во интервјуто Иванов испраќа пораки до грчкиот политички врв и до грчката јавност дека е свесен за нивната тешка економска ситуација, но дека тоа е токму причина зошто е потребно да се реши прашањето за името за потоа и двете страни да може да се фокусираат на други важни прашања. Иванов е фокусиран на барањето за менување на консензусот од Букурешт НАТО самитот, македонската и грчката црвена линија, значењето на одлуката од Хаг за понатамошните чекори во решавање на спорот за името, како и за неговото согледување на скулптурите од Скопје 2014. Македонскиот претседател споменува дека античкото минато е заедничко минато и култура кое треба да се слави.

Во неговото прво интервју за грчки медиум, Иванов потенцира на неопходноста за билатерални средби меѓу двете страни и го поздравува фактот што има чести средби на ниво на премиери, меѓутоа покажува горчина што се уште нема остварено средба со неговиот грчки колега, претседателот Каролос Папуљас. „Жалам што се уште нема позитивен одговор на моите покани за средба со претседателот Папуљас. Двете држави споделуваат визија за едно обединето и просперитетно европско семејство, во чии рамки е тешко да се објасни фактот дека во овие 20 години немало средби меѓу претседателите на овие две соседни држави. Идејата за средба со мојот колега е искрена, да се испрати дополнителен позитивен сигнал до нашите две општества“, вели Иванов.

Претседателот вели дека се надева да се случи средба со Папуљас наскоро, додавајќи дека има голем број работи кои ги поврзуваат двете држави, а само една разлика која не е непремостлива.

Во интервјуто за „Катимерини“ Иванов настапува остро за влијанието на Хашката пресуда за идните чекори на македонската и грчката влада, посочувајќи дека Грција треба да се соочи со правниот факт дека ја има прекршено Времената спогодба. Иванов споменува дека никој не може да ја игнорира пресудата, ниту Грција, ниту Алијансата како организација бидејќи оваа пресуда покажала јасно дека одлуката од Букурешт во 2008 е нелегитимен акт спротивен на Времената спогодба. „Противправното дејство кое беше констатирано од Меѓународниот суд на правдата не се случи во некоја меѓународна невладија организација за да биде игнорирано. Напротив, имаме заклучок од еден самит, оној во Букурешт, кој е неодржлив во новонастанатата ситуација, кој треба да биде променет со заклучок на друг самит, самитот во Чикаго“, забележува Иванов.

Како што посочува во интервјуто, очекува пресудата да му олесни на сегашната или следната грчка влада да ги промени ставовите и политиката кон Македонија и тоа на одговорен начин, со тоа што ќе ја сфатат одговорноста која произлегува од одлуката на Хаг дека Грција ја прекршила времената спогодба. Според Иванов, поканата за членство во НАТО и ЕУ ќе ги поврзат македонската и грчката воени сили и економии, ќе помогнат на идните генерации да не живеат со непотребната нетрпеливост и предизвици, меѓутоа тоа нема да значи дека двете држави се согласуваат за сите теми или начинот на кој се гледа на историјата.

На прашање дали Македонија размислува да поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН доколку не се најде решение за прашањето за името во рамки на ОН, Иванов потенцира дека верува во можностите на двете страни да најдат решение. Претседателот порачува дека потребно е двете страни цврсто да се придржуваат до рамките во кои се водат разговорите, односно резолуциите на ОН и Времената спогодба, бидејќи ако се надмине таа рамка би било тешко да седојде до решение. Според него излегувањето од таа рамка е грчката црвена линија за опсегот на употреба на името, односно барањето за ергна омнес. „Некои од грчките барања навлегуваат во сферата на индивидуалните човекови права, како што е правото на самоопределување на еден човек, што значи дека можното решение во таков случај би се рефлектирало врз македонскиот национален идентитет“, истакнува тој, потенцирајќи дека ова е најнерационално барање од грчката страна.

Околу горчливото прашање за македонската и грчката црвена линија, Иванов вели дека предлозите за решение треба да доаѓаат од медијаторот Метју Нимиц токму поради двете црвени линии. Иванов очекува од Нимиц да утврди дали постои можност да се поврзат позициите на Македонија и Грција и тоа на начин кој ги штити националните интереси и достоинство.

Едно од најконтроверзните теми поврзани со македонско-грчкиот спор во Грција изминатата година станаа и спомениците од проектот Скопје 2014. Запрашан дали овие споменици помагаат за добра клима меѓу двете држави, Иванов истакнува дека ниту една држава нема право да тврди дека наследството во културата и историјата што се развивало во текот на вековите и припаѓа ексклузивно на таа земја. Придржувајќи се до аргументот дека се работи за заедничкото наследство, претседателот посочува дека минатото треба да ги поврзе, а не да ги раздели државите.

„Бесмислено е да се обидуваме да утврдиме, два милениума по врвот на античката цивилизација, која модерна нација е позаслужна за наследството кое по правило му припаѓа на целиот свет, или дека некоја нација не смее да се повикува на него воопшто. Не можам да разберам зошто би било навредливо за еден модерен грчки граѓанин, ако некој друг исто така, сака да прославува заеднички историски настани? Тоа не прави еден Грк да биде помалку Грк, а јас не разбирам на кој начин ова може да се сфати како непријателски или агресивен чин“, истакнува Иванов, препорачувајќи дека е потребно да се креират заеднички комисии од историчари и академици кои ќе разговараат за историските факти и нивното пресликување во учебниците по историја.

Инаку, последните две интервјуа од македонските политичари беа интервјуто од шефот на дипломатијата, Никола Попоски на денот на Хашката пресуда за грчката телевизија „Скај“ и интервјуто на вицепремиерката за европски прашања, Теута Арифи повторно за „Катимерини“ неколку недели по нејзината посета на Атина оваа зима. Иако и македонските новинари бараат интервјуа од грчката политичка елита, нема позитивен одговор. Единствено поранешната шефица на дипломатијата Дора Бакојани по разделбата со Нова Демократија даде опширно интервју за нашиот весник.

Абе Хорхе кого лажеш себе си или пак нас, Знаеш дека оваа Пресуда нема да ни помине во Самиотот во Чикаго.
Кажано е што треба да се направи за наш прием во Нато.
Ќе го чуе ли Апелов Светската заедница на овој Наш “Маченик“ и ќе не прими ли без Разумниот Компромис.
 
S

Sagan

Гостин
Кај што има сила, нема правда.
Хашката пресуда е игнорирана, парите на народот залудно се поарчени.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Кај што има сила, нема правда.
Хашката пресуда е игнорирана, парите на народот залудно се поарчени.
Грешка, од правно политички аспект, Хашкиот процес и пресудата се едни од ретките случаеви каде што парите на народот не се залудно поарчени...
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Џоле бееееееее :coffee:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
само нека продолжи така државниот врв,исто и меѓународниот фактор кој се дискредитира непочитувајќи ги сопствените правни институции......од мене имаат комплетна поддршка да продолжат со ваквите активности по секоја цена,нека видат народите дека се чисто манипулирани од своите политичари во цела европа
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Хашката пресуда е ОК само проблемот е што нема кој да ја ефектуира нема институцуја кој е надлежна за извршување на неа. На следниот самит на НАТО во Чикаго нема најверојатно Македонија да биде на агендата и за џабе Хаг судел бидејќи сега нема вето нема ништо. Интересно би било ако се изборат Македонија пак да аплицира и да мораат да гласаат е тогаш ќе биде интересно дали Грција ќе може да прави проблеми бидејќи е во директна колизија со Хашката пресуда. Ама не ми се верува Македонија да биде спомната на следниот самит на НАТО.
Како и да е убаво интервју на претседателот.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Според мое мислење со пресудата од Хаг добивме огромен аргумент плус во спорот со Грција. Работата е што во овој вештачки спор влогот е огромен и никој нема да се откаже/согласи на решение заради некој поединечен аргумент. оваа битка, се разбира доколку самите сакаме, ќе потрае уште извесен период а наше е да издржиме. Гледате како работите се менуваат од месец за месец, на пример пред самитот на НАТО Грција не беше во вакви проблеми сега е банкрот, на САД и беше битен еден регион сега друг, Русија стана поголем играч...не викам дека утре ќе станеме битен фактор или од утре некој ќе се заложи за нас, туку викам дека за она што се бориме треба да бидеме истрајни и вреди да се чека. Јас не би го менувал името по ниедна цена. Ако требаше осакатени да влегуваме во некоја организација или да опстојуваме како држава и тоа по наша волја зошто воопшто создававме држава?
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Честитки за ова интервју.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас не знам ова како да ви кажам, ама нит НАТО ќе видиме, нит ништо. Ова се сега празни дипломатски реторики што не значат ништо. Класика е ова, колку да се направи врева, ама покана - НЕМА да добиеме, освен ако се разбира не го “исполниме“ единствениот услов кој остана, пошо се останато направивме како што ни беше наложено.

П.С Темава ја спојувам со општата за НАТО самитот, нема потреба од 100 теми, па таму сите вести постирајте ги.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Јас не знам ова како да ви кажам, ама нит НАТО ќе видиме, нит ништо. Ова се сега празни дипломатски реторики што не значат ништо. Класика е ова, колку да се направи врева, ама покана - НЕМА да добиеме, освен ако се разбира не го “исполниме“ единствениот услов кој остана, пошо се останато направивме како што ни беше наложено.
Ако оваа реторика е празна, тогаш и пресудата на Хаг е празна, тогаш и залагањето на НАТО за „правда и демократија во светот“ е празна.

Ако НАТО е спремна да прерасне во организација што ги крши меѓународните закони и толерира криминал (т.е. непочитување на пресудата од Хаг), нека игнорира. Во тој случај ние ќе треба да се запрашаме што воопшто бараме таму, но да не избрзуваме за сега.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ако оваа реторика е празна, тогаш и пресудата на Хаг е празна, тогаш и залагањето на НАТО за „правда и демократија во светот“ е празна.
Току така.
Во политика, посебно дипломатија, јавната реторика е речиси секогаш празна и безначајна. Битно е она што се случува зад затворени врати. А таму е одлучено дека НЕМА да влеземе. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom