МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Вечер значи да ги глеам накај 23 часот, или кога и да им беше дневникот 3.
Баш сакам да видам како тоа изгледа намонтирано и средено цакум пакум, за екипата која работа, не се ни сомневам дека е професионална, далеку повеќе од Сител/Канал 5 ..
 
И да почнат уште фудбалското првеснтов да го пренесуваат одгодина и не треба друго ништо
 
Треба да направат некоја емисија како Спортски преглед во недела или Телеспорт која одеше во Понеделник :) сега имаат капацитет, а верувам и дека се желни за работа овие појачањава :icon_mrgr:
--- надополнето: 9 април 2012 во 22:43 ---
И да почнат уште фудбалското првеснтов да го пренесуваат одгодина и не треба друго ништо

Треба треба и тоа како, кошарката да ја земат од Аналниве, па да не мора Крсто да го плукам толку многу :icon_mrgr:
 
Изгледа и спартак 2 сезона ја имаат земено.
 
Него со логото ново што направија?
Или ќе останат на ова..
И мене ме интересира што направија со знакот,кога ќе го менуваат.Рекоа и нови студија ќе се прават.Моја претпоставка е дека до мај би требало.
 
Треба да направат некоја емисија како Спортски преглед во недела или Телеспорт која одеше во Понеделник :) сега имаат капацитет, а верувам и дека се желни за работа овие појачањава :icon_mrgr:
E тоа беа времиња, баш пред некој ден се мислев како им се викаше прегледот на колото од 1МФЛ , ме потсети дека беше Телеспорт, Спортска среда исто имаше, без разлика дали таа среда имало ЛШ или не.
Им беше исполнето целосно времето, не даваа никакви репризи.
Сеа треба и некој квиз да направат, барем два пати неделно да се емитува.. колку да има нешто на програмата.
 
и најавната шпица за утакмиците од прва лига... тоа со топката... и интересна музика имаше... и сега ми се врти у глава... :D
 
Браво, за пофалби се. Го проследив дневникот. Имам мали замерки за тоа коцката што се врти, малку е преголема и како во Paint направена и логото внатре е со слаба резолуција. Другото беше супер :)
 
Браво, за пофалби се. Го проследив дневникот. Имам мали замерки за тоа коцката што се врти, малку е преголема и како во Paint направена и логото внатре е со слаба резолуција. Другото беше супер :)
^ Треба подобри дизајнери само да вработат само
 
МТВ во преговори за Формула ;)
Порталот „f1almanah.mk“дознава од упатени извори дека Македонската телевизија преговара да ги обезбеди правата за емитување преноси од светското првенство во Формула 1.

Во текстот кој го објави овој портал стои:

Добивме потврда од лица кои сакаат да останат анонимни дека преговорите се во тек, како и дека е многу веројатно договорот да биде потпишан пред Велигденските празници. Поради временскиот теснец неизвесно е дали реализацијата ќе успее да се случи сега, бидејќи нашите извори стравуваат дека постојат формално правни процедура, па дури и дека е можно да биде потребно одобрување од високи државни инстанци.

Дознаваме дека во моментов спортската редакција наводно нема свој уредник, бидејќи претходниот е во фаза на разрешување. Доколку ситуацијата не се реши до утре, а идната трка во Бахреин може да се откаже, ТВ преносите би се вратиле на малите екрани најрано на 13 мај, кога е закажана трката во Шпанија.

Македонија се соочува прв пат без телевизиски преноси од Формула 1 по осамостојувањето во 1991 година. И порано се случувало некои од менаџерите на јавниот ТВ сервис да ги откажуваат правата за Формула 1, но и откако некои независни приватни куќи ќе се обиделе да го преземат големиот влог, преносите да се вратат на МТВ. Последен ваков случај беше забележан во 2002 година кога тогаш ново-формираната Алфа ТВ успеа да ги обезбеди правата за наводни 70.000 долари, кои потоа никогаш не ги плати, па Ф1 се врати во МТВ за шпекулирани 40.000 долари, но цената во 2003 веќе беше двојно поголема. Според информациите на Ф1 Алманах, собрани пред почетокот на сезоната, ТВ правата за Македонија биле нудени од различни страни, како од домашни, така и од страниски фирми, една од Хрватска и една од Грција. Поранешниот сопственик на ТВ правата во тогашниот кус телефонски разговор само ни посочи дека според неговите информации, цената на ТВ правата за оваа година е поефтина во однос на лани.

Ф1 Алманах самостојно заклучува дека по пропуштените две трки од почетокот на сезоната, како и најавата за откажување на трката во Бахреин, и таа цена што била пониска за оваа година, би требало да забележи дополнителен пад, се наведува во информација на „Ф1 Алманах“
http://makmedium.com/index.php/component/k2/item/397-се-шушка-„мтв“-во-преговори-за-„ф1“-пренос
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom